ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА-Семејството кое загина во Делчево требало да замине за Австралија

Делчево жали за изгубените млади животи во вчерашната сообраќајна несреќа. Празничниот ден во градот овој 11 Октомври донесе траорна слика со празни локали каде нема или се слуша само класична музика. Сите се потресени од трагедијата која ги однесе животите на 32-годишниот Дејан,27-годишната Емилија и нивниот двегодишен син, објавува ТВ Стар.

Младото семејство Димитровски, имало планови пред себе. Според нивните пријатели, тие планирале засекогаш да се иселат од државата и да ја побараат својата ветена земја, каде ќе имаат услови за квалитетен живот.

-Ги познавав, ова е трагичен ден за цело Делчево. Оваа несреќа се надевам дека ќе ги сплоти сите делчевчани. Како и сите млади и тие се соочија со невработеност, со маките, беа принудени да го бараат патот надвор од Македонија, но за жал ете трагедијата ги спречи во нивните намери, вели жител на Делчево.

-Имам информација дека требало да патуваат денеска или утре за Австралија, причината не ја знам, бев со свеќа така се збореше, вели жителка на Делчево.

Младото семејство Димитровски загина вчера попладне враќајќи се од Скопје на десетина километри пред Делчево магистралниот пат Кочани Делчево во директен судар со камион натоварен со дрва.

Популарниот пејач Џстин Бибер го унакази своето тело - нема веќе стомачни, обожавателките тагуваат (ВИДЕО)

Канадскиот поп-пејач Џастин Бибер, успеа целосно да ги шокира своите фанови на Инстаграм со само една објава.

Имено, тој објавил фотографија од своите тетоважи.

Станува збор за една голема тетоважа, која ги прекрива неговиот стомак и градите.

На неговото тело наѕираат и стари тетоважи, а најдобро може да ги видите преку следното видео:

 

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber) on

Актерката Тања Кочовска без срам го покажа своето тело во костим за капење! (ФОТО)

Добропознатата македонска актерка Тања Кочовска е обожувана меѓу своите колеги и меѓу публиката.

Таа е секогаш расположена за шега,дури и на своја сметка. Како актерка во Театарот за деца и младинци, таа е една од најсаканите ликови кај малите.

Овој пат на својот Фејсбук профил објави фотка во костим за капење каде гордо ја покажа својата фигура, и безсрамно покажа дека килограмите не се важни ако ЖИВОТОТ ТИ Е ПРЕКРАСЕН, како што и самата Тања искоментира под својата фотка.

Позната состојбата на повредените во страшниот инцидент на трките во Скопје

Страшен инцидент ги прекина кружните трки, кои прв пат по пауза од седум години повторно беа организирани во Скопје, повредените во инцидентот беа итно префрлени во болница и што е најдобро се надвор од животна опасност.

Хрватот Бркиќ кој возеше Хонда Сивик изгуби контрола во седмиот круг и притоа буквално го покоси Александар Димушевски, кој инаку е еден од организаторите на трката. Тој итно беше префрлен во болница и според последните информации неговата состојба е добра и тој е надвор од животна опасност.

Поради инцидентот на кој настрада еден од повредените, трките беа прекинати. Овој инцидент остави дамка на трките кои на голема радост на фановите на мото спортот се вратија во Скопје после седум години.

Најчитани

Твитови