УЖАС ВО МРТОВЕЧНИЦА: Млад човек виде нешто што му го „скрати животот“! (Фото)

Мате Р. (20) е просечен млад човек кој студира и работи, како и многу негови врсници. Но, тој има необичен интерес - тој е човекот од мртовечница кој ги припрема телата за погреб во клиника во Загреб. Оваа работа, која многумина не можат да ја направат, ја опишува како работа како и сите други. Само  да не е тој едене кој му "го скратил животот" ...

Имено, за време на една ноќна смена, во мртовечницата на клиниката бил донесен директно од операционата сала. Тоа беше 80-годишна баба која имаше инфаркт, а лекарите се обидоа да ја оперираат, но нејзиното срце престанало да чука и по прокотоколот кој следи била прогласена за мртва.

"Ние не знаеме многу за пациентите чии тела се транспортираат до нас и кои ги подготвуваме за погреб, само имиња и години, и тоа е сè. Кога ја правите оваа работа, бидете сигурни дека не смеете да се задлабочувате во тоа која е личноста која е почината, бидејќи тоа е основната работа што треба да ја научите за да можете да го направите она што го правам ја, рече овој млад човек.

"Го зедов лешот на таа жена и отидов да подготвам туш за миење и ракавици кога ми се чинеше дека нозете стоеја одделно една од другата а беа споени кога телото беше донесено. Мислев дека погрешно сум видел, но следниот миг ги видов прстите на нозе кои се мрдаа. Во шокот го извадив поклопецот на подвижниот кревет и ме погледна со очите, рече Мате, со стравот што го чувствуваше.

- Мислам дека тоа беше најстрашниот момент во мојот живот. Ги гледате сите оние хорор филмови, но не сте подготвени за вакво нешто. Мислам дека бев онесвестен, бидејќи кога дојдов при себе во собата веќе беа другите техничари, а старата жена веќе беше вратена на реанимација - се сеќава Мате.

Се покажа дека старата госпоѓа имала мал срцев застој за време на операцијата, но дека всушност била во длабока кома од која се разбудила после 10 часа во мртовечницата.

Ситуации каде Кардашијан-Џенер си „краделе“ облека една од друга и копирале изглед!

Оние кои имаат сестра, знаат како е постојано да си менуваат, позајмуваат, а понекогаш и крадат облека, па дури истото некогаш се случува и помеѓу мајка и ќерка.

На оваа навика не се имуни ниту славните личности, кои можат да имаат што ќе посакаат, но сепак некогаш одлучуваат да го ископираат изгледот на мајката/ќерката/сестрата.

Можеби не сте забележале, но девојките од Кардашијан-Џенер семејството често го прават тоа и се појавуваат во ист аутфит, со мала промена во стајлингот.

Па така, мама Крис често знае да облече некое парче облека од богатиот гардеробер на ќерките, а и сестрите често си менувале облека и копирале меѓусебни стајлинзи низ годините.

Што се пребарувало најмногу на Google во 2018 година?

2018 година е пред крајот, но ќе остане во сеќавањата како многу интересна и турбулентна година за интернет заедницата.

Он-лајн просторот одамна е огледало на човештвото и настаните кои очигледно ја брануваат планетата. Ова ни овозможува кон крајот на секоја година да направиме аматерски психолошки профил на човечкиот род, според она што најмногу го пребарувал во годината која изминува.

Во топ 10 пребарувањата доминираат славните лица кои го изгубија својот живот во 2018 год.

Можеби и ќе претпоставите што најмногу се пребарувало на Google во текот на 2018 година, но еве ја и официјалната потврда:

 1. Светското првенство во фудбал

 2. Авичи

 3. Мек Милер

 4. Стен Ли

 5. Black Panther

 6. Меган Маркл

 7. Ентони Бордејн

 8. XXXTentacion

 9. Стивен Хокинг

10. Кејт Спејд

Зошто за време на славата се пали свеќа?

Свеќата е неопходен дел од ритуалите кои православните христијани ги спроведуваат за време на семејните слави.

Православните христијани кога имаат домашна слава, тие всушност го слават светецот заштитник на нивниот дом. Тогаш целото семејство се собира околу поставената маса, се споделуваат љубовта, слогата и мирот. По желба, се канат и гости.

Се верува дека славската свеќа е дар на семејството кон Бога. Таа претставува светлина на вербата и се пали при сечењето на славската погача. Според традиционалните верувања, молитвата и славската свеќа привлекуваат добра енергија и ја чистат душата од негативни елементи.

Многумина оставаат свеќата да гори во текот на целиот ден на славата, а остатокот од нејзе се пали за другите верски празници кои семејството ги слави. Може да се остави и под домашниот иконостас да догори.

Свеќите се неизоставна декорација за време на верските празници, а често се поврзуваат и со релаксирачки и медитативни својства, кои ги чувствуваат оние кои веруваат дека пламенот е светлина кон Бог и неговиот пат.

Најчитани

Твитови