Охриѓанец измамил битолчанец: Купил „БМВ“ и не го платил

СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.М.(32) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “измама“, информираат од МВР.

Пријавениот, преку посредување на А.П. од Охрид, на почетокот на јануари 2016 година го довел во заблуда  Е.Б. од Битола и договорил да купи од него возило  „БМВ“ за цена од 28.000 евра и истите да му ги исплати на две рати.

На 13.01.2016 година по претходен договор на мобилен телефон пријавениот дошол во Битола и заедно со Е.Б. се упатиле кај нотар во Битола, кадешто пријавениот со Т.Н. од Битола направиле купопродажен договор. Потоа пријавениот заедно со Е.Б. се упатиле во Станица за технички преглед Битола кадешто ги одјавиле таблиците и пријавениот со возилото си заминал за Охрид, а парите за возилото до денес му ги нема исплатено.

ЕХФ ЕУРО: Ова е еден од најдобрите натпревари на првенството

Каква игра! Со конечен резултат од 25:25 може да се каже дека ова е еден од најдобрите напревари на шампионатот, стои во последната објава на официјалната страна на Фејсбук на ЕХФ ЕУРО. 

 

Драматично до самиот крај: Македонија остана непоразена

Драматично до самиот крај. Македонските ракометари ни приредија натпревар за паметења против европскиот шампион Германија. 

Со резултат од 25-25 Македонија останува единствената непоразена селекција во групата „Ц“ со што останува и на првото место во групата.

Браво момци!

Најчитани

Твитови