ГЕНETСКА ТЕРАПИЈА ВО ОРТОПЕДСКАТА ХИРУРГИЈА - Статија на Проф. Д-р Ѓорѓе Зафироски - ортопедски хирург и трауматолог во Неуромедика

Статија на Проф. Д-р Ѓорѓе Зафироски - ортопедски хирург и трауматолог во Неуромедика

Намерата на овој текст е да ги прикаже новините во генската терапија кај болните со мускулоскелетни повреди и  заболувања. Генската терапија има голем потенцијал да го револуционизира лекувањето на разни мускулоскелетни заболувања и повреди. Во минатава деценија повеќе илјади пациенти се вклучени во клинички трајали за генска терапија. Генската терапија постана важна во модерната ортопедско клиничка пракса. Таа дава можност за потенцијална клиничка апликација во лекувањето на пациентите со мускулоскелетна патологија. Генската терапија на почетокот беше дефинирана да ги лекува генетските заболувања со воведување на нормални гени кај пациентот за да ги премостат ефектите од дефектните гени. Кога постои дефектен фибрилин ген кој резултира со Марфанов синдром, тој може да се премости со здрав ген и болеста ќе биде излечена. Првиот тераписки генски трајал почна во 1990 година со обид да се третираат пациенти со силна комбинирана имунодефициенција секундарна на аденозин деаминазна инсуфициенција. Зошто генската терапија е важна во ортопедијата. Важна е кај мускулоскелетните заболувања поради сознанијата на науката за протеините кои се неопходни за управување на процесите на раст, регенерација на ткивата како што се коскено, рскавично, мускулно и лигаментарно. Модерната технологија овозможува продукција на овие протеини (хумани рекомбинантни протеини), меѓутоа животот на овие протеини по инјектирањето или хируршкото вградување во телото е краток. Генскиот трансфер дава алтернативни методи за употреба на овие протеини до специфични ткива. Користење на  рхБМП-2 (рекомбиниран хуман коскено морфоген протеин-2) чија доза може да се зголеми  до милион пати се користи за зараснување на коска и коскени дефекти). Со генска терапија може да се продуцира протеин во зглоб за да се спречи појава на артритис. Во практична употреба генската терапија е вклучена во трајал кај болни со реуматоид артритис. Генската терапија исто така е вклучена при дефекти на зглобната рскавица, повреда на менискуси, мускули, тетиви и лигаменти. Неколкуте познати растечки фактори како што се ЕГФ, ИГФ, ПДГФ  имаат влијание во заздравувањето на овие ткива. Генската терапија се очекува да даде придонес во заболувањата на интервертебралниот диск, спиналната фузија, забавеното зараснување на коските, болестите на мускулите како што се прогресивната мускулна дистрофија, спиналната мускулна  атрофија, амиотрофична латерална склероза, спортските повреди и мускулоскелетните тумори. Мускулоскелетното ткиво е многу подесно за генска терапија.

