Погледнете ги подземните градови на Тито вредни 90 милјарди долари!

Поранешната Југословенска држава во времето на Тито изградила 26 објекти под земја, кои се проценуваат на околу 90 милјарди долари. Тоа е неколку пати поголема сума отколку државниот долг кој СФРЈ го имала во 1983 година кога “падна” во банкрот.

На сето ова можеме да ги додадеме и безбројните резиденции, вили и трошоците за персоналот кој ги одржувал, како и возниот парк на Тито кој броел 8 Мерцедес Пулман од вкупно 420 произведени, прватен остров, сопствен брод и други трошоци. 

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ: КОЛКАВ ТРЕБА ДА ВИ БИДЕ КРВНИОТ ПРИТИСОК СПОРЕД ВОЗРАСТА И ПОЛОТ?

Еден од овие “подземни градови” е познат под името АРК и е со големина од 6500 квадратни метри, од прилика колку еден голф терен. АРК се наоѓа во голема длабочина на територијата на Босна и Херцеговина.

Но АРК не е ниту најголем ниту најскап подземен објект на Тито. На Дедиње постоел подземен командитен центар наречен “Караш”, вистински подземен град за долготрајно престојување на триесет луѓе, опремен со најмодерни средства за комуникација и автономно одржување на животот во внатрешноста на центарот. На подрачјето на Соче, се наоѓа еден од најголемите подземни објекти изградени во тоа време.

Целта на тој подземен објект била да служи како фабрика за оружје каде што би работеле околу 800 луѓе, но тоа никогаш не се остварило. Најголемиот подземен бункер на Тито е оној на Вис. Целиот Вис е избушен и претставува мрежа на подземни простории.

Целта на овој бункер била, заштита на Тито во случај на напад на НАТО или Варшавскиот пакт. Затоа и на туристите им било забранувано да одат на Вис се до 1992 година. Се работи за 37 објекти кои се вклучени во овој бункер вклучуваќи ја и подземната воена болница.

Главниот тунел бил долг околу 500 метри и излегувал на другата страна од планината. Некои од овие “градови” се сеуште активни.

Нема дилеми, ова се знаците дека тој е заљубен во вас

Не сте сигурни дека тој чувствува нешто за вас или пак тој има проблем со искажување на чувствата? Не очајувајте, ова се знаците кои ќе ви покажат дека вие му значите:

Внимателно ве слуша дури и доколку половина час драматично му ја објаснувате караницата со колешка од работа

Очите му светат кога тој ве гледа. Неговиот поглед ја открива неговата состојба и расположение.

Разговорите на типично женските теми за мажите се крајно здодевни. Ако вие забележувате дека тој го чул она што сте го кажале на претходниот состанок и го запомнил, ова е повторно доказ дека тој има интерес за вас.

Често го сретнувате на местата каде што одите. Тој точно знае каде сакате да излезете и намерно доаѓа на „вашето“ место за да ве гледа.

Тој внимателно ве слуша и никогаш не ве прекинува.

Има доза на грижа кога сте околу него. Забрзаното дишење и честиот поглед на страна укажуваат на тоа дека тој е позитивно вознемирен кога е до вас. И тоа е јасен знак дека му се допаѓате.

Му се допаѓаат вашите шеги и секогаш се смее на нив, бидејќи ги наоѓа за доста забавни.

Вљубениот маж ќе ги сподели со вас неговите емоции и тоа што го чувствува иако сите знаеме дека тоа кај мажите е многу ретко и речиси невозможно.

Ве држи блиску до себе. Близината е најголем доказ дека тој е заинтересиран за вас.

Пуканките се одлични за срцето

Многумина не знаат дека пуканките се житарки со полно зрно кои го намалуваат ризикот од срцев удар и рак, а само 30 грама од нив се исто толку добри како и дневна порција од интегрален ориз и интегрални тестенини, вели Кетрин Колинс, нутриционист во лондонската болница „Сент Џорџ“.

Пуканките освен што се добра занимација во кино, тие се одлични и за крвните садови, варење на храната и превенција од рак.

Пуканките содржат и трипати повеќе влакна отколку истото количество сончогледови семки, поради што не се чувствува глад. Освен тоа, го регулираат и нивото на шеќерот во крвта, го намалуваат лошиот холестерол ЛДЛ, а содржат и доза на витамин Б.

Истражувањето покажува дека вистинската здравствена придобивка од пуканките се крие во „изненадувачки големото“ количество на антиоксидантот полифенол кој ги уништува слободните радикали – штетни хемикали кои предизвикуваат болести како рак и срцеви проблеми.

Ана Кокиќ открива што им забранува на ќерките

Пејачката Ана Кокиќ, како и голем број на родители на малолетни деца има проблеми кога е во прашање изложеноста на децата на телевизиските содржини кои не се соодветни. Таа се обидува да ги заштити своите две ќерки Теа и Нина од програми во кои има несоодветни содржини, каде доминираат псовки, но и насилство.

„Моите ќерки се мали дури и за реклами, а не за ријалити програми. Тие имаат ограничено време кога е во прашање гледањето на телевизиски програми и тоа е се под мој надзор. Нина и Теа смеат да гледаат само цртани и едукативни програми. Нема потреба во тие години да се гледаат нешто друго“, вели Ана.

Најчитани

Твитови