Далечината е тест колку далеку може да патува љубовта!

Сите ние по не знам кој пат се запрашуваме кој е одговорен за километрите кои не делат? Се чини, вечниот непријател на чувствата, далечината заедно со судбината ве води низ овие долги, болни и далечни патишта. И ако е тоа така, тогаш и изборот за заминување колку е лично ваш толку е и присилен акт на судбината. 

Некои велат дека далечината е најголемото искушение за љубовта. Ако љубовта е голема, уште толку ќе ја зацврсти, а ако е мала ќе ја изгуби на некоја попатна станица. 

Ти си мојот немир на далечина 

Кога животот не носи на различни страни или меридијани на светот, немирот е нашиот најверен сопатник. Немирни сме кога сме сами во далечина, кога телефонот и компјутерот не се доволно моќни за ги пренесат зборовите во вистинска смисла и вистинско време, кога сонуваме само еден миг да бидеме во прегратките на саканиот. Немирни сме кога чекаме одговор на пораката или телефонскиот повик, а немирот се храни со секој дел од секундата. 

Странци меѓу туѓинци 

Околу нас се ни изгледа туѓо кога не е покрај нас оној кој ни недостига. Секоја воздишка не потсетува на убавината на близината. Ако и вие барем еднаш во животот сте ги броеле месеците, деновите, па дури и часовите до средбата со некој драг, тогаш ви е познато да живеете далеку и да се чувствувате како странци меѓу туѓинци. 

Храбри сме да оставиме се зад себе 

Доволно сме храбри да оставиме се зад себе, пријателства, успешни деловни моменти, блиски и сакани, а навечер ни недостасува само бакнеж за добра ноќ. Токму таа храброст се ниша на најоддалечениот интервал од нашата личност. Храброста оди рака под рака со страдањето. Не постои ден да не помислите на саканиот на далечина, и да не се поколебате дали и тој го прави истото, не постои ноќ да не ги евоцирате заедничките спомени. 

И, кога ја прифативте судбината да дишете различен воздух со саканиот се додека не ја изберете вашата заедничка животна дестинација, ќе треба да посветите големо внимание на контактот со цел да се соочуваат нежните чувства. Клучот на врската на далечина е разговорот кој мора да биде искрен и отворен. Не треба многу да се потрудите за да не паднете на замките на убиецот на вашата љубов – далечината. 

Компјутерската технологија е на ваша страна 

Вистинската љубов нема никаква поврзаност со физичката близина. Може да сакате некој и да се наоѓа на другата половина на светот. И ако ви е некаква утеха, модерната технологија за комуницирање тогаш секоја чест за пронаоѓачите. Ако некогаш се чекало со месеци за одговор на писмо, денес тоа е возможно за помалку од минута. Интернетот ви нуди низа можности и опции за постојан контакт со саканата личност, односно за врската преку жица. Социјални мрежи, видео телефонски разговор преку „skype“, СМС пораки - на вас останува за кои ќе се одлучите. 

Ако вашите емотивни проценки ви говорат дека вреди да се борите за љубовта на далечина сторете го тоа без размислување. Согледајте ги важните вистини за една врска и пронајдете ги начините да успеете.

И не заборавајте љубовта е најсилна кога ја покажува својата слабост!

Откриено што ја намалува машкоста за 1 см! Внимавајте ако го практикувате ова

За интимните односи и половите органи речиси и да нема тема која не е разработена и за која не е зборувано. Покрај методите и исхраната која влијае позитивно на големината на машкиот полов орган постои и нешто кое влијае и негативно.

Според студија објавена од „Journal of Sexual Medicine" потврдено е дека дури 20 отсто од машката популација има помал пенис дури и од просечниот, 12,5 цм во ерекција. На нашите простори просечната должина на машкиот полов орган е 14 цм во ерекција.

Она што негативно влијае и доведува до намалување на пенисот е нередовното мастурбирање и немањето сексуални акти.

За виталност и здрав пенис истражувачите велат потребно е барем два пати недлно да имате секс или да мастурбирате, особено ако сте на возраст од 18 до 30 години.

Навидум безначајно, но интересно - Зошто Меган Маркл мора да се поклони пред Кејт Мидлтон?

Иако и двете имаат 36 години и еднакви титули, од Меган се очекува да се поклони пред Кејт.

На поклонувањето со спуштање на глава и потклекнувањето Меган е навикната, бидејќи протоколот наложува дека таа тоа мора да го прави во присуство на членовите на кралското семејство, поготово оние кои се од повисок ранг од неа.

Бидејќи Кејт е омажена за идниот крал на Англија, Вилијам, таа е со повисок ранг од Меган.

Мажот на Меган, Хари е шестиот претендент на престолот во наследниот ред, додека неговиот брат Вилијам е втор, и се наоѓа веднаш за принцот Чарлс, кој би требало да го наследи, пишува британскиот „Експрес“.

Највисокиот женски чин во кралското семејство, кралица - консорт се доделува на жената на кралот кој владее. Таа нема да има политичка моќ, но ќе го дели неговиот општествен ранг и статус.

Иако Меган доби еден од највисоките рангови во кралското семејство, таа ќе мора да се поклонува пред сите членови на семејството кога не е во присуство на Хари, бидејќи не е од кралска крв.

Покрај поклонувањето, од Меган се очекува постојано да носи проѕирни најлонски чорапи. Тоа се очекува од сите дами во кралското семејство.

Многу обложувалници ќе претрпат штета? Лажна дојава за бомба пред финалето во Киев

Пет метро станици, во централното градско подрачје во Киев беа затворени по дојавата за поставена бомба, која подоцна се испостави како лажна.

„Станиците се проверени и отворени за патницит. Експлозивни средства не се пронајдени“, соопшти киевската градска служба која управува со метрото.

Големото финале помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид се игра вечерва од 20:45 часот.

Најчитани

Твитови