Момое со скандалозна изјава: Си ја сакам работата бидејќи секојдневно можам да силувам убави жени

Како пожар на социјалните мрежи се проѓири видеото во кое е снимен Џејсон Момоа, познат како Кал Дрого од „Играта за троновите“, кој се фали дека благодарение на својата работа „може да силува убави жени“

Скандалозното видео е снимено уште во 2011 година, но сега стана актуелно откако Холивуд го погодина низа скандали за сексуално злоставување.

Момоа тогаш изјави:

„Што се однесува на научната и епска фантастика... ги сакам тие жанрови...Можам на некој да му искорнам јазик и да поминам неказнето... Можам да силувам преубави жени“- вели Момоа низ смеа, а веројатно тоа само на него му изгледало духовито, бидејќи потоа Џејсон бил скоро „растргнат“ од негативни коментари на интернет.

Кога сфатил дека претерал, Момоа се извинил за својата непримерна изјава.

„И понатаму сум длабоко разочаран во себе поради невкусните шеги кои ги изговорив тој ден. Знам дека ни со моето најискрено извинување не можете да ги заборавите тие груби зборови. Силување и сексуално вознемирување може на секо да му се случи, за тоа се уверив од прва рака од страшните последици кои им се случија на членови на моето семејство и пријатели. Мојата изјава беше безчувствителна. Тоа е неприфатливо и искрено се извинувам поради она што го реков“, порачува Џејсон.

Лекарите откриваат, какви се проблеми со очите ни предизвикуваат компјутерите!

Околу 80 отсто од луѓето кои поминуваат повеќе од три часа дневно пред компјутер мислат оти тоа им прави проблеми, а половина од нив велат дека тоа им штети на очите, тврди германскиот Сојуз на офталмолози.

Пацинетите како проблеми ги наведуваат сушење на очите, загалување на погледот, главоболки, чувствителност на светло и замор. Она што е ефикасно е да направите повеќе мали паузи отколку една долга, како и да држите билки во канцеларијата.

Тие се добри за превенција на сушењето на очите зашто додаваат влажност.

Освен тоа, мониторот држите го под прав агол во однос на прозорецот и светилките, избегнувајте индиректно осветлување, а очите држите ги 50 до 80 сантиметри оддалечени од екранот – со што ќе го намалите заморот и проблемот со очите.

Еве зошто треба да имате тврд сапун во секоја соба!

Лекарите откриваат зошто е добро да имате сапун во секоја соба:

Убоди од инсекти

Доколку ве мачат убоди од инсекти, намокрете го сапунот и протријте го од местото каде што се наоѓа убодот.

За подмачкување предмети

Доколку чкрипи вратата, фиоката или подот, протријте сув сапун на местото и уживајте во тишината.

За одглавување заглавени работи

Прозорите кои се заглавиле може да ги подмачкате со сув сапун за лесно да се одглават.

Отстранување непријатни миризби

Наместо да користите миризливи свеќи, освежете го својот плакар, фиока ставајќи сапун таму каде што сакате да мирисаат облеките.

Отстранување флеки

Ако имате жолти траги на крагњата или некои точки на облеката, намачкајте сапун преку нив и оставете го така се до перењето на облеката.

Тесни чевли

Тврда кожа? Намачкајте сапун на деловите каде што ве стегаат чевлите, како што се горниот внатрешен дел и аглите.

Потресна приказна на руска манекенка која била приморана гола да скокне од шести кат во Дубаи!

Руската манекенка, 23 годишната Екатерина Стетсјук, која бегајќи од маж кој сакал да ја силува, скокнала од шести кат во хотел во Дубаи.

Таа тврди дека шефот кој е Пакистанец, кој како сопственик на агенција за модели ја одвел во Дубаи, пробал да ја  силува под закана со нож во хотелска соба, при што подоцна а тој ја обвинил дека сакала да го убие.

Во московската програма „On Air Live“, раскажала дека се спротиставувала на неговите напади, но дека ја повикал во работно време да дојде во хотелот во кој престојувал. 

-Почна сексуално да ме вознемирува, да ми ги допира колената. Сфатив дека морам брзо да одам, вели таа.

-Побегнав во ходник, но тој ме фати за коса и извлечка во собата. Зема нож и ме притисна на ѕид, држејќи ме за врат, почна да ме дави, продолжува таа.

После тоа ја натерал да се соблече.

-Ужасно се плашев, не толку дека ќе ме силува, најмногу се плашев дека ќе ме убие, кажала манекенката.

Таа успеала да се тргне од него и гола скокнала низ прозор, а преживеала само благодарејќи на тоа што паднала на тенда.

Се уште се опоравува во болница од повеќекратните повреди на грбот кога е уапсена. Вели дека два пати е оперирана и дека и вградиле титаниумска плочка во грбот, како повторно би можела да оди.

-Полицијата едноставно ме извлече од кревет. Во тоа време можев само да ги мрднам прстите и вратот. Ме сместија количка, ми го одземаа телефонот и ме однесоа.

Таа додава дека е обвинета дека го нападнала Пакистанецот со нож.

-Тоа е измислица. Тоа е муслиманска земја, во која законот ги штити мажите, вели таа.

Стетсјук се вратила во Русија после три месеци во затвор, додека нејзиниот шеф кој бил депортиран во Пакистан, поминал без казна.

Манекенката сепак признава дека згрешила што ја прифатила работата и вели дека имала „луда среќа“.

Најчитани

Твитови