Песна што не се препорачува да се слуша додека се вози.

Анксиозност – чувство на постојан страв, грижа и паника. Ова не е ништо ново, иако така се верува, бидејќи Хипократ пишувал за анксиозноста уште во 4 век пр.н.е. Исто така и Сорен Киркегард во 1860. А Сигмунд Фројд го посочил нарушувањето во 1926 година. 

Во сегашноста, сепак, бројот на лица што патат од анксиозност е сериозно зголемен, особено кај младите. Фармацевтските производи се и натаму опцијата која се нуди како класичен третман. Когнитивната терапија е исто така чест пристап кон состојбата. Некои се обидуваат да го решат проблемот со медитација, јога, масажи и други техники за релаксирање. Успешно се користи и музичка терапија. Но, сега невролозите во Велика Британија одредиле една песна со која се намалува анксиозноста за дури 65 проценти. 

Експертите сметаат дека оние што се родени во периодот од 1980 до 1990 година се генерации на очај. Напредок на технологијата, преголемо заштитување на родителите и образование базирано на тестови – поради тоа психолозите велат дека тие генерации се оние што го имаат „луксузот“ на преголем избор. Се верува дека оние што имаат помал избор се поотпорни и поистрајни, најмногу поради тоа што можат да го обвинат животот или другите ако донесат погрешна одлука. Но, ако имаат голем број избори, тогаш не можат да обвинат некој друг, освен себеси. Со тоа стануваме опсесивни, бидејќи сакаме постојано да донесуваме правилни одлуки. Во модерно време, донесувањето одлуки може да парализира. Масовноста на информациите и достапноста нè исцрпуваат и потклекнуваме уште пред да се одлучиме. Развојот на технологијата е исто така во голема мера виновен за чувството на анксиозност. Имено, постојаното следење на туѓите активности и објавување на сопствените на социјалните мрежи резултира со чувство на преголема изложеност, напнатост и незадоволство. Преку социјалните медиуми постојано се споредуваме, за речиси сите области во животот, па тоа може да доведе до депресија. 

Истражувачите се обиделе да дознаат преку анализи кој вид музика може да предизвика чувство на смиреност. Откриле дека песната „Weightless“ е вистинскиот избор за лицата што го имаат овој проблем. Тие велат дека песната е толку смирувачка, што не се препорачува да се слуша додека се управува со возило. 

Курс по самоодбрана за жени (Видео)

На жените често им се случува да бидат следени од манијаци. Начесто тие се луѓе кои сакаат да гледаат и дофрлаат одредени коментари. Но, што да направите доколку некој од нив се обиде да ви се доближи?

Еве неколку боречки зафати кои можат да ви помогнат:

Денеска ги славиме Партеније, ЛукаМастридија и илјада и тројцата маченици

Свети Партеније, епископ лампсакијски

Син на некој ѓакон од градот Мелитопол. Уште како дете добро ги помнеше зборовите на Евангелието и се трудеше да ги исполни. Се насели покрај едно езеро каде што ловеше риба, ја продаваше и им делеше на сиромасите. По Божја Промисла го избраа за епископ Лампсакиски. Го очисти градот од незнабоштвото, ги затвори идолопоклоничките храмови, изгради многу цркви и го утврди благочестието. Со молитва лечеше секаква болест, а особено имаше власт над злите духови. Еднаш кога сакаше да изгони зол дух од некој луд човек, злиот дух го молеше да не го изгонува. „Ќе ти дадам друг човек; во него влези и живеј“, му рече Партениј. „Кој е тој човек?“, праша демонот. „Јас сум“, одговори светителот. „Влези и живеј во мене!“ Кога го слушна тоа демонот побегна како од оган викајќи: „Кај можам да влезам во Божјиот дом?!“ Свети Партениј поживеа долго и својата обилна љубов кон Господ и кон луѓето ја покажа на дело. Во вечниот покој на Христос се пресели во 6 век.

Преподобен Лука Еладски

Родум од Касторија. Уште како дете никогаш не сакаше да вкуси месо и сиот живот го минуваше во чистота и молитва. Еднаш појде на нива со семе жито за да сее. Но патем поголемиот дел им го раздаде на сиромасите, а помалиот што му преостана го посеа. Даде Бог и од тоа малку семе се собра поголем род одошто порано кога го сееше целото количество. Потоа Лука побегна од својата мајка вдовица во манастир. Нажалена мајка му Го молеше Бога да ѝ ја објави тајната каде ѝ се наоѓа синот. И Бог ја услиши нејзината молитва. Игуменот на оној манастир три ноќи едно по друго ја сонуваше една жена како остро го напаѓа што ѝ го зеде синот единец. Тогаш игуменот му нареди на Лука веднаш да оди кај мајка му. Лука отиде, се виде со мајка му, но пак си замина, овој пат бесповратно. Живееше во покајание на т.н. Јованова Гора. Ноќе Му се молеше на Бога, а дење работеше во градината и на нивата не заради себеси, туку за сиромасите и посетителите. Се хранеше само со леб од јачмен. Бог му даде дар на чудотоворство. Се упокои мирно во Господ во 946 година. Од неговите мошти одвреме навреме течеше миро.

Преподобна Мастридија

Живееше во Ерусалим во строг подвиг. Еден млад човек се загледа во неа и почна да ѝ здодева. За да се спаси и себеси и тоа момче од грев, Мастридија зеде едно лонче со малку наквасен грав и се оддалечи во пустина. Во пустината помина седумнаесет години и за сето тоа време, со Божјата благодат, не ѝ снема грав ниту ѝ оветве фустанот. Се упокои мирно околу 580 година.

Илјада и тројца маченици во Никомидија

Пострадаа во времето на Диоклецијан.

 

Најчитани

Твитови