Неуромедика се повлекува од спонзорство на РФМ!

Поради прекршување на обврските од договорот за спонзорство меѓу РФМ и ПЗУ " Неуромедика", управниот одбор на приватната клиника реши да го прекине спонзорирањето на Македонската ракометна репрезентација. 

Во одлуката која беше донесена на 31.01.2018 година, се наведува дека во изминатите години од страна на  "Неуромедика" професионално се вршени сите медицински услуги.

„На Европското ракометно првенство 2018. ПЗУ Неуромедика Скопје со свој високо квалитетен и стручен тим составен од лекар специјалист по ортопедија и физиотерапевт вложи максимални напори за успешно и високо квалитетно целокупно медицинско обезбедување на ракометарите. ПЗУ Неуромедика Скопје пружаше медицински услуги и на самите припреми, вршеше санација на повреди при тренинзите, даваше медицински терапии, контроли и ги исполни сите обврски од Договорот, додека од страна на ПФМ не беше исполнета ниту една одредба од договорот по основ на објавување на реклама на спонзорот, лого на спортска опрема, медиумски воопшто не беше ниту во еден сегмент спомната нашата установа.“, се наведува во известувањето од Неуромедика.

 

Ексклузив.мк
Кристина А.

 

Незаборавна забава: Кафана Тарапана го прослави својот прв роденден!

Галерија: 

Кафана Тарапана го прослави својот прв роденден! 

Една година исполнета со незаборавни моменти и уживање! Уникатно место за одлична забава, превкусна храна и загарантирано одлична атмосфера. После 1 година работа со над 100 забави, повеќе од 50 семејни прослави, дефинитивно станаа омилено место во градот на секоја генерација. Тарапана не е само обична кафана ова е кафана со душа во која се ужива во комбинација со вкусна храна и разновидна музичка програма.

Вчеравечер по повод една година постоење направија незаборавна роденденска забава. Како секогаш, и овој пат се потрудија на своите гости да им приредат повеќе од одлична забава. За атмосферата да биде вистинска "тарапана" се погрижија безвременскиот Дарко Филиповиќ и Dj Boban Nikolic.

Во продолжение погледнете дел од атмосферата:

Галерија: 

Нова жешка акција во реалното шоу „Задруга 2“: Бане и Зерина заборавија на камерите и се препуштија на страстите! (ВИДЕО)

„Задруга 2“ се повеќе личи на еротско реално шоу. Поради фактот што 24 часа учесниците се под видео надзор, што е и нормално, тие упорно бараат место каде ќе се сокријат и разменат пар нежности. Засега единствено место каде нема камери е туш кабината па ова е омилено место на паровите! Последни кои беа уловени на ова место беа Бане и Зерина...

Позната руска актерка физички нападна жена од публика, откако таа го спомна нејзинот син кој има Дунов синдром! (ВИДЕО)

Познатата руска актерка Евелина Бледанс физички нападна жена од публиката, откако на несоодветен начин го спомна нејзинот син кој има Дунов синдром.

Четириесетидеветгодишната актерка која го очекува своето трето дете, гостуваше во емисијата „Во живо“ и зборуваше за бременоста во постари години, а една жена во публиката и рече дека го загрозува зравјето на нејзиното неродено дете, бидејќи во тие години е опасно да се раѓа.

„Што ти е? Сакаш да родиш уште едно болно дете? Сакаш да имаш уште едно дете со Даунов синдром? На никој не му се потребни такви деца, ни тебе, ни на општеството“, рече Елена Лебедева, жената од публиката.

Актерката по оваа изјава, мирно стана, тргна кон неа и и удри шамар пред камерите.

„Ќе те искршам. Тоа е мое дете. За мене можеш да зборуваш што сакаш, но остави ги на мира моите деца“, рече актерката.

Најчитани

Твитови