Во Русија се евакуирани околу 20 000 луѓе, дојави за бомби на 20 места!

Повеќе од 20.000 луѓе се евакуирани од трговски центри, железнички станици и универзитети во Москва по дојави дека на тие места се поставени бомби.

– Моментно се евакуираат повеќе од 20 места, над 20.000 луѓе се изведени надвор, но точен број се уште не е потврден, наведе извор од итните служби за руски медиуми.

Итните служби соопштија дека се работи за телефонски повици со дојави за бомби и оти кредибилитетот на тие информации мора да се провери. Меѓу загрозените локации се трите најголеми железнички станици во Москва, повеќе од 12 трговски центри и еден универзитет.

Дојавите за бомби веќе четврти ден се присутни во Русија. Досега сите биле лажни и од јавноста е побарано да не се создава паника.

Според безбедносни извори, заканите се упатени од надвор од Русија. Главните руски медиуми малку информации објавуваат за тие настани потенцирајќи дека најверојатно станува збор за „голем хакерски напад“ најверојатно од Украина.

Лажните дојави за бомби почнаа во неделата, а во јавноста беше објавена вест дури синоќа.

Во Челјабинск повеќе од 11.000 луѓе вчера беа евакуирани од 10 згради. Во Перм 5.700 луѓе се евакуирани од школи и јавни згради. Во Ставропол полицијата добила 42 лажни закани за бомби. Погодени се и градовите Краснојарск, Новосибирск и Омск.

Закани за бомби се упатени денеска и во неколку аеродроми низ државата. Во Томск повеќе од 10 училишта беа евакуирани заедно со локални судови, шопинг центри и автобуски станици. Засега нема потврда од властите дека заканите се организирани од Украина.

Навидум изгледа едноставно: Пробајте да го решите тестот за 1 минута!

Мислите дека сте паметни – обидете се да го решите тестот од Харвард направен во 1869 година.

Прoверете ја својата интелигенција и логика! Обидете се да го решите овој тест, па искрено кажете – дали сте доволно паметни за да се запишете на Харвард?

Еден човек купил часовник, синџир и медал за 216 долари. Часовникот и медалот заедно чинат три пати повеќе од синџирот. Синџирот и медалот заедно чинеле половина од часовникот. Која е цената на секој предмет?

Размислете добро, пред да го погледнете видеото на кое е прикажано како да дојдете до решението.

Еве колку чини ескорт - девојка во Македонија!

Ескорт сервис и ескорт - девојките, не се новост ниту во светот па нитуи кај нас. Онлајн сајтовите како што се „Brothels in the world“, „Еscort girls“ и многу други, нудат ескорт придружба во повеќе градови низ Македонија како што се Скопје, Битола, Кичево, Кавадарци.

На овие сајтови има фотографии од девојките на кои вообичаено им е прикриено лицето, детален опис на нивните физички предиспозиции, како и листа на сексуалните услуги кои ги даваат, како и контакт телефони.

Цената се движи од 150 евра за час до 1.000 евра за 12 часа.

Имаат славен бизнис но неславен лик: Сопственици на светски познати брендови кои многу ретко се појавуваат во јавност!

Додека голем број на сопственици на познати компании и брендови уживаат да бидат позиционирани на ниво со славните, голем број од нив не сакаат да се во центарот на вниманието и живеат релативно нормален живот. Овие сопственици на познати брендови - имаат славен бизнис но неславен лик: 

Фил Најт - Nike

Фил Најт, сопственикот на една од најпознатите светски компании за производство на спортска опрема Nike, е човек кој нема да го сретнете по магазините, таблоидите или на телевизија. Тој својата компанија ја основа заедно со неговиот тренер по трчање. Во '60-тите во Америка не постоеле добри патики за трчање, па така Фил и Бил одлучуваат да започнат сопствено производство. Името Nike и познатото лого компанијата ги добива во 1978 година.

Хауард Шултц - Starbucks

На почетокот Starbucks започнува како една продавница која продава зрна кафе и опрема. Во 1987 година Хауард ја купува компанијата претворајќи ја во вистинска продавница за кафе. Инспириран од италијанската атмосфера во кафулињата за еспресо, тој ја претвора Starbucks во една од најпознатите светски продавници за популарниот пијалак.

Амансио Ортега - ZARA

Својот бизнис Амансио го започнува заедно со својата сопруга во '70-тите години. Тој изработува фустани и бањарки најпрво во својата дневна соба. Првиот бутик го отвора во Ла Коруња, Шпанија во 1975 година наречен Зорба. За многу брзо време ZARA започнува да расте, а голем придонес е одлуката да се започне со процесот на брза мода, односно изработка на нови дизајни на секои 2 недели.

Пер и Вини Еневолдсен - Pandora

Во 1982 година фамилијата Еневолдсен отвора мала продавница за накит во Копенхаген продавајќи парчиња увезени од Тајланд. Во 1987 нивната компанија е доста голема и започнуваат да изработуваат сопствени дизајни. Во 2000 година кога нивната позната белегзија стапува на сцена, каде потрошувачите можат директно да учествуваат во дизајнот, Pandora станува една од најпознатите компании за накит, а Еневолдсен едно од најбогатите фамилии во Данска.

Мишел Фереро - Ferrero

Мишел е наследник на фамилијарниот бизнис на производство на чоколаден крем со лешници. Неговата брилијантност, креативност и истражувањето на пазарот се тоа што ја прави неговата компанија успешна. Тој е креаторот на чоколадните Киндер јајца и се разбира популарните слатки Фереро Роше и Рафаело. Но, исто така тој е заслужен за подобрување на рецептот за чоколадниот крем со лешници и неговото популарно име Нутела. Уште еден негов генијален изум се Тик Так бонбончињата.

Рене Лакост - Laсoste

Овој познат бренд е создаден од страна на тениски играч Рене Лакост кој во 1926 година за еден од неговите турнири си шие маица со кратки ракави.Неговиот прекар бил алигатор што потоа станува и лого на компанијата. Во 1933 Рене ја отвора својата компанија за производство на маици за тенис, голф и едрење.

Лери Пејџ и Сергеј Брин - Google 

Google е создаден од двајца студенти на универзитетот Стенфорд во 1998 година кога името google.com е официјално регистрирано. Името е создадено од англискиот збор гоогол што означува број со 100 нули. Денес Google е еден од најкористените онлајн пребарувачи.

Кевин Систром - Instagram

Познатата мрежа Инстаграм е создадена од уште еден студент на Станфорд универзитетот, кој својата љубов кон фотографијата ја преточува во една од најпознатите социјални мрежи на денешницата. Инспириран бил од обичен фотоапарат кој произведува наједноставни фотографии и го креира првиот филтер X-Pro II. 2 години по лансирањето апликацијата ја купува Фејсбук за 1 милијарда долари.

Најчитани

Твитови