Шок во Скопје: Дарко Станиќ од следната сезона во РК Вардар

Вардар започна со составување на тимот за следната сезона. По серијата официјални заминувања, стигнуваат првите информации за новите лица во таборот на „црвено-црните“, едно од нив е некогашниот голман на Металург, Дарко Станиќ.

– Станиќ ќе биде решението за празното место меѓу диреците по заминувањето на Арпад Штербик, што, од друга страна, значи српски тандем на вардаровиот гол, заедно со Страхиња Милиќ. Неофицијално, Станиќ е веќе договорен на една година, со што добиваат потврда најавите дека пријателските релации меѓу Србинот и сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко, ќе вродат со соработка и конечно ќе се реализираат, пишува „Македонски спорт“.

Како што пишува весникот, Вардар треба да се засили и со десниот бек Дмитри Киселев и левиот бек Дмитри Санталов.

Откриено што ја намалува машкоста за 1 см! Внимавајте ако го практикувате ова

За интимните односи и половите органи речиси и да нема тема која не е разработена и за која не е зборувано. Покрај методите и исхраната која влијае позитивно на големината на машкиот полов орган постои и нешто кое влијае и негативно.

Според студија објавена од „Journal of Sexual Medicine" потврдено е дека дури 20 отсто од машката популација има помал пенис дури и од просечниот, 12,5 цм во ерекција. На нашите простори просечната должина на машкиот полов орган е 14 цм во ерекција.

Она што негативно влијае и доведува до намалување на пенисот е нередовното мастурбирање и немањето сексуални акти.

За виталност и здрав пенис истражувачите велат потребно е барем два пати недлно да имате секс или да мастурбирате, особено ако сте на возраст од 18 до 30 години.

Навидум безначајно, но интересно - Зошто Меган Маркл мора да се поклони пред Кејт Мидлтон?

Иако и двете имаат 36 години и еднакви титули, од Меган се очекува да се поклони пред Кејт.

На поклонувањето со спуштање на глава и потклекнувањето Меган е навикната, бидејќи протоколот наложува дека таа тоа мора да го прави во присуство на членовите на кралското семејство, поготово оние кои се од повисок ранг од неа.

Бидејќи Кејт е омажена за идниот крал на Англија, Вилијам, таа е со повисок ранг од Меган.

Мажот на Меган, Хари е шестиот претендент на престолот во наследниот ред, додека неговиот брат Вилијам е втор, и се наоѓа веднаш за принцот Чарлс, кој би требало да го наследи, пишува британскиот „Експрес“.

Највисокиот женски чин во кралското семејство, кралица - консорт се доделува на жената на кралот кој владее. Таа нема да има политичка моќ, но ќе го дели неговиот општествен ранг и статус.

Иако Меган доби еден од највисоките рангови во кралското семејство, таа ќе мора да се поклонува пред сите членови на семејството кога не е во присуство на Хари, бидејќи не е од кралска крв.

Покрај поклонувањето, од Меган се очекува постојано да носи проѕирни најлонски чорапи. Тоа се очекува од сите дами во кралското семејство.

Многу обложувалници ќе претрпат штета? Лажна дојава за бомба пред финалето во Киев

Пет метро станици, во централното градско подрачје во Киев беа затворени по дојавата за поставена бомба, која подоцна се испостави како лажна.

„Станиците се проверени и отворени за патницит. Експлозивни средства не се пронајдени“, соопшти киевската градска служба која управува со метрото.

Големото финале помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид се игра вечерва од 20:45 часот.

Најчитани

Твитови