Уште 24 часа не делат од започнувањето на ЗОИ

Во годините во коишто се одржуваат светските фудбалски првенства, глобална најава за спортските спектакли коишто се резервирани за летните месеци се Зимските Олимписки Игри. 23-тите Зимски Олимписки Игри од 9 до 25 февруари 2018 ќе се одржат во јужнокорејски Пјонгчанг, којшто ќе биде третиот азиски град-домаќин на оваа грандиозна спортска манифестација по јапонските Сапоро во 1972 и по Нагано во 1998 година. Ова ќе бидат први Зимски Олимписки Игри на коишто ќе бидат поделени повеќе од 100 комплети медали, ќе бидат промовирани лауреати и нивни придружници на пиедесталот во 102 дисциплини.

Пјонгчанг е оддалечен само деведесетина километри од димилитаризираната зона којашто ги дели Јужна и Северна Кореја, па близината на толку значаен и голем спортски настан до политички и воено нестабилно подрачје ќе биде една од спецификите коишто ќе ги следат овие ЗОИ. Официјалниот слоган на Игрите ќе биде „Страст. Поврзани“. „Страст“ ќе го симболизира Пјонгчанг 2018 како сцена на глобален спортски фестивал на којашто луѓето ќе ја доживеат возбудата на духот на олимпизмот, ќе споделат инспирации и ќе се запознаат со посебната корејска гостопримливост. „Поврзани“ ќе ги потенцира културните разлики и отвореноста на Пјонгчанг, во смисла дека сите генерации ќе можат во секое време и каде било да бидат во меѓусебни релации благодарение на врвните корејски технолошки достигнувања. Олимпискиот стадион со капацитет од 35 илјади гледачи, којшто има петтоаголен облик, ќе се користи само за церемонијалите на свеченото отворање и на свеченот затворање. По завршувањето на Игрите ќе биде урнат. 

Маскоти на Зимските Олимписки Игри 2018 се Сухоранг (бел тигар) и Бандаби (црна мечка). Сухоранг се смета за животно чувар на Кореја. На корејски јазик „сухо“ значи заштита, додека „ранг“ е произлезен од корејскиот збор за тигар. Азиската црна мечка Бандаби има полумесечина на градите. Тоа ја симболизира силната волја и храброста во корејскиот фолклор. „Банда“ е изведен од корејскиот збор за полумесечина, а „Би“ ја означува прославата којашто ја носат Овие Игри. 

Олимпискиот амблем на Пјонгчанг симболизира хармонија. Се состои од пет бои: жолта, зелена, сина, црвена и црна. Произлегува од мотивите на олимписките кругови и ги содржи петте бои коишто се корејско обележје. Пјонгчанг ќе биде уникатен град-домаќин поради близината на сите олимписки борилишта. Дури и до најоддалечените, како Алпенсиа ресортот, Јеонгсеон алпскиот центар, Бокванг снежниот парк, Гангнеун олимпискиот парк и Квандонг центарот за хокеј на мраз ќе се стигнува за помалку од половина час возење. Пјонгчанг ќе биде најмалиот град домаќин на Зимски Олимписки Игри по Лилехамер, каде што се одржаа ЗОИ во 1994 година.

За овие игри беше заинтересирана и Северна Кореја, којашто имаше идеја да биде своевиден кодомаќин, евентуално организирајќи ги скијачките натпреварувања во Вонсон, во провинцијата Гангвон. Сепак, организацискиот комитет на Игрите 2018 во Пјонгчанг ја одби ваквата понуда. Проценките се дека вкупните трошоци за Зимските Олимписки Игри во Пјонгчанг ќе изнесуваат 10 милијадри долари, што би било петпати помалку од Игрите во Сочи 2014, за коишто се смета дека се најскапите воопшто досега. Со оглед на географската местоположба, Пјонгчанг изгледаше сообраќајно изолиран од престолнината Сеул, којшто е оддалечен 125 километри.

Сепак, Јужна Кореја изгради нова железница меѓу двата града којашто го забрза патувањето. Дистанцата од Сеул до Пјонгчанг сега се менува за помалку од еден час. Интернационалниот Олимписки Комитет ја суспендираше Русија од овие ЗОИ во Пјонгчанг, поради долготрајната истрага за систематско користење допинг во оваа земја. Под олимписките обележја, ќе можат да настапат само оние руски спортисти коишто ќе докажат дека не користеле дстимулативни средства.

