Кајли Џенер го крие раѓањето на своето прво дете! Но нејзината сестра Клои е горда на своето стомаче и јавно го покажа (Фото)

Бремената Кајли Јенер го крие стомакот, после нејзинот пораѓај со феноменален корсет кој и дава силуета на песочен часовник и ја доведува до совршеност, со што на тој начин таа ја отфрла можноста да шпекулираат дека таа била бремена и веќе се породила.

Но очигледно будните фанови кој ја следат секојдневно не се толку наивни и веќе го констатираа тоа што она вешто го криеше!

Фановите силно шпекулираа дека таа го родила своето прво дете откако го забележале нејзиното отсуство од Божиќната картичка на семејството Кардашијан.

И додавајќи „бензин во огнот“, 20-годишната Кајли Џенер, сега ја покажа својата песочна фигура во новата кампања заедно со нејзината сестра на супермоделот Кендал (22), за нивната најнова колекција на обувки со „Forever Unique“.

Еве како изгледа моментално Кајли Џенер! Дел од фото сесијата за нивната нова колекција!

Во споредба со Кајли Џенер, Клои Кардашијан нејзината постара сестра е неверојатно горда и среќна за нејзината бременост, па за разлика од својата 20 годишна сестра Клои гордо го покажа трудничкото стомаче! 

Ситуации каде Кардашијан-Џенер си „краделе“ облека една од друга и копирале изглед!

Оние кои имаат сестра, знаат како е постојано да си менуваат, позајмуваат, а понекогаш и крадат облека, па дури истото некогаш се случува и помеѓу мајка и ќерка.

На оваа навика не се имуни ниту славните личности, кои можат да имаат што ќе посакаат, но сепак некогаш одлучуваат да го ископираат изгледот на мајката/ќерката/сестрата.

Можеби не сте забележале, но девојките од Кардашијан-Џенер семејството често го прават тоа и се појавуваат во ист аутфит, со мала промена во стајлингот.

Па така, мама Крис често знае да облече некое парче облека од богатиот гардеробер на ќерките, а и сестрите често си менувале облека и копирале меѓусебни стајлинзи низ годините.

Што се пребарувало најмногу на Google во 2018 година?

2018 година е пред крајот, но ќе остане во сеќавањата како многу интересна и турбулентна година за интернет заедницата.

Он-лајн просторот одамна е огледало на човештвото и настаните кои очигледно ја брануваат планетата. Ова ни овозможува кон крајот на секоја година да направиме аматерски психолошки профил на човечкиот род, според она што најмногу го пребарувал во годината која изминува.

Во топ 10 пребарувањата доминираат славните лица кои го изгубија својот живот во 2018 год.

Можеби и ќе претпоставите што најмногу се пребарувало на Google во текот на 2018 година, но еве ја и официјалната потврда:

 1. Светското првенство во фудбал

 2. Авичи

 3. Мек Милер

 4. Стен Ли

 5. Black Panther

 6. Меган Маркл

 7. Ентони Бордејн

 8. XXXTentacion

 9. Стивен Хокинг

10. Кејт Спејд

Зошто за време на славата се пали свеќа?

Свеќата е неопходен дел од ритуалите кои православните христијани ги спроведуваат за време на семејните слави.

Православните христијани кога имаат домашна слава, тие всушност го слават светецот заштитник на нивниот дом. Тогаш целото семејство се собира околу поставената маса, се споделуваат љубовта, слогата и мирот. По желба, се канат и гости.

Се верува дека славската свеќа е дар на семејството кон Бога. Таа претставува светлина на вербата и се пали при сечењето на славската погача. Според традиционалните верувања, молитвата и славската свеќа привлекуваат добра енергија и ја чистат душата од негативни елементи.

Многумина оставаат свеќата да гори во текот на целиот ден на славата, а остатокот од нејзе се пали за другите верски празници кои семејството ги слави. Може да се остави и под домашниот иконостас да догори.

Свеќите се неизоставна декорација за време на верските празници, а често се поврзуваат и со релаксирачки и медитативни својства, кои ги чувствуваат оние кои веруваат дека пламенот е светлина кон Бог и неговиот пат.

Најчитани

Твитови