И ТОШЕ БИ СЕ ГОРДЕЕЛ: Ова МОМЧЕ ја направи најдобрата преработка на „Кад вараш ти“ (ВИДЕО)

Една од најубавите песни на нашата музичка легенда Тоше Проески, „Кад вараш ти“, ја доби најубавата преработка досега и тоа од младиот и талентиран пејач Огнен Здравковски.

За прекрасната преработка, Огнен сними и видеоспот, а песната веќе се врти на скоро сите наши радиостаници.

Огнен вели дека со Тоше и неговите песни од секогаш  бил емотивно приврзан, па затоа сакал да препее и преработи еден од неговите хитови. Ја избрал „Кад вараш ти“ бидејќи била една од трите негови омилени песни од Тоше. 

Погледнете и слушнете:

Популарниот пејач Џстин Бибер го унакази своето тело - нема веќе стомачни, обожавателките тагуваат (ВИДЕО)

Канадскиот поп-пејач Џастин Бибер, успеа целосно да ги шокира своите фанови на Инстаграм со само една објава.

Имено, тој објавил фотографија од своите тетоважи.

Станува збор за една голема тетоважа, која ги прекрива неговиот стомак и градите.

На неговото тело наѕираат и стари тетоважи, а најдобро може да ги видите преку следното видео:

 

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber) on

Актерката Тања Кочовска без срам го покажа своето тело во костим за капење! (ФОТО)

Добропознатата македонска актерка Тања Кочовска е обожувана меѓу своите колеги и меѓу публиката.

Таа е секогаш расположена за шега,дури и на своја сметка. Како актерка во Театарот за деца и младинци, таа е една од најсаканите ликови кај малите.

Овој пат на својот Фејсбук профил објави фотка во костим за капење каде гордо ја покажа својата фигура, и безсрамно покажа дека килограмите не се важни ако ЖИВОТОТ ТИ Е ПРЕКРАСЕН, како што и самата Тања искоментира под својата фотка.

Позната состојбата на повредените во страшниот инцидент на трките во Скопје

Страшен инцидент ги прекина кружните трки, кои прв пат по пауза од седум години повторно беа организирани во Скопје, повредените во инцидентот беа итно префрлени во болница и што е најдобро се надвор од животна опасност.

Хрватот Бркиќ кој возеше Хонда Сивик изгуби контрола во седмиот круг и притоа буквално го покоси Александар Димушевски, кој инаку е еден од организаторите на трката. Тој итно беше префрлен во болница и според последните информации неговата состојба е добра и тој е надвор од животна опасност.

Поради инцидентот на кој настрада еден од повредените, трките беа прекинати. Овој инцидент остави дамка на трките кои на голема радост на фановите на мото спортот се вратија во Скопје после седум години.

Најчитани

Твитови