И да си кралица не е лесно: Златната кочија е неудобна, а круната е многу тешка (Видео+Фото)

Во големиот документарец наречен „Крунисување“, британската кралица Елизабета (91) зборува за својот голем ден. Таа е на 2 јуни 1953 година крунисана за кралица на Обединетото Кралство, Канада, Австралија и Нов Зеланд. 

За да се круниса, морала да се вози два часа заедно со нејзиниот сопруг, принцот Филип (96) во златна кочија. 

„Возењето беше многу незгодно. Тоа е само кожа на седиштата на кочијата. Беше грозно“, вели кралицата.

Инаку, златната кочија прв ја има користено кралот Џорџ Втори во 1760 година, а од тогаш таа се користи на секое крунисување, како и во посебни прилики.

Во документарецот, кој ќе се емитува на БиБиСи на 14-ти јануари, кралицата многу време ќе посвети на накитот кој го носи.

Елизабета раскажува и за круната која ја носела на крунисувањето. Славната круна има 2.868 дијаманти, меѓу кои и еден од 317 карати, како и сафир Свети Едвард или таканаречен рубинот на црниот принц.

„Тој ми е најдраг од сите дијаманти“, вели Елизабета. Рубинот на црниот принц има 170 карати и е еден од најстарите во кралската колекција накит. Наводно датира од 14 век. Инаку, круната е многу тешка и таа вели дека не може повеќе да ја носи.

За да се навикне на круната, пред да биде крунисана за кралица, морала да вежба, носејќи ја низ дома по неколку пати дневно и со неа читала весници и пиела чај.

Ситуации каде Кардашијан-Џенер си „краделе“ облека една од друга и копирале изглед!

Оние кои имаат сестра, знаат како е постојано да си менуваат, позајмуваат, а понекогаш и крадат облека, па дури истото некогаш се случува и помеѓу мајка и ќерка.

На оваа навика не се имуни ниту славните личности, кои можат да имаат што ќе посакаат, но сепак некогаш одлучуваат да го ископираат изгледот на мајката/ќерката/сестрата.

Можеби не сте забележале, но девојките од Кардашијан-Џенер семејството често го прават тоа и се појавуваат во ист аутфит, со мала промена во стајлингот.

Па така, мама Крис често знае да облече некое парче облека од богатиот гардеробер на ќерките, а и сестрите често си менувале облека и копирале меѓусебни стајлинзи низ годините.

Што се пребарувало најмногу на Google во 2018 година?

2018 година е пред крајот, но ќе остане во сеќавањата како многу интересна и турбулентна година за интернет заедницата.

Он-лајн просторот одамна е огледало на човештвото и настаните кои очигледно ја брануваат планетата. Ова ни овозможува кон крајот на секоја година да направиме аматерски психолошки профил на човечкиот род, според она што најмногу го пребарувал во годината која изминува.

Во топ 10 пребарувањата доминираат славните лица кои го изгубија својот живот во 2018 год.

Можеби и ќе претпоставите што најмногу се пребарувало на Google во текот на 2018 година, но еве ја и официјалната потврда:

 1. Светското првенство во фудбал

 2. Авичи

 3. Мек Милер

 4. Стен Ли

 5. Black Panther

 6. Меган Маркл

 7. Ентони Бордејн

 8. XXXTentacion

 9. Стивен Хокинг

10. Кејт Спејд

Зошто за време на славата се пали свеќа?

Свеќата е неопходен дел од ритуалите кои православните христијани ги спроведуваат за време на семејните слави.

Православните христијани кога имаат домашна слава, тие всушност го слават светецот заштитник на нивниот дом. Тогаш целото семејство се собира околу поставената маса, се споделуваат љубовта, слогата и мирот. По желба, се канат и гости.

Се верува дека славската свеќа е дар на семејството кон Бога. Таа претставува светлина на вербата и се пали при сечењето на славската погача. Според традиционалните верувања, молитвата и славската свеќа привлекуваат добра енергија и ја чистат душата од негативни елементи.

Многумина оставаат свеќата да гори во текот на целиот ден на славата, а остатокот од нејзе се пали за другите верски празници кои семејството ги слави. Може да се остави и под домашниот иконостас да догори.

Свеќите се неизоставна декорација за време на верските празници, а често се поврзуваат и со релаксирачки и медитативни својства, кои ги чувствуваат оние кои веруваат дека пламенот е светлина кон Бог и неговиот пат.

Најчитани

Твитови