Диско во студентски дом = девојки со фустан и патики, песни од Цеца и пиво в рака

Животот е здодевен без пријатели и забава, тоа е факт, но какви пријатели и кава забава? Е за тоа баш и ќе коментирам, без некого да судам, и реалноста за деведесет отсто за „скопските“ студенти ќе ја претставам.

Ако за пензионерите во Скопје, царски денови за гага превоз во ЈСП се вторник, петок, сабота и недела, за дојдените студенти во Скопје, вторник, среда и четврток се денови за кои живеат. За многу од студентите во Скопје, најважно е да имаат пари в џеб, „брендирана“ облека, дечковци/девојки и секако да се дел од журките во диското на студентскиот дом. Златно правило е пред да заминат во диско да се соберат 10 души во една соба, од 12 квадрати, да се начукаат со вино ( 3 литри за 120 денари). После еден часот по полноќ почнува „лудилото“.

Машките, не се замараат многу со изгледот, ама за девојките што да се каже. Десет пати се пресоблекува, трча од соба во соба да најде штикли кои ќе и одговараат на фустанот и обетки кои ги позајмува од некоја девојка која в ходник ни здраво не и вика. И така, агонијата за спремање во диско трае неколку часа. Веќе „загреана“ од алкохолот трча ко луда в славното, студентско диско. Диско од времето на Тито, налик на лимена кутија во која свири некој бенд. Бенд кој ни самиот не се познава, а не некој друг да го знае.

Накај еден часот по полноќ атмосфера, што да ти кажува. На 5-6 места стојат по 7-8 луѓе и се клацкаат, мислиш се на брот носен од морски бранови. И тука „славниот“ бенд најавува старт на „лудата студентска забава“ со Цеца, топ музика за диско, и тоа не со било која песна туку со студентскиот хит „Да раскинем сњом“.  Сите креваат раце, се дерат и викаат, мислејќи дека совршено пејат. Пот тече по секое чело, вентилација не е потребна, температурата е ко во Сахара, ама нема везе, диско е или што. По пола час откако влегле девојките в диско, по претходно неколку часа правење комбинации на гардероба од соба в соба, почнуваат да излегуваат. За кратко се враќаат со патики на нозете, доста е штикла ги видоа кога влегоа. И така лудилото продолжува. Повеќе се туркаат еден во еден, отколку што се забавуваат. Може да ти улета цура, која ти игра позади грб, да се излапаш, да се из*б*ш со неа, иако следниот ден ни здраво нема да си кажеш кога ќе се сретнеш.

Славното студентско диско ќе приврши накај три часот и секој трча накај својата соба. Влегуваш в соба, а внатре корне на истурено вино и цигари. Типките пак растрчани по соби да вратат што позајмиле за супер изгледот, иако на крај завршиле со фустан и патики.

И да не се само мета на збор девојките, збор два и за момците. Креваат раце, пијат пиво и на секоја голтка си велат: „Ај на здравје“. Се почнуваат муабети „на нивоу“, алкохолот си го прави своето.

Следниот ден, јака и душа на чистачката. Тоалетите на спрат полни со кондоми, повраќанции, флаши од вино ( 3 литри за 120 денари) и се што може да се замисли.

Има многу што да се коментира, ама сега за сега доволно е ...

ВИЦ НА ДЕНОТ! Трпе на операција!

Пред операција анестезиологот го прашува Трпе:

– Сакаш анестезија која е покриена со твоето здравствено осигурување или приватно?

– Дајте ми од таа што е покриена со осигурувањето.

– Договорено. Нани ми нани…

Како беа почетоците на Љупка Митрова од Струмица - Од тогаш до денес е една од најпопуларните блогерки

Со својот префинет моден вкус, професионалните фотографии, провокацијата и одличниот спој на комбинации, младата и атрактивна струмичанка стана една од најпопуларните домашни блогерки.

Сексапилната Љупка е екс сопруга и мајка на две ќерки, кои понекогаш знае да ги вклучи во фотосесиите.

Меѓу многуте вепачтливи и жешки фотографии, на Инстаграм згодната струмичанка објави и таква каде е разголена под тушот со што ја направи екстремно позната на македонската "инстаграм сцена".

Бројот на  нејзините обожаватели и следбеници на Инстаграм дејес веќе достигна бројка над 100 илјади, а не се сомневаме дека цифрата ќе се зголеми многу повеќе.

Сега е уште попозната со тоа што е во врска со Спејко. 

Гледано од машка страна: Девојки еве какви треба да бидете во кревет!

Ако мислите дека не го задоволувате вашиот партнер доволно и дека го правите сексот здодевен, прочитајте ги овие 7 совети кои ќе ве насочат кон тоа што сакаат мажите и ќе ви помогнат да го направите сексот сè освен рутина.

Сексуална фантазија

Ако вашиот партнер ви каже дека нема сексуални фантазии бидете сигурни дека ве лаже. Но пред да му се налутите за лажењето, размислете што би се случило ако ви ги каже своите фантазии?! Дали би ги прифатиле?

Честопати партнерот не ви ги кажува фантазиите бидејќи се плаши од вашата реакција. Ако навистина сакате да ги знаете, бидете подготвени да чуете сè што му паѓа на памет.

Мажите сакаат кога им зборуваме валкано, па затоа за време на односот, прашајте го со секси глас, што сака да ви прави и која е неговата фантазија. Слушнете го одговорот и потрудете се да ја остварите.

Преземете контрола

Не постои ништо посекси од жена која знае точно што сака. Преземањето контрола значи да покажете иницијатива или да му шефувате за време на сексот, додека нему му се врзани рацете, на пример.

Едноставно, турнете го на кревет, врзете му ги рацете над глава и кажете му што сè планирате да му правите.

Пробајте нови секс пози

Кога сме веќе кај преземањето контрола и иницијатива, мажите сакаат кога покажувате интерес за нови секс пози. Пробајте се што ќе ви падне на памет. 69, доги стајл (doggy style), секс на маса, стоечки…

Шефувајте

Кажете му на вашиот партнер што да прави. Не дека тој не знае, но сака да ви го слуша гласот додека имате секс и да се чувствува како да сте лоша учителка која му наредува.

За време на петингот ставете ги неговите раце онаму каде што сакате да бидете допрени и нежно покажете му што сакате да му прави на тоа место. Ако се покаже како добар ученик охрабрете го и пофалете го со секси извици.

Мажите сакаат да ве гледаат

Иако можеби ова ве потсетува на порно видео, мажите уживаат додека ве гледаат додека сами се допирате за време на сексот или предиграта.

Седнете врз неговиот алат и допирајте си ги градите. Во оваа поза партнерот ќе има одличен поглед врз целото ваше тело и начинот на кој се милувате самите.  Исто така можете да се потргнете на страна и да го гледате директно во очи додека сами се задоволувате. Не дозволувајте му да ве бакнува ниту пак допира. Ова ќе го излуди.

Бидете гласни

Не срамете се да врескате додека имате секс. Мажите сакаат да ве слушаат, бидејќи тоа ги мотивира, охрабрува и им го крева егото. Врескањето значи дека уживате за време на сексот, а кога вие уживате вашиот партнер ужива уште повеќе.

Најчитани

Твитови