Како да препознаете заболувања на тироидната жлезда?

Тироидната жлезда е жлезда која наликува на пеперутка, сместена во предниот дел на вратот, веднаш под Адамовото јаболко. Жлездата ја обвиткува трахејата (дишникот) од предниот дел и се состои од два лобуса кои формираат две крилја споени меѓу себе со среден дел-истмус. Жлездата е како мала фабрика која го користи јодот (најмногу од морската храна и кујнската сол која денес е јодирана) за да произведе тироидни хормони. Овие хормони го регулираат метаболизмот во телото и имаат влијание врз растот и други важни функции во организмот.

Двата најважни тироидни хормони се тироксин (Т4) и тријодтиронин (Т3) кои преставуваат 99.9% и 0.1% од тироидните хормони, респективно. Хормон со најголема биолошка моќ претставува Т3. Откако ќе се ослободи големо количество Т4 од тироидната жлезда, тој се конвертира во Т3 – тоа е активниот хормон кој влијае на метаболизмот на клетките во целото тело.

Регулација на тироидните хормони

Тироидната жлезда е регулирана од друга жлезда која се наоѓа во мозокот, која се нарекува хипофиза. Обратно на тоа хипофизата е регулирана од тироидната жлезда по обратна спрега, како и од друга жлезда на повисоко ниво- хипоталамус.

Хипоталамусот лачи хормон наречен ТRH – thyrotropin releasing hormone кој дава сигнал на хипофизата за да лачи TSH – thyroid stimulating hormone (тиреостимулирачки хормон). Тој пак, дава сигнал на тироидната жлезда за да лачи тироидни хормони. Ако се зголеми функцијата на било која од овие жлезди, се зголемува количеството на тироидни хормони, т.е. хипертиреоза, ако пак се намали функцијата на жлездите, доаѓа до намалено лачење на тироидни хормони – хипотиреоза.

  1. Хипоталамус – TRH
  2. Хипофиза – TSH
  3. Тироидни хормони – T4 и T3

Количеството на ослободување на тироидни хормони се контролира од хипофизата, ако е намалено количеството на тироидни хормони, се лачи поголемо количество на TSH од хипофизата за да се стимулира лачењето на истите, доколку пак, се зголеми концентрацијата на тироидните хормони, се намалува лачењето на TSH од хипофизата за да се намали нивната концентрација.

Од тироидната жлезда се лачи и друг хормон кој се нарекува калцитонин. Тој се лачи од други клетки и не учествува во регулација на метаболизмот. Калцитонинот е хормон кој го регулира калциумот и ја намалува неговата концентрација во крвта.

Кои видови на заболувања се јавуваат кога е пореметена функцијата на тироидната жлезда?

Ако е намалена функцијата на тироидната жлезда и ако нејзините регулатори не функционираат нормално, може да дојде дохипотиреоза. Има многу различни причини за хипотиреоза и тоа:

  • Тироидит на Хашимото (автоимун тироидит)
  • Постпартален тироидитис (воспаление на тироидната жлезда после бременост)
  • Акутен тироидитис
  • Тивок – „silent„ тироидитис
  • Резистентност на тироидни хормони
  • Лекови кои влијаат на тироидната функција (пр.Амиодарон)

Ако е зголемена функцијата на штитната жлезда или ако нејзините ргулаторни хормони (ТSH, TRH) доведуваат до тоа таа да произведува повеќе тироидни хормони, може да дојде до хипертиреоза. Причини за тоа можат да бидат:

  • Болeст на Graves
  • Toксична мултинодозна струма
  • Токсичен нодус („топол„ јазол)
  • Ексцесивен внес на јод
  • Хашитоксикоза
  • Медикаменти


Извор 
Неуромедика.мк

ЕКСКЛУЗИВНО: Иван Исцелител, конечно откри која е неговата САКАНА!

Иван Исцелител дефинитивно е надалеку познат, па и Српската естрада покажува многу наклонетост и почит кон негоата работа... 
Тој на својот профил ја објави сликата со српската пејачка Душица Милојевич! 

СИНОТ НА ТЕРЗИЧ ПРЕГАЗИ ПЕШАК НА НОВ БЕЛГРАД: Пензионер поминувал улица на необележано место за пешаци!

Никша Терзич, синот на Звездан Терзич, со автомобилот прегазил пешак кој претрчал преку улица, на место каде што не е обележан пешачки премин. 
тешко повредениот пешак вчера бил опериран, а според првите и неофицијални имформации, претрчувал улица на место без обележан пешачки премин, наводно со повеќе од еден промил алкохол во крвта. 

Повредениот пешак е пензиониран полициски функционер, а во овој момент се утврдуваат околностите под која се случила несреќата. Иако првичната неофицијална информација била дека со возилото управувал Костадин, во меѓувреме изворите за Курир потврдиле дека станува збор за другиот син на Терзиевич Никши. 

Да се потсетиме, дека и Костадин Терзич пред година дена имал собраќајка во центарот на Белград кога се судрил со возило на див таксиста на улица Крал Милан. 

Незјиното тело, е совршено ремек дело: Има 43 години и 3 деаца, но е права бомба!

Анабела Атијас, чива ќерка е во центарот на вниманието поради скандалот во реалното шоу, таа има 43 години 3 деца, но сепак изгледа фантастично. 
пејачката и танчерка на „Instagram“ ја откри тајната за својот фантастичен изглед. Имено, Анабела редовно и напорно тренира, а уште кога ќе се приклучи на електричните стимулатори за мускули, резултатите се брзо видливи, освен што помагаат во слабеење тие го намалуваат и целолитот. 

Да се потсетиме, Анабела има два брака, со Гаги Џогани во 1996-та ја доби првата ќерка Луна, а неколку години покасно повторно беше трудна и носеше близнаци, но ги изгуби. ќерката Нина ја доби во 2005-та година, а четири години покасно се разведе, за во 2012-та година да се омажи за сараевскиот бизнисмен Андреја Атијас, со кој година дена покасно доби ќерка - Бланка. 

Анабела неколку години после разводот со Гаги прозбори за семејното насилство кое го трпела, а и Луна неколку пати во ријалити шоуто спомна дека како мала многу пати гледала како татко и ја тепа мајка и. 

Најчитани

Твитови