Го одржал нивниот брак до крајот на животот, со само едно писмо! (Фото)

Поминале полни 50 години во брак, а нивната врска ќе остане забележана како една од најубавите љубовни приказни. На денот на венчавањето славниот холивудски актер Пол Њуман и напишал писмо на својата сопруга, подеднакво славна актерка, Џоан Вудворд во кое опишал како го гледа нивниот иден брак.

Се венчале во 1958 година во Лас Вегас.Пол ѝ го прочитал писмото на сопругата на денот на венчавката:

„Среќата во бракот-не е нешто што само така се случува. Добриот брак се создава. Уметноста во бракот е тоа што ситните нешта се големи нешта.

Никогаш да не бидат престари за да се држат за раце. Да се каже „Те сакам“, барем еднаш дневно. Да не се оди на спиење во кавга. Под никакви околности да не се зема однесувањето на другиот , здраво за готово.

Додворувањето не треба да се заврши со медениот месец, би требало да трае цел живот. Да се имаат заеднички вредности и цели. Заедно да се оди низ животот и да се создаде круг на љубов, кој ќе го собере целото семејство.

Да му удоволуваш на другиот, не поради должност и жртвување туку од радост. Биди благодарен и искажи ја својата благодарност. Да не се очекува од мажот да носи ореол ниту од жената да биде ангел. Да не се бара совршенство ниту кај едниот, ниту кај другиот.

Да се негува трпението, воздржаноста, разбирањето и смислата са хумор. Да се знае за простување и заборавање. Да се дава простор на другиот за да може да се развие. Да се даде место на духовноста. Заедно да се бара доброто и убавото.

Да се развие однос во кој независноста ќе биде еднаква, меѓусебна зависност, а обврските еднакво поделени. Да не се биде само брачен партнер, туку да се биде комплетен партнер.“

Иако верноста е речиси незамислива во Холивуд, славниот актер објаснил како сите тие години и останал верен на својата сакана Џоана: „Дома имам одрезок, зошто би одел некаде на хамбургер“- кажал еднаш на американските новинари.

Заедно проживеале 50 години, заедно глумеле, создавале, израснеле три ќерки. Во нивниот случај важи поговорката-„додека смртта не нè раздели“. Пол ја напуштил својата сакана Џоан во 2008 година по тешката борба со ракот на белите дробови.

Нивната врска ќе остане запаметена како една од најубавите љубовни приказни.

Поранешната пејачка на група „Луна“, денес работи на брод и изгледа посекси од било кога! (ФОТО)

Чеда Чворак и неговата група Луна променија многу постави. Но се чини дека онаа, кога беа дуо, а во „Луна“ покрај него вокалите ги пееше тогаш младата и непозната девојка од Лозница, Маја Марковиќ, беше најдобрата постава која му ги донесе најголемите хитови и популарност на дуото.

Маја Марковиќ откако си замина од „Луна“ се обиде да направи соло кариера која не траеше долго,  зашто слично како и нашата Ноне, замина да работи на прекуокеански брод.

Оттогаш не се занимава со музика, не барем студиски, иако знае да запее со бендот на големите прекуокеански лендкрузери на кои работи!

Додека беше на естрадата, речиси секогаш беше пристојна и закопчана до грло. За чудо, сега кога работатат тоа не го бара од неа, маја го покажа сиот свој телесен раскош, убавина и сексапил.

Инстаграм гори од нејзините секси фотографии на кои таа позира во костими за капење, покажувајќи го своето извајано тело, затегнатото газе и останатите облини.

Токму со такви фотографии Mаја ги почести сите оние што ја познаваат за својот роденден.

Знаци дека претерувате со кафе!

Ако се прашувате дали пиете премногу шолји кафе на ден, на добар пат сте да добиете позитивен одговор. Кафето нуди многу придобивки, но како и се друго, доколку се консумира во големи количини има негативни последици, за жал по нашето здравје.

Многумина не можат ни да го замислат животот без кафе, особено наутро. Сепак, прекумерното пиење кафе, посебно ако често пиете и газирани или енергетски пијалаци кои содржат кофеин, може да предизвика предозирање и зависнот.

Срцето ви е во петта брзина

Ако ви лупа срцето и прескокнува откако сте се напиле кафе, постои голема веројатност за тоа да е крив токму кофеинот. Некои луѓе се чувствителни и на помала количина кофеин.

Се чувствувате немирно и анксиозно

Можеби тоа го предизвикало утринското кафе. Некои луѓе се многу чувствителни на кофеин и почнуваат да чувствуваат немир, раздразнетост и анксиозност и по една шолја кафе со кофеин. На некои им смета дури и бескофеинското кафе.

Не можете да заспиете

Ова е причина зошто луѓето пијат кафе додека се уморни. Кофеинот го подига нивото на адреналин, па можете да се чувствувате поенергични и да не ви се спие. Тоа особено може да помогне во понеделник наутро кога ви треба екстра енергија.

Чувствувате глад

Некои луѓе се трудат со помош на кофеинот да го намалат апетитот, но пиењето кафе всушност може да има спротвен ефект. Кофеинот ја зголемува работата на хормонот кој пак, го зголемува чувството на глад.

Мислите дека не можете без кафе

Доколку помислата да се откажете од своето утринско кафе кај вас предизвикува благ напад на паника, тоа не е знак дека сте зависни? Сепак, не се трудете да пресечете нагло, обидете се да го намалувате внесувањето на кафе постепено, малку по малку, инаку може да ве изненади силен умор и главоболка.

Незаборавна забава: Кафана Тарапана го прослави својот прв роденден!

Галерија: 

Кафана Тарапана го прослави својот прв роденден! 

Една година исполнета со незаборавни моменти и уживање! Уникатно место за одлична забава, превкусна храна и загарантирано одлична атмосфера. После 1 година работа со над 100 забави, повеќе од 50 семејни прослави, дефинитивно станаа омилено место во градот на секоја генерација. Тарапана не е само обична кафана ова е кафана со душа во која се ужива во комбинација со вкусна храна и разновидна музичка програма.

Вчеравечер по повод една година постоење направија незаборавна роденденска забава. Како секогаш, и овој пат се потрудија на своите гости да им приредат повеќе од одлична забава. За атмосферата да биде вистинска "тарапана" се погрижија безвременскиот Дарко Филиповиќ и Dj Boban Nikolic.

Во продолжение погледнете дел од атмосферата:

Галерија: 

Најчитани

Твитови