Дневен хороскоп (11.01.2018) Четврток

Овен (21.03 – 20.04)

Подготвени сте максимално да се ангажирате во некои активности кои би можеле да значат често отсуство од местото во кое живеете. Не сакате премногу да се оптеретувате со она што за вас се зборува, важно ви е на најлесен и најпрактичен начин да ја решите дилемата со инвестирањето на пари или отплата на некој долг. Подготвени сте да прифатите совети од некој Бик или Рак.

Бик (21.04 – 21.05)

Многу ви е важно што за вас мисли некој Рак или некој Бик. Со некој Јарец тактизирате, не сакате сеуште да ја испуштите приликата која се однесува на можно напредување, иако, ако долг период сте незадоволни, подготвени сте да направите голем пресврт во работата. Добрите односи со лицата кои се присутни во јавноста ви значат многу, особено ако се работи за оние кои се обидуваат да ве наговорат на некој заеднички бизнис.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Свесни сте колку е важно тоа што луѓето околу вас го мислат но многу поважно ви е вие да бидете задоволни самите со себе. Малкумина ве разбираат и малкумина се подготвени да го направат она што вие го очекувате, особено ако сте млади и недоволно афирмирани. Трудете се да оставите што е можно подобар впечаток кај некој Бик, Јарец или Шкорпија. Месечината во вашиот знак ве прави подготвени да ги претставите вашите идеи на некој за кого не сте сигурни што ќе ви предложи или дека вашите идеи ќе му се допаднат.

Рак (22.06 – 22.07)

Вашата финансиска ситуација веќе подолго време е лоша, но тоа не значи дека треба да паѓате во депресија. Вашиот претпоставен ќе почне некој нов проект, кој ќе бара и ваше приспособување. Она што треба да се случи – ќе се случи без разлика на се .Затоа не избрзувајте. Денешниот ден ќе ви донесе нешто убаво што е поврзано со семејството, а можете да се надевате и на помала парична добивка. Доколку партнерот бил на пат, средбата нема да помине според очекувањата.

Лав (23.07 – 22.08)

Се чувствувате добро во поголемо друштво каде вниманието е насочено кон вас и постојано се трудите некого да фасцинирате. Имате многу идеи во врска со работата со младите лица но не сте сигурни дали ќе бидат прифатени на прав начин од вашите колеги. Деловниот партнер може денес како најважен момент во вашата соработка да ја истакне потребата за јасно дефинирање на финансиските односи. Подготвени сте да преминете преку нешто што не ви одговара со цел да продолжи соработката.

Девица (23.08 – 22.09)

Не треба да ги потценувате своите работни способности, но немојте ниту да се преценувате. Одработете си ги своите работни обврски зашто наскоро би можеле да се најдете во голем хаос. Потрудете се да ги контролирате мааните. Пред вас има доволно поволни моменти. Не ја пропуштајте секоја шанса која ви е понудена. Поминете повеќе време со блиските.

Вага (23.09 – 22.10)

Колку повеќе личности запознавате, толку посреќни ќе се чувствувате. Па затоа, започнете да разговарате со колегите или познаниците со кои досега не сте си разменувале повеќе од еден обичен поздрав. Напорите кои ќе ги вложувате за проширување на друштвената мрежа, еден ден ќе ви се исплатат. Вие знаете да најдете сила да продолжите тогаш кога сите други би се откажале. Токму таа способност ќе ве истакне пред другите.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Стравувате дека некој може да ви направи лоша реклама и за вас да каже невистини или можеби без лоша намера за вас да каже нешто што вие сте му го кажале со доверба. Финансиската ситуација не ве загрижува посебно, имате на кого да се потпрете и доволно планови кои во брзо време би можеле да се реализираат. Очекувате поддршка од влијателни лица, но освен еден Јарец, една Вага и Бик вие немате многу добри пријатели на кои можете да им се доверите за вашите проблеми.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Не навлегувајте во непотребни расправии бидејќи е истакнато асролошкото поле на јавноста и тајните непријатели. Многумина мислат дека се инаетите, но вие сте само принципиелни. Во попладневните часови би требало да се слушнете со некој Јарец, Шкорпија или Бик околу продолжување на соработката. Знаете добро што за вас би било најпрактично решение. Можно е среќавање со некоја Вага, Близнаците сакаат да ви помогнат да се снајдете на новата работа, но прашање е дали тие тоа го можат или само ќе ви попречуваат во она што го работите.

