ТРЕГАДИЈА-Почина професионален војник на АРМ, по гаснење пожар на Криволак

Професионалниот војник  О.Х. (35) починал синоќа во Здравствениот дом во Неготино, откако претходно со свои колеги учествувал во гаснење пожар на армискиот полигон Криволак, кој избувнал по извршено планско гаѓање од страна на единица на АРМ.

– По завршување на интервенцијата, професионалниот војник најпрвин пријавил дека не се чувствува добро, по што видно му се слошило. Веднаш со армиско болничко возило и придружба на воен лекар бил упатен кон најблиската здравствена установа, во случајот здравствениот дом во Неготино, каде по пристигнувањето од страна на персоналот се пристапило кон реанимација, но по кратко време била констатирана смрт, соопшти Генералштабот на Армијата на Република Македонија.

Случајот и причините за овој несреќен случај во текот на вечерните часови се испитувале од страна на истражен судија кој извршил увид.

По објавувањето на официјалниот извештај за обдукција од Институтот за судска медицина во Скопје, ќе се утврдат причините поради кои настанала смртта кај професионалниот војник за што од Генералштабот на АРМ најавуваат дека дополнително ќе ја информира јавноста.

Популарниот пејач Џстин Бибер го унакази своето тело - нема веќе стомачни, обожавателките тагуваат (ВИДЕО)

Канадскиот поп-пејач Џастин Бибер, успеа целосно да ги шокира своите фанови на Инстаграм со само една објава.

Имено, тој објавил фотографија од своите тетоважи.

Станува збор за една голема тетоважа, која ги прекрива неговиот стомак и градите.

На неговото тело наѕираат и стари тетоважи, а најдобро може да ги видите преку следното видео:

 

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber) on

Актерката Тања Кочовска без срам го покажа своето тело во костим за капење! (ФОТО)

Добропознатата македонска актерка Тања Кочовска е обожувана меѓу своите колеги и меѓу публиката.

Таа е секогаш расположена за шега,дури и на своја сметка. Како актерка во Театарот за деца и младинци, таа е една од најсаканите ликови кај малите.

Овој пат на својот Фејсбук профил објави фотка во костим за капење каде гордо ја покажа својата фигура, и безсрамно покажа дека килограмите не се важни ако ЖИВОТОТ ТИ Е ПРЕКРАСЕН, како што и самата Тања искоментира под својата фотка.

Позната состојбата на повредените во страшниот инцидент на трките во Скопје

Страшен инцидент ги прекина кружните трки, кои прв пат по пауза од седум години повторно беа организирани во Скопје, повредените во инцидентот беа итно префрлени во болница и што е најдобро се надвор од животна опасност.

Хрватот Бркиќ кој возеше Хонда Сивик изгуби контрола во седмиот круг и притоа буквално го покоси Александар Димушевски, кој инаку е еден од организаторите на трката. Тој итно беше префрлен во болница и според последните информации неговата состојба е добра и тој е надвор од животна опасност.

Поради инцидентот на кој настрада еден од повредените, трките беа прекинати. Овој инцидент остави дамка на трките кои на голема радост на фановите на мото спортот се вратија во Скопје после седум години.

Најчитани

Твитови