​​ ​

Во изминатата декада продуцирани се бројни растечки фактори за заздравување на различни ткива од мускулоскелетниот систем. Тоа се специфични протеини кои се користени  со успех во бројни клинички трајали. Генската терапија  е алтернативен метод за синтеза на протеини во таргет ткива кои имаат потенцијал за зголемена синтеза на истите во подолг временски период. Генската терапија е ветувачко тераписко решение за третирање на разни заболувања на мускулоскелетниот систем. Во клиничката пракса генската терапија ќе може да се аплицира кај болни со реуматоид артритис во одредени фази на болеста, кај остеогенезис имперфекта (слаби коски), асептично разлабавување на ендопротези на зглобовите како што се на колкот, коленото, рамото, лакатниот зглоб, зглобовите на шаките и стопалата како и други зглобови. Остеопорозата, обновување на ткивото кај коска, рскавица, мускул, лигаменти, тетиви или нивно побрзо заздравување. Спинална фузија, неуролошки и мускулни заболувања како сто е прогресивната мускулна дистрофија или спиналната мускулна атрофија или амиотрофија латералис. Болестите на интервертебралните дискуси и секако агресивните и малигните мускулоскелетни тумори. Во основа генската терапија е едноставна. Но иако хуманиот геном проект е комплетиран во Април 2003 година, а ортопедската генска терапија беше топик за значајни истражувања во последните две декади сепак постојат практични и научни проблеми. Предклиничките истражувања и податоци се импресивни и многу ортопедски состојби се подесни за генска терапија. До денес постојат само неколку клинички трајали без одобрувања од страна на ФДА за користење на генетските продукти во секојдневната медицинска пракса базирана на податоци. Зошто е тоа така? Причините се мултифакторијални. Клиничката транслација е скапа и тешко да се базира на традиционалните академски патишта. Тоа е поради фактот што на генската терапија се гледа како на  несигурна и ризична таа не е атрактивна за големите фондови од фармацевстската индустрија. Успешна транслација  за да се оствари таа цел бара  блиски интеракции помеѓу  научниците, експертите и клиничарите. Слични проблеми имаше и другото ветувачко поле на биолошката терапија и 20 години по нејзиното формирање. Но, сепак генетската терапија забележува големи клинички успеси. Во последниве години се враќа оптимизмот на ова поле. Ние се надеваме дека ортопедската генска апликација ќе биде корисна и ќе се продолжи со понапредни клинички трајали и практични решенија. Генетската терапија во ортопедијата ќе помогне не само на мал број од ретките генетски заболувања, туку и на милиони луѓе со секојдневните чести заболувања како што се остеоартритис, реуматоид артритис, коскенорскавичното заздравување, повредите на мускулоскелетниот систем и мускулоскелетните тумори. Во новата болница на Неуромедика имаме современи лаборатории, најмодерна опрема и врвен стручен тим со богато искуство спремни сме  најбрзо да ги дијагностицираме и лекуваме сите заболувања и повреди на мускулоскелетниот систем. Ние се надеваме дека до скоро  безнадежните пациенти  со прогресивна мускулна дистрофија и малигни мускулоскелетни тумори кои најчесто во младоста ги губеа своите животи  со генетската терапија ќе бидат спасени не само нивните животи туку ќе останат активни и корисни на општеството и на своите фамилии. Но дотогаш потребна е трпеливост, нови истражувања и време...

Денеска се слави чудотворецот кој се покажувал како војник качен на бел коњ и им помагал на тие во неволја

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 ноември.

Денеска е Св. великомаченик Мина.

Свети Мина беше по род Египјанец, а по професија војник. Подоцна ја напушти службата и се повлече на пусто место, и полека, преку пост и молитва, сé повеќе му се приближуваше на Бога, кој му даде дар да ги гледа работите што се случуваат на далечина. На тој начин, тој го виде незнабожечкото празнување во градот Катуанија, па слезе во градот и го разобличи поклонувањето на идолите. Затоа беше ставен на маки, и најпосле му беше отсечена главата. Свети Мина особено се прослави како застапник пред Бога по напуштањето на земниот живот, слично како свети великомаченици Димитриј и Ѓорѓи.

Свети великомаченик Мина Чудотворец

Како војник качен на бел коњ им помагал на тие што биле во неволја

Именден празнуваат: Мино...

Роден во Мисир, египетскиот војник Мино живеел за време на царот Диоклецијан кога бил вршен прогон на христијаните. Бил офицер во царската војска, но ја напуштил службата и заминал во пустина, зашто подобро се снаоѓал меѓу ѕверовите отколку меѓу луѓето неверници. Еднаш додека паганите прославувале некој свој празник Мино влегол во градот, објавил дека е слуга Христов и ги разобличил идолопоклонството и паганството како најголем мрак и незнаење.

Поради тоа бил изложен на големи мачења, бил тепан, струган со железни четки, а потоа исечен со меч и фрлен во оган за да не можат христијаните да го погребат. Но тие, сепак, спасиле делови од неговото тело и пристојно ги погребале. Подоцна тие биле пренесени во Александрија и биле погребани, а над нив била подигната црква посветена на неговото име.

Свети Мино настрадал околу 304 година. Правел чуда и за време на животот и по смртта. Често им се јавувал на тие што му се обраќале, некогаш како војник качен на коњ, и им помагал на тие што биле во неволја. 

Дневен хороскоп за петок

Овен 

Денешниот ден ќе ви помине во знакот на доброто расположение. Ќе поминете неколку прекрасни часови во прегратката на вашиот партнер, а тоа дополнително ќе ви го разубави денот. Во вечерните часови излезете на кратка прошетка.

Бик

Имате потреба да воведете некои промени во вашиот живот, но сѐ уште не знаете кои ви се приоритетите. Послушајте го вашиот внатрешен глас или совет од некоја личност која добро ве познава, и нема да згрешите. Доколку планирате некое патување, испланирајте ги однапред сите трошоци.