Јарец (22.12 – 20.01)

Некакви социјални прилики, драми или пријатели ќе се обидат да ви ја намалат енергијата и веројатноста да успеат е голема, но можностите се такви со што лесно можете и вие да бидете тие што ќе предизвикате некаков мал скандал, расправија со пријател, или некакво ненадејно и брзо завршување на некои работи кои ги работите подолг рок. Можеби и некакви неповолности или опасности ќе бидат врзани за пријатели, кои можат да се случат ненадејно во утринските часови.

Водолија (21.01 – 19.02)

Во работа овој период ќе бидете неконвенционални и оригинални. На околината ќе и се допага вашата ексцентричност.Ќе бидете расположени за зборување а помалку за работење. Можеби една од причините е тоа што вашата моментална работа повеќе не ви се допаѓа, вие би сакале нешто ново, нешто повозбудливо. Но само на момент сетете се дека сега не е ни време ни место за вакви размислувања. Обидете се да останете онаму каде што сте , да го задржите истото, во спротивно може само да се придружите на оние во агенцијата за барање работа.

Риби (20.02 – 20.03)

Месечината во транзит преку Близнаците ви наметнува размислувања за домот, проблемите кои можете да ги имате поради расправата со нив или поради несогласувањата со роднините. Сепак, би требало да се поставите малку потолерантно кон оние кои не мислат како вас. Очекувате повик од странство и веројатно ќе ви се јави личност на која интензиво мислите и со која сакате да ја продолжите соработката. Многумина мислат дека би требало да ја искористите можноста која ви се укажала на деловниот план и за која долго сте размислувале или сте биле оптеретени со неа.

Владата доделува: субвенции за инвертер клими, уреди на гас, прочистувачи на воздух, соларни панели, велосипеди, печки на пелети!

Оваа година жителите на скопските општини ќе може да конкурираат за низа субвенции, едните се веќе познати и понудени, другите нови. Се нудат од субвенции за печки на пелети, велосипеди, соларни панели, клими до уреди за гас прочистувачи на воздух.

Најголем дел од нив се во насока на заштита на животната средина.

Општините се подарежливи кон своите граѓани. Во буџетите за 2018-година се предвидуваат субвенции за се си сешто – од субевнции за велосипеди, за печки на пелети, фасади, лифтови, покриви, листата се надополнува и со нови. За првпат се споменуваат и субвенции за инвертер клими за затоплување, како и соларни панели и прочистувачи на воздух, зелени покриви, за обука на оџачари.

Град Скопје в година ќе подели 10 милиони денари субвенции при набавка на инвертери за затоплување, а приватните превозници ќе добијат субвенции во висина од 20 милиони денари со цел да се инсталираат уреди на гас. За училиштата ќе се обезбедат 90 милиони денари за реконструкција на енергетско-ефикасни фасади, како и 12 милиони денари за опремување на училниците со прочистувачи на воздух. Во склоп со буџетот за 2018 година, предвидени се и зелени проекти за кои ќе има 10 милиони денари за кофинансирање на изработка на зелени покриви со соодветни институции. Град Скопје продолжува и со мерката за субвенционирање при набавка на печки на пелети за што се наменети 15 милиони денари, а ќе бидат обезбедени и финансиски средства во висина од 1,6 милиони денари за обука на оџачари. Граѓаните ќе добијат и дополнителни субвенции од 10 милиони денари при набавка на велосипеди.

