Илјадници детски насмевки ќе го красат Гази Баба Куп 2017

) Околу 1800 млади од генерациите 2007, 2006, 2005 и 2003 ќе играат фудбал на 28, 29, 30.08.2017 во рамките на „Гази Баба Куп 2017“. Целта на овој фудбалски настан е да се промовираат спортски вредности и да се поттикнат децата од најмала возраст преку забава и дружење да се вклучат во спортот и здравиот начин на живеење.

Во „Гази Баба Куп 2017“ ќе настапуваат  96 екипи од Македонија, Словенија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Србија, Хрватска и Унгарија. За купот веќе се пријавени Вардар, Работнички, Пелистер, Академија Пандев, Црвена Ѕвезда, Ујпеш, Хајдук, Марибор, Лудогорец, Черноморец и многу други. Децата ќе играат на 2 фудбалски терени во Комплекс „Петар Милошевски“ во Аеродром, фудбалскиот терен на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари и на фудбалскиот терен на ФК „Вардар“ во Хиподром.

Целта на организаторите и на сите кои го подржуваат „Гази Баба Куп 2017“ е преку организирање на настани од ваков вид, во иднина да се придонесе до уште поквалитетен развој на спортот.

„Гази Баба Куп 2017“ е во организација на Здружението „Спорт Јуниор“, под покровителство на Општина Гази Баба, во коорганизација со Општински фудбалски сојуз Гази Баба, и е поддржан од Фудбалската Федерација на Македонија, Агенцијата за Млади и Спорт и Амбасадата на Република Словенија во Република Македонија

Секојдневни корисни совети (Видео)

Како да го спречите појавувањето на флеки по облеката од потење, или сте ја накапале омилената бела блуза со црвено вино?

Погледнете ги овие неколку корисни совети со кои ќе ви се олесни животот:

Виц на денот: Матично

Оди млад човек во матично:

– Можe да закажам венчавка за во вторник?

– Можe бе дечко, ама сите бараат во сабота или недела, ти зошто во вторник?

– Е па за да не си го расипам викендот.

Најчитани

Твитови