ВИСТИНСКА ЉУБОВ: Само една ме сакаше кога бев водоводџија, денес таа ми е сопруга!

Ирскиот ММА борец и УФЦ шампион Конор Мекгрегор кој денеска важи за еден од најпосакуваните мажи на светот редовно ги одушевува жените со неговото секси мускулесто тело, моден стил, но и посветеност на семејството.

Неодамнешната борба со боксерот Флојд Мејведер ја следеа многу жени кои и понатаму лудо го обожаваат ова „лошо момче“ со секси тетоважи, иако Мекгрегор изгуби во десеттата рунда.

Конор исто така е обожавател на скапи автомобили и има возен парк во кој се вбројуваат Bentley, Lamborghini и Rolls-Royce, а како голем љубител на модата тој поседува дизајнерски парчиња во кои доминираат класични костуми со кошули од најфина италијанска свила.

Покрај неговиот имиџ на „опасен тип“, Мекгрегор е вистински семеен човек и обожава и сака само една жена на која јавно ѝ се има заблагодарувано што е со него од деновите кога бил никој, до денес.

Пред да стане шампион, милионер и предмет на обожавање на илјадници жени, Конор работел како водоводџија, но ја имал љубовта на Ди Девлин.

Со неа е заедно девет години и неодамна добија син.

Во најтешките моменти од неговиот живот таа му била најголема поддршка и многумина ја нарекуваат нивната љубовна приказна вистинска модерна бајка.

Карлеуша не може да му ги прости овие експлицитни фотографии на својот сопруг! (ФОТО)

Поп-пејачката Јелена Карлеуша веќе десет години е во брак со фудбалерот Душко Тошиќ, со кого ги има ќерките Атина и Ника. Дека во нивниот брак не секогаш „цветаат рози“ откри и самата во последното интервју, а сигурни сме дека причина плус за нова кавга ќе бидат и експлицитните фотографии на фудбалерот.

Иако истите се направени во време кога Дуле и Јеца не биле во љубовна врска. сепак, блиските пријатели на парот тврдат дека и ден денес таа не може да му го прости овој обид за стекнување популарност, позирајќи гол со старлетата Александра Марјановиќ во фотосесија за магазинот „Свет“.

Трикови од експертите: Како до експлозивен оргазам!

Dr. Laura Berman, психијатар во Универзитетот Northwestern, открива стручни тајни за максимално уживање во спалната соба.

Предиграта започнете ја со жешки СМС пораки, вежбајте ги карличните мускули, а колку повеќе го одложувате оргазмот, толку е поексплозивен, тврдат терапевтите.

 

Вежби за подобар секс

Вежбата го прави мајсторот, а ако сакате интензивни оргазми, ќе ви помогнат Кегеловите вежби кои ја зајакнуваат карлицата.

Овие вежби три пати на ден ќе ви овозможат оргазми од соништата - тврди сексуалниот терапевт Dorian Solot.

Заедничко возбудување

Истражувањата потврдиле дека ако се занимавате со возбудлив спорт, како планинарење со партнерот или едноставно гледање хорор филмови, тоа го поттикнува производството на допамин, хормонот на еуфоријата кој го испуштаме за време на сексот.

Одложете го задоволството

Оргазмот ќе биде уште поексплозивен ако го одложувате. Малку пред оргазмот, забавете и така неколку пати, додека целата сила на возбуда не се собере, оргазмот ќе биде како експлозија.

Како да дојдете до оргазам истовремено со вашиот партнер?

Со техника на дишење до оргазам

Составен дел на тантричкиот секс е контролата на дишењето. Имено, со дишење можете да ја насочите својата сексуална енергија.

Колку им е потребно на жените да доживеат оргазам?

Опуштете се и уживајте

Француската студија на повеќе од 500 жени потврдила дека за речиси 70 проценти од жените стресот на работа го сметаат за најголемиот виновник за слабото либидо. Стручњаците советуваат своите проблеми да ги оставите на работа, опуштете се и уживајте во спалната соба.

Дали мажот навистина може да сака две жени: За жал да. Како? Прочитајте!

Се верува дека мажите, како полигамни суштества, можат да сакаат две или повеќе жени во исто време.

Колку пати сте ја слушнале приказната за љубовен триаголник - кога еден маж е меѓу две жени? Може ли човек навистина да сака две жени во исто време?

Од гледна точка на психологијата, мажот не може да ги сака двете жени во исто време, ако, се разбира, станува збор на вистинска и искрена љубов. За жал, според психолозите во овој триаголник, мажот се сака само себеси. Проблемот е што тој навистина може да мисли дека сака две жени во исто време, но на ниво на потсвеста ова однесување има сосема различни мотиви.

Кои луѓе велат дека сакаат истовремено две жени?

Егоист

Човекот што се сака само себе се однесува така. Во тој случај тој го слуша своето его. Како што веќе рековме, ова не е секогаш свесно. Можеби му се чини дека е вљубен во две жени одеднаш. Но, всушност, тоа е само покажување на егото: „Имам две жени, јас сум кул". Или поради тоа што ја зголемува својата самодоверба: „Можам да си дозволам да сакам две жени". Или можеби тоа епогодно за него: „Удобно и смирено со едната, и брилијантно и страсно со другата". И така му се допаѓа. Таквите луѓе размислуваат само за себе и прават се за себе.

Незрел човек

За него, сакањето неколку жени е начин да се избегне одговорност, одлука и избор. Овој љубовен триаголник е резултат на неговата неодлучност и неодговорност и само изговор да не се донесе сериозна одлука.

Психологијата не верува во бајките. Таа само верува во факти и вистински мотиви, кои понекогаш се кријат многу длабоко. Љубовниот триаголник не е волшебна приказна за љубовта. Ова е цела низа скриени мотиви и причини.

Најчитани

Твитови