Ексклузивно на Првата програма на Македонската Телевизија со свечено отворање на 9ти февруари 12:00ч, во текот на 16-те натпреварувачки дена, екипата од 7 коментатори ќе покрива над 200 часа олимписка програма, при што најголемиот дел ќе биде во живо, во периодот од 02:00 до 15:30, но и одложни снимки во периодот од 15:30 до 23:00.

Брачните терапевти тврдат: Разводот не е неуспех, туку доказ дека бракот бил успешен!

Бракот и понатаму може да се смета за успешен дури и ако заврши со развод, велат психотерапевтите. Брачните советници тврдат дека бракот е дизајниран со цел луѓето да можат да "растат" - и понекогаш ја "прераснуваат" таа врска.

Важно е да се прифатат промените во бракот, а не да се стравува од нив.

Хал Рункел, брачен терапевт од Атланта вели дека "бракот има една цел", а тоа е луѓето да постигнат личен раст во него. Во својата пракса тој вели дека никогаш не ги предомислувал партнерите ако тие одлучиле да се разведат, а според него, разводот не претставува неуспех.

"Бракот е совршено дизајниран за да ни помогне да пораснеме. Тој создава предизвици, ја открива нашата себичност и незрелост. А тоа е добра работа. Тој постојано бара од вас психички да растете и да се развивате, а тоа понекогаш значи и разделба од вашиот партнер", вели Рункел.

Њујоршкиот психолог Лаура Маркам се сложува со Рункел и додава:

"Да бидете способни да ги прифатите околностите и искуствата во животот како прилика за развој, а не како нешто што ќе ве направи среќни или несреќни е клучот за задоволство во врската".

Причини зошто Ви доцни менструалниот циклус а не е во прашање бременост!

Доколку менструалниот циклус Ви доцни не мора да значи дека станува збор за хормони, бременост или прерана менопауза. Обрнете внимание дали го запоставувате Вашето здравје, бидејќи тоа може да предизвика нарушен месечен циклус.

Некои од причините можат да бидат стресот, патувањата кои се шок за организмот и премалку сон. 

Стрес

Стресот може да се предизвика од трауматични настани како смрт или болест на блиска личност, раскинување, преселување или губење на работно место. Сите ситуации кои нагло се случуваат во Вашиот живот значително го зголемуваат нивото на стрес.

Имено, стресот влијае на делот на мозокот под името хипоталамус кој ги регулира хормоните во телото, помеѓу сè и менструалниот циклус, кој може да биде нередовен, а крварењата да се обилни или многу слаби.

Патување

Патувањата посебно оние подолгите можат да бидат голем шок за телото. Несоницата, нервозата и уморот се само некои од симптомите за нередовна менструација поради различните временски зони.

Таквите промени влијаат на циклусот, кој може да стане пократок или подолг. Но, не грижете се, менструацијата би требало да се нормализира после два до три циклуси.

Малку сон

Одмор не е седење пред ТВ, туку мора да се наспиете. Малку сон може да предизвика бројни негативни промени во организмот како пад на имунитетот, нервоза, умор и омалаксаност, но и пореметување кај менструалниот циклус.

Докажано е дека на човекот му се потребни 7 до 9 часа сон и поради тоа е потребно да се променат дневните рутини и да му овозможите на телото доволно време да се одмори.

Ангелика Кенова вистинска жива Барбика: Изгледа како кукла и живее под „стаклено ѕвоно“! (ФОТО)

На сите ни е познато дека девојките од Русија се исклучително убави и дека имаат многу додворувачи, но приказната на Ангелика Кенова е нешто што не го гледаме секој ден.

Таа никогаш не излегува сама од дома, бидејќи постојано со неа има телохранители. Имено, медиумите веќе пишуваа за тоа дека Ангелика е многу убава, па родителите ја штитат од момчињата.

Ангелика изгледа како човечка Барбика, а изгледа дека тоа предизвикува големо внимание. Таа истакнува дека нејзините родители постојано ја гледале како вистинска принцеза и дека не ја пуштале да излегува сама.

Не излегувала со момчиња, како другите девојки, не води нормален живот, бидејќи изгледа како кукла.

"Додека бев девојче, родителите ме претвораа во Барбика и ми беше драго што луѓето така ме доживуваа, бидејќи таа е идол на девојките ширум светот", рекла таа.

Напоменува дека немала пластични операции и дека сѐ што е на неа е природно. Меѓутоа, многумина не веруваат во нејзината приказна.

Додава и дека родителите ја тераат редовно да вежба, па признала дека сака да го напушти својот живот кој сега е под "стаклено ѕвоно" и да почне да живее како сите други нормални девојки.

Најчитани

Твитови