Се превртел и излетал од патот - страотна сообраќајка на регионалниот пат Скопје - Катланово

Околу 17 часот вчера на регионалниот пат Скопје-Катланово, 63-годишниот В.Т. од селото Каратманово-Свети Николе, управувајќи патничко моторно возило „Шкода Фелиција“ со штипски регистерски таблици, изгубил контрола и се превртел.

Во незгодата се здобил со тешки телесни повреди и тоа фрактури на десно рамо, ребро и напукнат пршлен, кои биле констатирани во Ургентен Центар-Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Секојдневни корисни совети (Видео)

Како да го спречите појавувањето на флеки по облеката од потење, или сте ја накапале омилената бела блуза со црвено вино?

Погледнете ги овие неколку корисни совети со кои ќе ви се олесни животот:

Виц на денот: Матично

Оди млад човек во матично:

– Можe да закажам венчавка за во вторник?

– Можe бе дечко, ама сите бараат во сабота или недела, ти зошто во вторник?

– Е па за да не си го расипам викендот.

Најчитани

Твитови