Општина Аеродром за 20 пати го зголеми буџетот за заштита на животната средина, или вкупно 20 милиони денари. Со овие средства ќе се купуваат прочистувачи на воздухот во градинките, ќе се набавуваат филтри за оџаци или катализатор за горива за градинките и училиштата што се греат на дрва, ќе се субвенционира и набавка на алтернативни системи за греење (инвертер-клима уреди, печки на пелети…), ќе се градат вертикални зелени површини, контрола на работењето на градилиштата и на автосервисите.

Општина Центар ќе субвенционира печки за пелети за што се предвидени средства во износ од 6 милиони денари. Предвидени се и 2 милиони денари за соларни панели, 40 милиони за енергетски фасади, за субвенционирање за реконструкција на покриви 5 милиони денари, за монтажни паркинзи 44 милиони, како и 2.510.000 денари за реконструкција на зеленило.

Слични мерки се предвидуваат и во другите скопски општини. Општина Карпош и Општина Гази Баба даваат субвенции за нови фасади, кровови и лифтови. А освен во субвенции дел од општините делат и еднократен надомест за новороденчињата.

Што се случува со вашето тело ако апстинирате од секс?

Мажите немаат монопол врз влажните соништа. Жените кои подолго време немале секс, а особено оние кои не се склони кон самозадоволување честопати знаат да сонуваат за она што им недостасува во животот.

Ендорфинот кој се лачи за време на сексот е лек за сите секојдневни проблеми и грижи па, затоа, зголемениот стрес и нервозите се уште една причина да се „фатите за работа“. Сексот го регулира крвниот притисок кој пак директно влијае на вашето расположение.

Долгото време без секс ја убива желбата за интимни средби, ве втурнува во депресија и состојба на индиферентност кон интимност. Секс терапевтката Холи Ричмонд советува себезадоволување за одржување на здрав сексуален нагон.

Иако жените сметаат дека одморот од сексуално активна врска ќе им дозволи време за себе, напорот кој го вложуваат кон физичкиот изглед изгледа беспполезен. Жените остануваат без околу 1200 калории кои инаку би ги потрошиле имајќи секс.

Хормоните кои се лачат за време на сексот ја зголемуваат издржливоста, мотивацијата и го подобруваат сонот. Жените без допамин наутро се „гроги“ и воопшто немаат желба да вежбаат, а недостатокот на мотивација ја прави секоја вежба уште потешка и ве тера да се откажете.

Откријте каков е сексот со вашиот партнер, според хороскопскиот знак! (Фото)

Мажот стрелец е огнен и страстен и се освен срамежлив. За него водењето љубов не мора да биде длабоко емотивно искуство. Откријте каков е во креветот според неговиот хороскопски знак и приредете му ја совршената секси задача за него.

СЕКС СО МАЖ ОВЕН

Физички спремен и бестрашен, овенот лесно можете да го возбудите, но и да ја задржи сексуалната издржливост во текот на целата ноќ.

Водени од Марс, тие брзаат кон битката, па тешко дека ќе се сетат на предигра.

За овните возбудата од ловењето е се, па откако ќе ве освои лесно може да му здодеете. За да го задржите хранете го неговото его со комплименти за сексуалната изведба и големината на неговиот пенис.

Задача: Глумете невина, купете бела долна облека и подгответе се да бидете освоени. Дозволете му да помисли дека ве научил некоја нова секс поза, тој сака да биде главен.

СЕКС СО МАЖ БИК

Бикот е бавен и стабилен на површината, но ако ги разбудите најдлабоките желби на бикот ќе откриете дека е полн со изненадувања.

Воден од Венера, тој ја цени убавата храна и со задоволство би вечерал и пиел вино со вас, па предиграта може да трае со часови.

Биковите сакаат едноставен пристап кон сексот, лојални се и грижливи и обожаваат целосно да се опуштат при сексот, па не го уништувајте тоа со премногу зборување.

