Како да го подобрите сексуалниот живот?

Дали некогаш сте размислувале или сте утврдиле каков сексуален партнер сте…

Вие сте авантурист ако…

За вас сексот е возбуда од непознатото, големо истражување, изненадување и потрага по луди места за водење љубов. Вашето мото гласи: креветот и класичните техники се за стари луѓе без фантазија!

Никогаш не се двоумите да го направите првиот чекор, дури ни со нов партнер.

Ги испробавте сите техники и пози, вклучувајќи ги и оние полуакробатските.

Како да си го подобрите сексуалниот живот:

Доколку сте во врска со маж со кој ги делите ставовите и желбите, тогаш веројатно уживате во возбудлив секс. Меѓутоа, ако игрите во јавноста претставуваат единствен облик на ваша интимност, тогаш би требало да ги анализирате своите мотиви. Разновидноста е одлична – стимулира продукција на адреналин. Меѓутоа важен е и емотивниот, интимен секс, бидејќи додека се развива врската, нескротливоста не е секогаш возможна. Ако секогаш вие иницирате секс, дозволете му на партнерот да го направи првиот чекор и да го диктира ритамот на играта. Или ако сте навикнати гласно да го искажувате незадоволството за време на сексот, обидете се, за промена, да не пуштите ни глас! Ќе ви биде тешко, но секси.

Вие сте непоправлив романтик ако…

Спалната соба ви е полна со миризливи свеќи и масла, завеси од тантела и можеби со премногу детали!

Идејата да водите љубов на јавно место за вас претставува кошмар.

Избравте дестинација за меден месец пред да го запознаете партнерот со кој ќе одите.

Како да си го подобрите сексуалниот живот:

Постојат начини да уживате во сексот што не подразбираат инсталирање на посебно осветлување и планирање многубројни детали за создавање сексуално расположение. Обидете се барем еднаш да се ослободите од сите „помагала“ и да примените едноставен потег, како што е директен контакт со очите. Тоа гарантирано ќе ви создаде чувство на поголема блискост со партнерот. Кога сме веќе кај тоа, за мажите не постои поголема мотивација – сексот е пресуден за тој да ја искаже скриената „помека“ страна. По некоја свеќа или затемнето светло можат да бидат увертира во љубовната игра, но знајте дека само вие двајца, заради она што го правите, а не заради специфичното опкружување, сте најважните актери во љубовната игра.

Вие сте вистински срамежливко ако…

Премногу се срамите да ја споделите скриената сексуална фантазија – дури и со мажот што го сакате.

Сметате дека еротските сцени во филмовите се невкусни и претерани.

Се разболувате од загриженост и од размислување доколку тој не постигне оргазам.

Како да си го подобрите сексуалниот живот:

Никој не вели дека треба да изведувате стриптиз во спалната соба, ниту пак да врескате како порно-ѕвезда. Сепак препуштете му се на задоволството – со некој што го сакате и кому му верувате – бидејќи тоа е она вистинското. Веројатно се прашувате која е смислата да се однесувате спротивно на сопствениот карактер? Па вашиот партнер ќе стекне подобар увид во она што ви се допаѓа и што го сакате, а вие ќе го добиете токму она што ви одговара. Почнете со реченицата: „Ми годи кога ти (пополнете го празниот простор)“, а потоа исполните една од своите скриени фантазии. Оживувањето на фантазијата за време на секс ослободува од блокади и – релаксира. Сексот ќе биде подобар и за него, а вашите јасни идникации дека уживате ќе ви донесат поголема сигурност и на двајцата. Уживајте!

Никогаш нема побрзо да ослабете: Моќна диета со кисело млеко

Основна состојка на оваа диета е киселото млеко, намирница којашто исклучително позитивно влијае на метаболизмот.

Со помош на оваа диета може да ослабете 5 до 6 килограми за 10 дена. Сепак, имајќи предвид дека се работи за исклучително рестриктивна диета, не би требало да се држи подолго од 14 дена. 

Киселото млеко е исклучително корисна намирница којашто ја нормализира активноста на органите за варење, го подобрува имунитетот, помага за собирање и исфрлање на токсините од организмот и го поттикнува метаболизмот. 

Додека држите диета со кисело млеко се препорачуваат следниве намирници: природно кисело млеко – 500 грама дневно, овошје – до 300 грама дневно (освен грозје, диња и лубеница поради големите количества на шеќер коишто ги содржат), месо – до 100 грама дневно (риба, пилешко и мисиркино – со отстранета кожичка и маснотии), зеленчук – до 300 грама дневно (зелена салата, кељ, зелка, рукола...).

Количеството на кисело млеко коешто ќе го употребите во поединечни рецепти зависи од вашите желби и вкус. Важно е да се внесе 500 грама кисело млеко дневно, а како ќе го распоредите тоа е веќе ваш избор.


Пример мени:

Појадок
Желе од кисело млеко и малини, шолја зелен чај или шолја чист сок од портокал.

Ручек
Шолја топол растителен чај, ладна супа направена од кисело млеко и краставица исечена на ситни тркала, 100 грама варено месо, салата од краставица, домат и зачини, кисело млеко по желба, чаша топла лимоната (без шеќер).

Попладневна ужинка
Домат со кисело млеко. Во киселото млеко додадете малку сенф, малку сол и во блендер кратко испасирајте.

Вечера
Шолја топол растителен чај, боранија на пареа со кисело млеко, чаша топла лимонада (без шеќер).

Го нарекуваат „Мал мајмун“: Момче, родено со опашка од 15 см (фото)

Локалните медиуми ова момче го нарекуваат Јанг Јанг, а неговото семејство му дало прекар „мал мајмун“.  Иако неговите родители инсистирале тој да не оди на операција, сепак овој месец момчето направило операција.

Овој израсток кај Јанг Јанг се развил уште кога бил ембрион, како резултат на деформација на нервите, пренесуваат кинеските медиумите.

Во првиот месец по раѓањето, ембрионот создава структура која се вика нервна туба, и за многу кратко време на грбот се формира тој израсток. Кај овој дечко се случило некое пореметување, кое не е многу сериозно. Мајката на момчето имала нормална бременост. Лекарите ништо не констатирале кај плодот, за време на бременоста. Кога се породила мајката на Јанг Јанг сите доктори во болницата биле во шок.

Неговата баба мислела дека момчето со тој деформитет ќе заработува многу пари, но Јанг сепак одлучи да направи хирушки зафат и да биде како сите останати луѓе.

Најчитани

Твитови