Нема дилеми, ова се знаците дека тој е заљубен во вас

Не сте сигурни дека тој чувствува нешто за вас или пак тој има проблем со искажување на чувствата? Не очајувајте, ова се знаците кои ќе ви покажат дека вие му значите:

Внимателно ве слуша дури и доколку половина час драматично му ја објаснувате караницата со колешка од работа

Очите му светат кога тој ве гледа. Неговиот поглед ја открива неговата состојба и расположение.

Разговорите на типично женските теми за мажите се крајно здодевни. Ако вие забележувате дека тој го чул она што сте го кажале на претходниот состанок и го запомнил, ова е повторно доказ дека тој има интерес за вас.

Често го сретнувате на местата каде што одите. Тој точно знае каде сакате да излезете и намерно доаѓа на „вашето“ место за да ве гледа.

Тој внимателно ве слуша и никогаш не ве прекинува.

Има доза на грижа кога сте околу него. Забрзаното дишење и честиот поглед на страна укажуваат на тоа дека тој е позитивно вознемирен кога е до вас. И тоа е јасен знак дека му се допаѓате.

Му се допаѓаат вашите шеги и секогаш се смее на нив, бидејќи ги наоѓа за доста забавни.

Вљубениот маж ќе ги сподели со вас неговите емоции и тоа што го чувствува иако сите знаеме дека тоа кај мажите е многу ретко и речиси невозможно.

Ве држи блиску до себе. Близината е најголем доказ дека тој е заинтересиран за вас.

Пуканките се одлични за срцето

Многумина не знаат дека пуканките се житарки со полно зрно кои го намалуваат ризикот од срцев удар и рак, а само 30 грама од нив се исто толку добри како и дневна порција од интегрален ориз и интегрални тестенини, вели Кетрин Колинс, нутриционист во лондонската болница „Сент Џорџ“.

Пуканките освен што се добра занимација во кино, тие се одлични и за крвните садови, варење на храната и превенција од рак.

Пуканките содржат и трипати повеќе влакна отколку истото количество сончогледови семки, поради што не се чувствува глад. Освен тоа, го регулираат и нивото на шеќерот во крвта, го намалуваат лошиот холестерол ЛДЛ, а содржат и доза на витамин Б.

Истражувањето покажува дека вистинската здравствена придобивка од пуканките се крие во „изненадувачки големото“ количество на антиоксидантот полифенол кој ги уништува слободните радикали – штетни хемикали кои предизвикуваат болести како рак и срцеви проблеми.

Ана Кокиќ открива што им забранува на ќерките

Пејачката Ана Кокиќ, како и голем број на родители на малолетни деца има проблеми кога е во прашање изложеноста на децата на телевизиските содржини кои не се соодветни. Таа се обидува да ги заштити своите две ќерки Теа и Нина од програми во кои има несоодветни содржини, каде доминираат псовки, но и насилство.

„Моите ќерки се мали дури и за реклами, а не за ријалити програми. Тие имаат ограничено време кога е во прашање гледањето на телевизиски програми и тоа е се под мој надзор. Нина и Теа смеат да гледаат само цртани и едукативни програми. Нема потреба во тие години да се гледаат нешто друго“, вели Ана.

Најчитани

Твитови