Задача: Поканете го кај вас на убава храна, а при долгата предигра дозволете му да ве задоволи затоа што токму тоа го возбудува.

СЕКС СО МАЖ БЛИЗНАЦИ

Водени од Меркур, близнаците обожаваат комуникација и сакаат партнери кои бргу ја сфаќаат нивната духовитост. За нив сексот е ментален спорт, подеднакво како и физички.

Дали сакате секс на невообичаени места? Тогаш имате среќа! Ризикот да бидат фатени ја зголемува возбудата на близнаците, па така автомобилот или некоја полјана се задолжителни опции.

Мажите близнаци бргу се заситуваат, па ќе треба да ги заведувате со играње на секс улоги од фантазијата. Колку поавантуристички толку подобро, тројките се омилени.

Задача: Пратете му порака со секси интригантна содржина, а потоа одберете возбудлива локација за да ја добие наградата – вас.

СЕКС СО МАЖ РАК

Водени од месечината. Мажите ракови се најголемите емотивци. Тие носат тврд оклоп затоа што не сакаат да бидат повредени, но ако ги поминете бариерите забавните игри може да започнат.

Тој може да изгледа срамежлив на почетокот, но откако ќе стекне доверба во вас тој ќе биде среќен да оди со текот, па дури и да ве изненади со навистина креативни секс позиции.

Бидете слободни и ослободете ја вашата внатрешна доминантност. Раковите ги ценат силните жени кои знаат што сакаат и ќе се согласат со се што ве прави среќна без разлика колку е перверзно.

Задача: Направете да се чувствува како дома, заведете го во вода, но бидејќи е срамежлив тоа нека биде со чамец на среде езеро и гледајте го во очи за време на сексот.

СЕКС СО МАЖ ЛАВ

Водени од сонцето, мажот лав е огнен и страстен и ако му пристапите на вистинскиот начин може да биде лојален заштитник на љубовта.

Обожава да биде во центарот на вниманието, погалете го по гривата, па ќе ви го покаже стомакот како маче.

Лавовите се отворени за пробување на нови работи и можат да бидат убедливи за да ве натераат да зачекорите на дивата страна, особено ако тоа го прикажува во најдобро светло. Горделиви се по природа, па така сценариото на господар и роб ќе функционира само ако тој е доминантниот.

Задача: Лавовите сакаат да ве гледаат голи, па изведете како доаѓате со капут кај него, а под него немате ништо освен високите потпетици на нозете, потоа имајте секс пред огледало.

СЕКС СО МАЖ ДЕВИЦА

Водени од Меркур, за да одведете маж девица во кревет треба да зборувате многу за тој да го препознае вашиот ум, бидејќи пред се ја ценат менталната конекција.

Тие се чувствителни љубовници и вашето задоволство ќе им биде на прво место. Вашата возбуда го возбудува него, па не бидете срамежливи при кажувањето што сакате.

Мажите девици се многу горди, па така и многу време посветуваат на своите техники за да ве доведат до вашиот најдобар оргазам некогаш. Сака да експериментира, се додека тоа не прави неред во чаршафите.

Задача: Облечете ја најдобрата долна облека и врзете се за креветот, тој ќе сака да ја контролира ситуацијата за да ви донесе ултимативно задоволство.

СЕКС СО МАЖ ВАГА

Водени од Венера, мажите ваги ги возбудува сексуална партнерка која ги цени убавите работи во животот, вклучувајќи го и него се разбира.

Флертувањето ќе ве одведе секаде со овој маж, а особено во кревет.

Иако се нарцисоидни на момент, тие сакаат да ве задоволат, па ќе поминат и часови во предигра за таа цел. Никогаш не глумете со мажот вага, неговото его не може да го поднесе тоа!

Тој сака егзибиционизам, играње улоги и реализирање на фантазиите се додека тој изгледа добро. Не заборавајте да му ласкате!

