Престана со работа Поликлиниката Аџибадем Систина во Битола

ТВ Орбис од Битола пренесува: "Аџибадем Систина ја затвори Поликлиниката во Битола. Гледачи на Телевизија Орбис кои се јавиле во кол центарот во Скопје со намера да закажат преглед во Битола, биле известени дека заклучно со крајот на ноември, Поликлиниката веќе не работи. Кога, пак, ние се обративме во Клиничката болница Аџибадем во Скопје за повеќе информации за причините заради кои Систина заминува од Битола по само неколку месеци од отворањето, ни беше речено дека засега нема потврда на информацијата. Доколку има такво нешто, граѓаните ќе бидат известени преку телевизиите.

Од друга страна, интернет порталот емагазин, објави дека приватната здравствена установа – Ординација по интерна медицина „Аџибадем Сиситина“ во Битола престанува со работа, повикувајќи се на Централниот регистар на Република Македонија. “Врз основа на решението на Министерството за здравство приватната здравствена установа – Ординација по интерна медицина „Аџибадем Систина“- Битола се брише од Централниот регистар на Република Македонија, по спроведената постапка согласно со закон”, се вели во објавата на регистарот што емагазин ја пренесе. Според информации на Телевизија Орбис, во објектот на Поликлиниката продолжува со работа Систина Офталмологија, каде граѓаните ќе можат и натаму да вршат прегледи.

Поликлиниката на Аџибадем Систина во Битола беше отворена во февруари годинава. Во модерниот објект кој се простира на површина од 500м2 и е опремен со најсовремена технологија, беше замислено да се нудат здравствени услуги од областа на гинекологијата и акушерството, педијатрија, интерна медицина и кардиологија. Во рамките на Поликлиниката имаше и дневна болница за возрасни и за деца.

Заминувањето на Поликлиниката Аџибадем Систина од Битола е еднакво мистериозно како и нејзиниот сопственик, Орце Камчев кого угледниот магазин Форбс го смести на врвот на листата најбогати Македонци. Со 22,8 милиони евра вредност на компаниите како што се „Кара“, „Орка“, „Стопанска банка Битола“, „Бетон Штип“, Камчев изби на првото место на најбогати Македонци, откако минатата година успеа да го зголеми капиталот за повеќе од три милиони евра во однос на 2015-та. Според истражувањата на Новатв, Камчев фигурира во сопственичката структура на повеќе компании кои беа актуелни во јавноста изминативе неколку години, меѓу кои Орка Холдинг и Ексико, кои пак поседуваат или поседувале акции во градежната компанија, Бетон Штип, Млекарата Здравје Радово, земјоделските комбинати Жито Полог и  Пелагонија. Истражувањата на Новатв открија дека Бетон Штип добила седум тендери кои вредат 55 милиони евра како дел од контроверзниот проект „Скопје 2014“. Земјоделскиот комбинат ЗК Пелагонија, пак, добил 6,5 милиони евра државни субвенции во последните неколку години откако Орка и Ексико станале акционери. Комбинатот отвори и централа за биогас, а набави и неколку илјади грла крави. Во едно од ретките свои телевизиски појавувања последниве години, Камчев во емисијата Патот до успехот порача дека благодарение на ВМРО-ДПМНЕ нема земено ништо, а компаниите ги купил со парите од продажбата на Систина на берза."

извор: http://tvorbis.com.mk/prestana-rabota-poliklinikata-adhibadem-sistina-vo-bitola/

По поразот, уште една тажна вест за навивачите на Хрватска: Тој си заминува

По поразот од Франција во финалето на СП, Иван Ракитиќ е тажен, но и горд.

-Тажни сме. Бевме блиску до златото. Дождот што врнеше е како небото да плаче. Целиот свет денеска навиваше за Хрватска. Денеска имаше 100 милиони Хрвати. Сите се вљубија во нас. На тоа треба да бидеме горди. Ѝ честитаме на Франција за златото и едвај чекаме да си дојдеме дома, во Загреб.

-Бевме подобри. Се до третиот гол бевме многу подобра екипа. Ни дадоа четири гола од три шута. Штета, ама тоа е фудбал.

Пред почетокот на СП, Ракитиќ најави дека ќе се повлече од репрезентацијата.

Фотографијата што ја објави на Инстаграм по натпреварот отвора сомнеж дека навистина овој натпревар е последен за Ракитиќ во репрезентативниот дрес.

„За Лука, мојот брат. Ми беше најголема чест да го делам сево ова време со тебе. Те сака Ракета“, пишува Ракитиќ на посветата на дресот што му го подарил на Модриќ.

Посветата на Модриќ, која го содржи истиот текст, е во сегашно време, а таа на Ракета во минато, забележуваат хрватските медиуми.

Од 2007 до денес Ракитиќ одиграл 88 напревари за Хрватска и постигнал 13 гола.

Љубовен триаголник ги раздели Ирена и Орце - Пејачката со друг музичар (фото)

Фолк пејачката Ирена Спасовска и нејзиниот долгогодишен партнер, новинарот Орце Гелевски се разделија.

