Џули забременила кога имала само 19 години и не очекувала дека нејзините родители ќе ја сместат во психијатриска установа како казна за валкањето на семејното име. Но, сепак тоа се случило, а деценија подоцна таа напишала книга посветена на пеколот низ кој поминала поради љубов и срам од кој никој не сакал да ја заштити. Но, и за еден храбар маж.
Џули забременила од своето момче Френк за кого подоцна дознала дека е оженет. Бидејќи не сакала да абортира, а и во тоа време абортусот бил нелегален, родителите одличиле да ја поштедат од срамот и да ја сместат во ментална установа.

„Седев во студена чекална, зелени ѕидови имаше околу мене, луѓе кои постојано нешто зборуваат. Бев бремена само трет месец. Беше страшно“, се пристеува на денот кога е примена во установата.
Поминала седум месеци опкружена со луѓе со психички проблеми, се додека на 19 април 1964 година не ја родила својата прва ќерка.
„Да родите дете надвор од брак во тоа време беше незамисливо. Родив ќерка, Ејми. Ведаш ја дадов на посвојување. Сакав да има дом, да биде мазена и чувана, а тоа јас не можев да и го овозможам во тој момент. По порудувањето се вратив во куќата на моите родители, но само на кратко. Бев тажна и скршена. Толку млада, а веќе со срушени соништа за совршен семеен живот“, додава таа. Нејзините родители оваа тајна ја чувале од сите, а каде биле тој период го покриле со измислување на приказна дека била на патување.

Френк и Џули сепак се венчале во 1965 година бидејќи тој веднаш штом дознал дека Џули е хоспитализирана поднел документи за развод. Во бракот имаат уште две деца, два сина.
Но, од 1964 година го прославувале секој 19-ти април како роденден на Емји, а потоа дознале која е нивната ќерка. Некогаш девојче, а сега жена, растена во најдобро семејство до својата 6-та година. Нивната ќерка, сега наречена Кејтил Мери Вислер, подоцна раскажала дека имала проблеми со својата макеа и дека на 12 години дознала дека е посвоена. И следеле тешки години, но кога добила свои деца, кога нејзините ќерки почнале да се распрашуваат за нивната баба, решила да ги побара своите биолошки родители. Успеала да ги најде и им испратила писмо. Биле потребни 44 години семејството да се најде на едно место.