Задача: Изведете му бурлеска стриптиз со егзотични пердуви и секси долна облека, бидете доминантна и снимајте се, за тој да може да си се восхитува на изведбата подоцна.

СЕКС СО МАЖ СКОРПИЈА

Водени од Марс и Плутон, скорпиите се потентен микс на примитивна страст и темна енергија, комбинација на која е тешко да се одолее.

Мажот скорпија има природно високо либидо и импресивна сексуална издржливост. Обожаваат предигра и сето тоа може да трае цела ноќ, спиењето е за слабите.

Скорпиите се махери за заведување и кога ќе одлучат дека ве сакаат, тие нема да сопрат се додека не бидете негова. Бидете предупредени, скорпијата сака се и ништо не му е премногу перверзно и неиспробано.

Задача: Скорпиите сакаат интрига, па наместо да соблечете се наеднаш, фрлајте едно по едно парче на земјата.

СЕКС СО МАЖ СТРЕЛЕЦ

Мажот стрелец е огнен и страстен и се освен срамежлив. За него водењето љубов не мора да биде длабоко емотивно искуство, туку само уште една голема авантура во животот.

Стрелците сакаат да зборуваат, па тој ќе очекува да му кажете или покажете што ве пали во креветот. Срамежливите игри не треба да се применуваат.

Тие сакаат да експериментираат и да ги туркаат границите. Секој пат спонтани сакаат нови места и нови секс позиции. Не се од оние кои се заљубуваат после една страсна ноќ.

Задача: Изненадете го со брз и див секс кога најмалку очекува.

СЕКС СО МАЖ ЈАРЕЦ

Јарците може да изгледаат срамежливи и конзервативни на почетокот, но кога ќе го запознаете ќе откриете дека е страстен и див љубовник со огромен апетит за секс.

Тој е приземјен и не ви треба ништо егзотично за да го возбудите. Може да биде срамежлив на почетокот и да не преземе иницијатива се додека не се почувствува комфорно. Тоа не значи дека не можете да го убедите на мали експерименти.

Љубовта и сексот одат заедно, па откако ќе се почувствува сигурен во врската ќе ве изненади колку креативен љубовник може да биде.

Задача: Тој мора да се почувствува сакан за да се опушти. Подгответе му топла бања и направете му бавна и сензуална масажа, ќе започне да се релаксира, но и да се возбудува едновремено. За почеток нека биде мисионерската поза.

СЕКС СО МАЖ ВОДОЛИЈА

Иако не се најголемите ѕвезди во сексот, водолиите се љубопитни по природа, па се отворени за сексуални експерименти се додека се сигурни дека им се допаѓате.

Мажот водолија обожава да зборува, па ќе сака да му кажете што ве пали. Не воздржувајте се, колку ви се поневообичаени желбите, толку повозбуден ќе биде. Не се изненадувајте ако после првата ноќ помината заедно го дочекате изгрејсонцето со разговор.

Тој сака чудни сексуални искуства, но од време навреме ќе сака и да се повлече и да помине време сам.

Задача: Подгответе се за телефонски секс. Јавете му се на работа и кажете му што се би сакале да ви прави кога ќе дојде дома.

СЕКС СО МАЖ РИБИ

Водени од Нептун и Јупитер, не е ни чудно што рибите може да се возбудат од раскажување на сексуалните фантазии.

Како воден знак, мажот риби сака работите да бидат променливи и да експериментира со многу секс позиции во текот на истата ноќ. Сексот за него значи забава и креативност, како и создавање на емоционална врска.

Ако се состанувате со маж риби тогаш инвестирајте во пердуви и камшик. Тие сакаат да бидат доминантни до точка на мазохизам.

Задача: Организирајте полноќен состанок на плажа, капете се на полна месечина и гледајте го во очи за време на сексот.

Најчитани

Твитови