Formula 1: Победа за Фетел, маестрално возење на Хамилтон (ВИДЕО)

Себастијан Фетел оствари лесна победа во Интерлагос, со што го прекина постот на Ferrari кога станува збор за победи. Маестралниот Луис Хамилтон, кој стартуваше од боксовите, на крајот успеа да дојде дури до четвртото место.

Себастијан Фетел ја постигна својата петта победа во сезоната на трката возена за Големата награда на Бразил. Германецот веќе на почетокот го презеде водството од недоволно агресивниот Валтери Ботас од Mercedes. Предноста ја одржа до самиот крај на трката, а под притисок беше само за време на одењето во бокс на замена на пневматиците.

Mercedes се одлучи рано да го повика Ботас со цел да се обиде да ја

неутрализира предноста на Германецот. Финецот новите гуми ги доби на крајот од 28-от круг, за да еден круг подоцна истото го направи и Ferrari со Фетел. Сепак Германецот на патеката се врати како прв, задржувајќи ја водечката позиција.

Од друга страна, Хамилтон се пробиваше помеѓу останатите болиди бидејќи стартуваше од боксот, но за негова среќа уште на почетокот од трката на патеката излезе безбедносното возило поради сударите помеѓу Стофел Вандорн, Кевин Магнусен и Даниел Рикиардо и Естебан Окон со Роман Грожан.

Откако водечките заминаа на промена на пневматици, бранителот на титулата со маестрално возење де проби на првото место, за да на супер меки гуми се префрли на 28 круга до крајот. Во тие моменти, само 18 секунди предност го делеа од лидерот на трката и четирите возачи пред него.

Лесна работа беше престигнувањето на Макс Верстапен од Red Bull, за наскоро да се впушти во потера и по Кими Раиконен, кој беше на само пет секунди заостанување во однос на Фетел. Сепак поради прилично изабените гуми, Хамилтон не беше во можност да го стигне Раиконен.

Верстапен при крајот од трката, конечно успеа да го убеди тимот од безбедносни причини да ги промени гумите, што му донесе и рекорд на минување на круг на Интерлагос. Неговиот тимски колега, Австралиецот Даниел Рикардо, исто така беше успешен и покрај казната за старт од 14-то место.

Фелипе Маса на вистински начин се прости од домашната публика, со можеби најдоброто возење оваа година и седмо место за Williams, откако успеа да ги одбие силните напади на Фернандо Алонсо (McLaren Honda) и Серхио Перез (Force India).

Се сеќавате на Бојан Маровиќ? Еве како изгледа денеска (Фото)

Некогашниот миленик на женската публика во целиот регион, денеска има 33 години и изгледа сосема непрепознатливо во споредба со она како сме навикнати да го гледаме. 

Иако тој одреден период беше повлечен од музичката сцена, тој денеска сериозно размислува да и се врати на музиката.

Но, еве како изгледа тој сега

Како до совршени усни? (Видео)

Многу девојки копнеат за совршено нанесен кармин на усните, но обидувајќи се да го создадат тоа совршенство често прават грешки.

Во следново видео ви нудиме неколку трик чекори како да дојдете до совршено нашинкани усни.

Погледнете:

 

Overlining lips by @luisa_simonaa

A post shared by Howto.Makeup (@howto.makeup) on

Мона Лиза од ново време (Видео)

Дали знаете како ќе изгледаше позната „Мона Лиза“ доколку таа беше насликана денеска?

На ова кратко видео ќе ви го оживееме тој момент, погледнете:

 

How cool is the Mona Lisa 2017? 😱 ⠀ by @liza.kondrevich

A post shared by Howto.Makeup (@howto.makeup) on

Најчитани

Твитови