НЕВЕРОЈАТНО:Јапонките живеат најдолго и не се дебелеат, еве зошто!

Во последните 25 години Јапонките држат рекорд како најдолговечни жени на светот, затоа што во просек живеат 84 години и згора на се и не се дебелат, објавува порталот Магазин.

Во својата книга „Јапонките не стареат и не се дебелеат“, Наоми Моријама ги открива тајните од јапонската кујна кои се одговорни за здрав и долг живот.

Моријама наведува дека намирниците кои помагаат за слабеење едноставно се дел од секојдневната јапонска кујна, кои се конзумираат на различен начин, а тоа се риба, морски растенија, зеленчук, соја, ориз, овошје и зелен чај.

Инаку Јапонците секојдневно уживаат во зготвените оброци, при што традиционалниот оброк се состои од риба на жар, чинија ориз, варен зеленчук, супа, зелен чај и исецкано овошје.

  • Важно е да се напомене дека Јапонците конзумираат околу 10 проценти од целата риба во светот, иако тие сочинуваат само два отсто од светската популација.
  • Моријама, исто така, наведува дека од детство, родителите ги учат дека мораат да јадат пополека и да го ценат секој залак.
  • Правилата на кои мора да се придржуваат се никогаш да не се полни чинијата целосно, ниту смеат да сервираат голема порција и секоја намирница мора да биде посебно сервирана.
  • Моријам истакнува дека јапонската кујна е лесна и во неа се готви пополека, намирниците главно се варат, кратко се потпекуваат на жар, се готват на пареа или брзо се пропржуваат во вок тава.
  • Наместо со леб, Јапонците со секој оброк конзумираат ориз и тоа претставува голема разлика од тоа како се јаде на Исток и на Запад.
  • Во Јапонија појадокот се смета за најважен и најобемен оброк, поради што се состои од повеќе намирници и пијалаци, а кои вклучуваат зелен чај, ориз готвен на пареа, мисо супа, тофу, млад кромид, морска трева, омлет или парче риба.
  • Слатките десерти во Јапонија се јадат ретко, а кога се на мени најчесто се работи за многу мали порции, што не значи дека Јапонките не сакаат чоколадо, колачи и сладолед и торти, туку дека сфаќаат колку тој вид на храна има моќ да му наштети на организмот.
  • Вежбањето е секојдневна рутина во Јапонија и секојдневно Јапонците вклучуваат многубројни вежби, а изградиле и цела „култура на возење на велосипед“ , пешачење и планинарење, истакнува Моријама. 

Жените во овие хороскопски знаци поместуваат планини поради љубов!

Некои жени во љубовта се водат според реченицата: "Подобро е да сакаш и да изгубиш, отколку никогаш да не сакаш", додека другите многу брзо забележуваат дека другата страна не се труди доволно и сами се откажуваат.

Овен 

Жените во овој хороскопски знак влегуваат во толку страствена врска што забораваат дека секоја врска има свои ризици и дека нема секогаш да биде како што треба. Тие едноставно им се препуштаат на пеперутките во стомакот.

Жените родени во овој знак премногу се трудат околу љубовните врски, а тоа понекогаш може да заврши еднострано, таа да се труди, а тој не.

Близнаци

Жените во овој хороскопски знак го обожуваат чувството на влегување во нова врска. Тоа ги возбудува, сакаат да почувствуваат нервоза и чувство на привлечност во исто време. Покрај страв, искрено говорат за своите чувства.

Вага

Вагите им се многу верни на своите партнери и избегнуваат расправии по секоја цена. Тие знаат дека толку многу ги сакаат партнерите што сѐ би направиле и дале за нив. На тој начин всушност го изразуваат своето воодушевување.

Стрелец

Овие жени често се сурови во своите врски, но се заљубуваат до уши и сакаат со цело свое срце. Во почетокот на врската доживуваат големи налети на страст. Тие се свесни дека можеби ќе бидат повредени и дека врската нема да трае долго, но сеедно страствено влегуваат во неа.

Риби

Тие се многу искрени и емотивни. Кога некој сакаат, нема да играат игри и нема да калкулираат дали ќе бидат повредени или не. Жените родени во овој знак имаат целосна доверба во партнерот и комплетно им се отвараат. Тоа е причната зошто често се повредени.

Лудост или храброст: Русин си го зема автомобилот од пајак служба! (ВИДЕО)

Руски ТВ канал пренесе видео од несекојдневната акција на еден Русин, кој по секоја цена сакал да си го врати автомобилот кој му го дигнал пајак службата.

Русинот сметал дека неговиот автомобил му бил незаконски одземен и не ја чекал сообраќајната полиција. Човекот веданаш превземал мерки за да си го врати возилото.

Седнал зад воланот ѝ покрај тоа што возилото веќе било кренато и поставено на камионот. Тој ги тргнал синџирите од гумите ѝ почнал да вози во рикверц.

Австрискиот претседател секој ден на работа патува со метро!

За разлика од повеќето свои колеги во светот, австрискиот претседател Александер ван дер Белен го користи градскиот превоз за да стигне на работа. Тој на својот Инстаграм профил објавил фотографија од утринското возење во метро.

 

Фотографијата за кратко време се рашири на социјалните мрежи. Луѓето ширум светот го пофалија Белен за ваквата своја постапка.

Најчитани

Твитови