"Заљубен сум во мојата соседка Албанка, ќе се сели во Швајцарија следната година" - Писмо од 17 годишниот Мартин

"Учиме заедно од основно школо. Од мали си игравме доктори во маало, па така некако потсвесно се запишавме на медицина и двајцата. Заедно секој ден одиме на школо со автобус од Чаир. Oд грдо пајче, порасна во најубава девојка во цело школо! Најдобра другарка ми БЕШЕ цел живот, се додека не бевме на екскурзија во Италија од школо. Не понесе атмносферата покрај море пролетта... покрај морето го имавме првиот бакнеж. Мене прв воопшто, изгледа и неа. Тешко е да се каже дека беше бакнеж...изгледа и неа и беше прв. По неколку месеци веќе беа бакнежи, но таа не беше веќе другарка. Проблемот за кој бевме свесни е тоа дека сме различни за во нашето глупаво општество. Се криевме. 

Но не е тоа најголем проблем. Иако мојата фамилија попска, нејзината сите политичари... Мојата патриоти, нејзините еснаф луѓе пола гастрабајтери низ светот. Татко и работи во Швајцарија Се криевме за секој поглед за секоја прегратка. Во очите на другите можеби и веќе не бевме другари и школски. Како да бевме скарани, но затоа насамо бевме едно. 

Завршивме школо, време за факултет, јас се спремив за на Медицински факултет и таа. Но, но таа на тој таму на 1000 километри од Чаир. Татко и ја запиша на најдобриот швајцарски факултет, дознал дека е во врска со мене..."

Беспрекорна кожа: Маска за лице од пиво која мора да ја пробате! (Рецепт)

Дали ви се верува дека ако во маската за лице учествува и пиво, тоа ќе даде неверојатно добри резултати за убавиот изглед на вашата кожа?

Потребни намирници:

Две лажици пиво,

Една лажица овесни јатки,

Една жолча од јајце,

Неколку капки масло од гроздови семки.

Начин на приготвување и употреба:

Исипете го пивото во овесните јатки и оставете половина час да набабрат. Во друг сад добро измешајте ги жолчката и маслото и додадете ги во овесните јатки.

Нанесете ја готовата маска на лицето, вратот и деколтето. Оставете да делува 30 минути и на крај измијте го лицето со млака вода.

Се препорачува маската да се прави 2-3 пати седмично во текот на еден месец.

19 годишната Сања од Скопје го воодушеви жирито на шоуто „Ѕвездите на Гранд!“ (ВИДЕО)

Кон средината на септември започна и новата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ со нови правила, со нов член на жирито.

Во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“, настапуваше и 19 годишната Сања Тодоровиќ од Скопје.  По нејзината изведба, доби два гласa од Ана Бекута и Џорџе Давид. Но кога Снежана Ѓуришиќ ја претстави Сања и откри дека е од Макеоднија, жирито беше видно изненадено.

„Ти имаш огромен потенцијал“, истакна Јелена Карлеуша која беше воодушевена што Сања е Македонка, а толку добро отпеа на српски јазик.

Настапот на Сања погледнете го во видеото подолу на 57:07

Нова принова: Се породи сестрата на Кејт - Пипа Мидлтон!

Пипа Мидлтон и нејзиниот сопруг Џејм Метјуз станаа родители на момче, чие име се уште не е објавено.

Пипа се породи во истата болница каде што нејзината сестра Кејт ги роди трите деца. Момчето е тешко 3.628 грама, а извор близок тврди дека се чувстуваат добро. Портпаролот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, изјави дека двајцата се возбудени поради Пипа и нејзиниот сопруг.

Пипа Мидлтон се омажи за менаџерот на хеџ фонд Џејмс Метјуз во 2017 година. Ова е уште една убава вест од Велика Британија, откако пред два дена стана јасно дека принцот Хари и неговата сопруга Меган исто така ќе станат родители следната година на пролет.

Најчитани

Твитови