Ќе останете без здив! Совршена зимска идила уживајте во бајката (ГАЛЕРИЈА)

Доколку сакате новогодишната ноќ да ја поминете романтично, да се возите со кочии и да му ги испратите своите желби на Дедо Мраз, побрзајте во Алпската бајка – Бад Клајнкирхајм.

Се уште не знаете каде да одите за Нова година и не сте ги замислиле новогодишните желби, побрзајте на југот од Австрија. Во долината на Алпите во Бад Клајнкирхајм владее целосно бајковита атмосфера.
Ова сега е едно од најексклузивните скијалишта, но и претходно ова место привлекувало посетители, благодарение на своите термални извори. Прочуено е капалиштето Ромербед од чии отворен загреан базен, посетителите може да уживаат во погледот на патеката за спуштање во оквирот на Светскиот куп, наречена по причуениот Франц Кламер, жива легенда на скијачкиот спорт која се вбројува во најспектакуларните патеки на светот.

Жителите на ова прекрасно планинско место секоја година во чест на божиќните и новогодишни празници, организираат Божиќен саем. Во период на еден месец, колку што трае оваа манифестација, можете да купите разни рачни изработки.

Во нив спаѓаат волниени чорапи и капи со традиционални мотиви, оригинални дрвени фигури, новогодишни украси од разни материјали: керамика, хартија, жица, стакло и многу други.

Во понудата се и домашните ракии направени од разни плодови, како и специјалитетот на овој крај – ликер од шишарки.

Преку ден можете да видите дека хотелите, куќите, викендиците и сите помошни згради на секо домаќинство се богато украсени, одмерено и со стил, без непотребни детали.

Навечер, пак, се` е осветлено и сјае, па изгледа како да сте влегле во некоја новогодишна бајка. На саемот можете да појдете со романтични кочии кои ќе ве прошетаат низ местото, па ќе можете да уживате во целокупната глетка и бајковитоста на ова место.

Она што најмногу ги воодушевува најмладите, но и сите оние кои веруваат во Дедо Мраз, е традиционалното испраќање на желби. Имено, на ова место може да видите голем број на луѓе кои ги потполнуваат своите адреси и му пишуваат новогодишни желби на Дедо Мраз, кои потоа засјајуваат со прскалки закачени за балон и ги пуштаат да летаат кон ѕвездите.

Во сообраќајна несреќа загина поранешна 24 годишна учесничка oд шоуто „Фарма!“

Утрово околу пет часот на местото Тополје кај Иваниќ Град во сообраќајна несреќа загина  поранешната учесничка во реалното шоу „Фарма“.

Станува збор за 24 годишната Едита Птичар која учествуваше на „Фарма“, а информацијата ја потврди и телевизијата каде се емитуваше шоуто.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Edita Ptičar (@pticarica_e) on

Во сообраќајната несреќа автомобилот излетал од патот околу пет часот наутро.

Автомобилот наводно го возела Едита, која загинала на лице место, а заедно со неа било и 26 годишно момче, сопственик на автомобилот. Тој завршил во болница со тешки повреди.

24 годишната Едита помина 11 недели на „Фарма“ и изјавуваше дека за неа тоа било одлично искуство.

На нејзиниот профил на Инстгарам стојат и објави од пред 21 час кога ги објавила чизмичките кои мајката и ги подарила за празниците.

Нова љубовната романса: Милена Чераниќ во врска со овој познат рапер!

Последните неколку месеци Милена Чераниќ го крие својот приватен живот, а сега одлучи да открие дека се во врска со познат рапер.

Љубовниот живот на Милена Чераниќ често беше тема во медиумите, посебно кога беше во врска со нејзиниот колега Немања Стевановиќ, а потоа започна романса со оженетиот кошаркар Владимир Дашиќ.

По бурата околу Владимир, Милена  одредено време не се појавуваше во јавност и не зборуваше за својот приватен живот.

Меѓутоа, сега ја обелодени романсата со својот нов партнер, односно Вук Моб, а на „Инстаграм“ се појави видео на кое парот се бакнува и разменува нежности.

Тест: Колку брзо Ви работи кликерот!?

Една жаба е заглавена на дното од бунар длабок 30 метри. Обидувајќи се да излезе, таа секој ден скока по три метри, но секоја ноќ се лизга надолу по два метри.

Првиот ден таа има 30 метри за поминување, вториот 29 метри, итн. За колку дена жабата ќе излезе од бунарот?

Првичната мисла можеби не е точна…

Најчитани

Твитови