Познат адвокат убиен во својата канцеларија, политичкиот врв во шок

Познат адвокат од Атина бил застрелан во својата канцеларија, а убиството предизвика шок во градот и во политичките партии.

Михалис Зафиропулос (52) беше син на поранешниот претседател на Адвокатската комора на Атина во 80-тите години и поранешен пратеник на конзервативната партија Нова демократија, Епаминондас Зафиропулос.

Убиениот адвокат во текот на изминатите неколку години застапуваше многубројни обвинети за корупција.

Според информациите на полицијата, Зафиропулос го убиле две непознати лица со качулки на главите, кои влегле во неговата канцеларија и се претставиле како клиенти. Канцеларијата се наоѓа во најексклузивниот кварт во Атина. Полицијата вели дека е прерано да се каже кој е мотивот за убиството.

Премиерот Алексис Ципрас побара од заменик-министерот за полиција, Никос Тоскас, што е можно побргу да го расветли грозоморното убиство. Политичките партии соопштија дека се во шок.

ЕХФ ЕУРО: Ова е еден од најдобрите натпревари на првенството

Каква игра! Со конечен резултат од 25:25 може да се каже дека ова е еден од најдобрите напревари на шампионатот, стои во последната објава на официјалната страна на Фејсбук на ЕХФ ЕУРО. 

 

Драматично до самиот крај: Македонија остана непоразена

Драматично до самиот крај. Македонските ракометари ни приредија натпревар за паметења против европскиот шампион Германија. 

Со резултат од 25-25 Македонија останува единствената непоразена селекција во групата „Ц“ со што останува и на првото место во групата.

Браво момци!

Најчитани

Твитови