По 13 годишна врска во која невенчано живееја заедно, Орце пред десетина дена се иселил од нејзиниот стан, пишува порталот „7 дена“.

Според извори на порталот, причина за разделбата е тоа што Ирена имала друго момче, музичарот Амети Мухамедали- Мухи.

Дека е крај на врската потврдил и Гелевски.

-Да точно е дека се разделивме. За причините прашајте ја неа. Јас  нема што друго да кажам.  Мајка ми има проблем со здравјето и со неа деновиве сум по болници, вели Орце.

Пејачката негирала дека има друго момче.

-Да имавме некои одредени проблеми и затоа сметавме дека најдобро решение е разделбата. Немам друго момче, вели таа.

Пејчот Мухамедали за порталот рекол дека нема што да изјави.

„Јавна тајна е врската меѓу Ирена и Мухи. Цела естрада тоа го знае“, велат нивни колеги. Според нив Ирена и музичарот  веќе три години биле во врска и дека станува збор за голема љубов. Тоа ним им го раскажал и Мухи,  со уште многу детали од нивната врска. Тој живеел во странство, но од љубов кон  Ирена се вратил во Македонија и сега на свирките настапуваат заедно, пишува порталот „7 дена“

Целосен извештај: Владата потроши 180.000 евра за прославата за поканата од НАТО

Владата потроши вкупно 179.500 евра за прославата што се одржа во саботата во 15 града низ Македонија за поканата за членство во НАТО.

„Организацијата на целиот настан, обезбедувањето на соодветна техника, озвучување, осветлување, бини, редари, технички персонал, сценска опрема, ангажман на 40-тина изведувачи коишто настапија во 15 градови ширум Македонија, транспорт на опрема и технички персонал, промоција на настаните, графички и визуелни решенија и активности за промоција, а се вкупно со сите ставки чини 11 900 евра по град или вкупно 179 500 евра за прославата ‘Одиме напред – Македонија во НАТО и ЕУ’ во сите градови. Владата ангажираше исклучиво домашни изведувачи со кои беа склучени авторски договори за уметнички трудови, односно за музичко-сценски изведби, а изборот на градови беше определен согласно со рамномерна географска застапеност“, информира Владата.

Од таму велат дека трошоците за организацијата на настаните се скромни, по нормални пазарни цени. „За промоцијата на настаните не се потрошени средства за реклами во медиумите, ниту, пак, се потрошени какви било средства за организиран превоз на публика од едни во други градови“, велат од Владата.

Во продолжение интегрално го пренесуваме извештајот за потрошени средства:

Вкупната сума за реализација на настаните, разложена по ставки опфаќа:

1. Ангажман на 40-тина домашни изведувачи утврден со засебни авторски договори со секој од нив и вкупно за сите, во сите 15 градови и настапи на домашните изведувачи чини 75 500 евра.

Во секој договор е наведено дека ангажманот е за „прослава по повод поканата за Македонија за членство во НАТО“ со наслов „Одиме напред – Македонија во НАТО и ЕУ”. Трошоците за неколкуте изведувачи кои го откажаа ангажманот не се вклучени во пресметката и нема да се реализираат, а административната процедура со нив ќе се заврши по пат на спогодба.

2. Сценската опрема, бините, системите за озвучување и осветлување за 15 настани се реализирани од страна на компанија со којашто Владата на Република Македонија има склучено договор, врз основа на тендер и спроведена јавна набавка, којашто тековно врши услуги за изнајмување и ракување со опрема за аудио и видеоподдршка на настани во надворешен простор за потребите на државните институции.

Вкупната сума за сите трошоци за сцени и сценска опрема, за сите 15 места низ градовите, односно за сите 15 настани, чини 49 000 евра или околу 3 200 евра по град.

3. Сите други потреби и услуги за организација на настаните, што подразбира обезбедување на соодветна логистика, 150 редари, технички персонал, заштитни огради, 15 шатори, 15 гитарски засилувачи на звук и клавијатури, транспорт на опрема и технички персонал, чини вкупно, за сите 15 настани во градовите 35 000 евра или околу 2 300 евра по град.

За оваа ставка, преку соодветни законски постапки се спроведе тендер со три понуди за избор на најповолен понудувач, по што преку критериум најниска цена, избрана е компанија која ги реализираше услугите за организација на настаните.

4. Ангажман на лица за авторски труд за креативен концепт и реализација на промотивна кампања на социјални мрежи, графички решенија, видеопродукција, визуелизации на бините и постпродукција со вкупен износ од 20 000 евра или околу 1 300 евра по град.

Прославата ја поддржаа и локалните самоуправи, со организациска и логистичка помош.

Пренос на МРТВ не се реализираше бидејќи авторските договори со изведувачите не вклучуваа регулирање на авторски права за пренос во живо на национални телевизии и со цел да не се издвојува посебно ниту еден од 15 настани и 40 изведувачи ширум државата.

Најчитани

Твитови