Близнаци

Доколку сте доволно искрени, потребно е да ја преземете одговорноста за вашите постапки. Докажете си на себе и на другите дека можете да ги исполните дадените ветувања. Денес препорачливо ви е да избегнувате премногу напорни или стресни ситуации.

Рак

Понекогаш не е лесно да се оствари некаков договор, па затоа внимавајте кои зборови ги користите во друштво на вашите соработници. По завршувањето на работното време можете да се опуштите со вкусен ручек со вашата сакана личност.

Лав

Имајте на ум дека сите моментални проблеми можат да се решат во присуство на блиска личност, не потпирајте се само на себе. Конечно, желбата за долгоочекуваниот повик од некоја личност ќе ви стане реалност. Можно е да ве покани на кафе. Среќно!

Девица

Ве очекува емоционален повик од некој близок пријател, кој има многу грижи. Излезете му во пресрет и поканете го на ручек, после завршувањето на работното време. Што се однесува на љубовта, бидете внимателни, не верувајте им премногу на додворувачите.

Вага

Прифатете го фактот дека денес едноставно не е ваш ден. Наместо да се преоптоварувате со тоа и да се нервирате затоа што извршувањето на дадените задачи не ви оди од рака, подобро би било да се одморите. Некоја добар филме секогаш решение за стресот. Релаксирајте се!

Скорпија

Престанете да бидете дрски и бидете љубезни со сите. Никогаш не знаете кога некој ќе ви затреба. Вечерва, излезете со пријателите на кои им недостигате во последен период поради вашата презафатеност. Можеби ве очекуваат изненадувања.

Стрелец

Ќе успеете да направите промени во вашиот љубовен живот. Во попладневните часови ќе имате прекрасна средба со вашите пријатели. Дајте шанса на секого да зборува. Избегнете го вклучувањето во расправии и кавги со припадниците на знакот Бик од вашето опкружување.

Јарец

Може да бидете вознемирени поради тоа што имате пропуштено некоја работа со неполно работно време или поради инвестицијата која се има покажана како непрофитабилна. Би можело да се почувствувате дека ништо не се одвива на вашиот посакуван начин и дека секој е против вас.

Водолија

После еден подолг период на разочарување во социјалните и емотивните области на животот, изненадувачки ќе бидете успешни. Оваа изненадна промена ќе ве поттикне да размислувате. Ви се советува да ги искористите овие поволни околности. Бидете внимателни и уверете се дека нема ди ги разочарате пријателите!

Риби

Денеска ве очекува голем престврт на настаните. Некој ваш поранешен партнер повторно ќе ви ги искаже своите чувства. Доколку тоа е она што го сакате, на повидок е една старо-нова романса. Во вечерните часови организирајте собир со пријателите.

Едноставни трикови со кои ќе привлечете пари!

Секогаш ви недостигаат пари? Немојте да се грижите веќе! Со помош на овие мали трикови, ќе дојдат подобри денови за вас.

Паричникот е еден од работите без кои никогаш не излегуваме од дома.Поради тоа во народот е врежано верувањето како дополнително да се подобри „работата“ на паричникот. Дури и ако сте од оние кои не сакаат да го носат, тој сепак може да ви донесе среќа со парите така што во него постојано ќе чувате пари, редовно од него ќе земате, но и враќате пари.

За останатите кои не се делат од паричникот, народното верување советува:Што се однесува до бојата, жените би требало да носат златни или црвено златни паричници, бидејќи црвената е огнена боја, а златната, па таа е боја на златото. Огинот го топи металот, па според тоа вашиот паричник, според овие совети, би требало секогаш да биде полн со пари.Мажите пак би требало да носат кафени паричници со златни детали, поради тоа што земјената боја означува стабилност, па со тоа и таквиот паричник би требало да обезбедува стабилни приходи.

Народното верување исто така налага паричникот секогаш да си го купите сами, како би сте ја избегнале лошата карма која преку него може да ви ја проследи оној кој ви го подарува. Доколку пак сте решиле да прифатите паричник на подарок, во него би требало да има  и некоја банкнота.

Кога сте ги исполниле претходните услови, време е во паричникот да ставите и пари. Многу е важно банкнотите да бидат уредно сложени, како не би ја блокирале енергијата на вашите финансии.

Покрај тоа во партичникот никогаш не носете сметки, било да се платени или не, бидејќи со тоа ќе ја влечете енергијата на плаќање.

Најчитани

Твитови