Ова се најпаметните хороскопски знаци, проверете дали сте меѓу нив

Како што хороскопот има параметри за одредување на најпромискуитетните и најбакзузните знаци, така има и за најпаметните…

Близнаци

Уште од мали нозе сакаат да истражуваат. Љубопитни се по природа, па ги интересираат повеќе области, иако најпосветени и се на уметноста. Интелигентни се, па од тука доаѓа и нивната духовитост и досетливост. Заради таа причина се обиколени со луѓе кои знаат да водат длабоки разговори, а исто така бараат и паметен животен партнер со кој ќе може да разговараат буквално за сè, затоа што празните разговори не ги исполнуваат.

Скорпија

Ниту еден знак не е толку прониклив и интуитивен како Скорпијата. Речиси и да не постои работа која нивниот поглед и нагласеното шесто сетило не можат да ја откријат. Тие секогаш сакаат да почувствуваат длабочина, да нурнат под површината и да ја пронајдат вистинската смисла на животот. Не се обидувајте да ги манипулирате, затоа што и тие го прават истото, па лесно може да ги откријат туѓите намери.

Стрелец

Љубопитни баш како и Близнаците, секогаш имаат потреба да дознаат нешто повеќе и знаат да делуваат прилично несериозно. Меѓутоа, многу вешто ја проценуваат секоја ситуација. Друштвени се и знаат како да се снајдат со луѓе. На прв поглед може да ги добијат симпатиите на сите од околу и да проценат кој каков е. Меѓу припадниците на овој знак има доста научници, а математиката и природните науки им се силна страна. Сакаат да вложуваат во сопствениот интелект до крајот на животот.

Никогаш нема побрзо да ослабете: Моќна диета со кисело млеко

Основна состојка на оваа диета е киселото млеко, намирница којашто исклучително позитивно влијае на метаболизмот.

Со помош на оваа диета може да ослабете 5 до 6 килограми за 10 дена. Сепак, имајќи предвид дека се работи за исклучително рестриктивна диета, не би требало да се држи подолго од 14 дена. 

Киселото млеко е исклучително корисна намирница којашто ја нормализира активноста на органите за варење, го подобрува имунитетот, помага за собирање и исфрлање на токсините од организмот и го поттикнува метаболизмот. 

Додека држите диета со кисело млеко се препорачуваат следниве намирници: природно кисело млеко – 500 грама дневно, овошје – до 300 грама дневно (освен грозје, диња и лубеница поради големите количества на шеќер коишто ги содржат), месо – до 100 грама дневно (риба, пилешко и мисиркино – со отстранета кожичка и маснотии), зеленчук – до 300 грама дневно (зелена салата, кељ, зелка, рукола...).

Количеството на кисело млеко коешто ќе го употребите во поединечни рецепти зависи од вашите желби и вкус. Важно е да се внесе 500 грама кисело млеко дневно, а како ќе го распоредите тоа е веќе ваш избор.


Пример мени:

Појадок
Желе од кисело млеко и малини, шолја зелен чај или шолја чист сок од портокал.

Ручек
Шолја топол растителен чај, ладна супа направена од кисело млеко и краставица исечена на ситни тркала, 100 грама варено месо, салата од краставица, домат и зачини, кисело млеко по желба, чаша топла лимоната (без шеќер).

Попладневна ужинка
Домат со кисело млеко. Во киселото млеко додадете малку сенф, малку сол и во блендер кратко испасирајте.

Вечера
Шолја топол растителен чај, боранија на пареа со кисело млеко, чаша топла лимонада (без шеќер).

Го нарекуваат „Мал мајмун“: Момче, родено со опашка од 15 см (фото)

Локалните медиуми ова момче го нарекуваат Јанг Јанг, а неговото семејство му дало прекар „мал мајмун“.  Иако неговите родители инсистирале тој да не оди на операција, сепак овој месец момчето направило операција.

Овој израсток кај Јанг Јанг се развил уште кога бил ембрион, како резултат на деформација на нервите, пренесуваат кинеските медиумите.

Во првиот месец по раѓањето, ембрионот создава структура која се вика нервна туба, и за многу кратко време на грбот се формира тој израсток. Кај овој дечко се случило некое пореметување, кое не е многу сериозно. Мајката на момчето имала нормална бременост. Лекарите ништо не констатирале кај плодот, за време на бременоста. Кога се породила мајката на Јанг Јанг сите доктори во болницата биле во шок.

Неговата баба мислела дека момчето со тој деформитет ќе заработува многу пари, но Јанг сепак одлучи да направи хирушки зафат и да биде како сите останати луѓе.

Најчитани

Твитови