Златна Рипка на Државна лотарија на Македонија остварува желби
Уште една добивка и уште остварени желби, овој пат во Штип донесе инстант лозот Златна Рипка на Државна лотарија на Македонија. Среќниот добитник на 500.000 денари е Лозов Николче од Штип. Во Трговскиот Центар во Штип купил два инстант лоза Златна Рипка, кои пак му донеле добивки од 50 денари , и веднаш ги заменил за два нови лоза. Гребејќи го вториот инстант лоз , добитниот број 27, Николче го пронашол и во полето означено како „Твои Броеви“ , а под 27-ката била впишана сумата од 500.000 денари. Николче ни раскажа и дека редовно гребе по некој инстант лоз, а после добивката од 500.000 денари ќе почне да игра и по некоја комбинација во НовоЛото 7/34.

Остануваат уште многу парични добивки од инстант лозот Златна Рипка, кој е веќе во продажба во својата втора серија. Не чекајте пронајдете ја и вие вашата, или пак израдувајте некој од своите најблиски со инстант лотаријата Златна Рипка.

Државна лотарија на Македонија