Како се однесуваат хороскопските знаци кога немаат секс?

Различни хороскопски знаци реагираат различно на недостатокот на секс, прочитајте и научете како се однесува вашиот партнер.

Сексот е деликатно прашање, а кога го нема, многу луѓе стануваат вознемирени, лути и целосно невозможни за соживот. Ајде да видиме како кој хороскопски знак се носи со недостатокот на секс.

Овен

Страстните Овни се ненаситни зависници од секс, така што дури ниту најкраткиот период на апстиненција не е прифатлива опција за овој знак. За почеток се тешат со порно филмови и со литература, но дури тогаш полудуваат и стануваат нервозни и жестоки.

Бик

Биковите се алчни до болка, но успешно се контролираат и сокриваат. На страстните љубовници им треба малку повеќе време да се запалат, а потоа се незапирливи. Но ако се долго без секс, неговата самоконтрола ќе попушти и сѐ ќе излезе на виделина. А кога бикот ќе полуди, подобро е да му се тргнете од патот.

Близнаци

Близнаците се разиграни и љубопитни, сакаат секс и менување партнери, штом се наситат во некоја врска. За нив, сексот е важна форма на дружење, па кога немаат секс се чувствуваат дезориентирани и не можат да се концентрираат на нормалните дневни должности. Ќе се обидат што е можно поскоро да најдат нов партнер, користејќи ги сите видови на трикови.

Рак

Раковите можат долго да апстиннираат, иако се многу еротски личности, затоа што немаат силна потреба за сексот, па затоа попрво ќе бидат сами, отколку да влезат во врска само заради секс. На раковите е исто толку важно да чувствуваат нешто за партнерот, како и самиот секс, така што едно без друго не одат. Но предолго чекање ги носи во депресија.

Лав

На лавовите, на старите ненаситници, сексот им е на ум по целиот ден и целосно уживаат во него. Сексот за нив е и потврда за сопствената самопочит па се фалат со цела уста и се покажуваат со што е можно повеќе партнери. Затоа, успешно ќе го прикријат недостатокот од секс и нема на нив да биде забележително дека тие се, всушност, сосема изгорени.

Девица

Девиците се навидум ладни, а во сексот се прилично ненаситни. Како всушност сакаат нежност и мазење, апстиненцијата им паѓа многу тешко и стануваат кисели, непријатни и фитилот им станува пократок, така што се многу непријатни за околината. Сексот за нив е поважен отколку емоционалната интимност.

Вага

За вагите осаменоста е најлошото нешто на светот, бидејќи тие се навистина зависници од љубов, кои често мешаат секс и љубов. Затоа им е многу тешко да се воздржат и да се помират со моменталната ситуација, така што не ретко се препуштаат на промискуитетот за да ги задоволат своите потреби.

Скорпија

Скорпиите страдаат од синдромот на претеран секс, секогаш подготвени за нова битка помеѓу чаршавите. Ако нема секс, тие губат самоконтрола и стануваат целосно опседнати со секс, како и агресивни и нападни кон спротивниот пол. Ако ништо не помогне, ќе посегнат по друштвото на проститутките од двата пола.

Стрелец

Стрелците сакаат секс во сите можни варијанти, но не се зависни, па за нив е нормално имаат ли секс или не. Апстиненцијата ја поднесуваат одлично, бидејќи сексуалната енергија можат лесно да ја исфрлат со забава и спорт. Покрај тоа, за време на сушниот период јавно ќе го признаат тоа и ќе прават шеги на своја сметка.

Јарец

Јарците се страсни и ненаситни, но исто така имаат самоконтрола, како ниту еден хороскопски знак. Не се зависни од секс, внимателно ги одбираат партнерите, па својот сексуален апетит можат да го стават настрана и да го згаснат кога ќе најдат партнер кој целосно му одговара.

Водолија

Водолиите не се зависни од ништо, дури ни од секс. Ако го нема, ќе се забавуваат со пријателите или на некој уникатен својствен начин и ќе чекаат сексот да се случи. Можат да се воздржат долго без каква било промена во однесувањето, а на потенцијалните партнери ќе им пристапат мирно и спокојно.

Риби

Романтичните Риби се често жртви на нивните чувства кои влијаат на сексуалната активност. За нив сексот е исто што и љубовта и секогаш се заљубени во лицето со кое имаат секс. Имаат постојана потреба да бидат сакани, но кога ја немаат, започнува панична потрага за вистинскиот партнер. Во тие околности доста насилно го освојуваат спротивниот пол.

Месечниот циклус го открива животниот век!

Истражување на Универзитетот во Сан Диего чии резултати се објавени во списанието “Менопауза“ проучени се податоци од 16.000 жени во менопауза. Меѓу испитаниците кои ја добиле првата менструација ја добиле на 12 или повеќе години односно во менопауза влегле со 50 или повеќе години биле најмногу од оние кои доживеале 90 години.

“Откривме дека жените кои добиле менструален циклус после 16 година, имаа помали здравствени проблеми, како коронарни болести на срцето и жените кои влегуваат во менопаузата подоцна, често се со одлично здравје што може да биде објаснување на нашето откритие“, изјави авторот на студијата Аладин Шадиаб.

Секој прст на раката е поврзан со одреден орган: Доколку ги масирате 60 секунди болката од дел на телото ќе исчезне!

Јапонската древна медицина вели дека секој прст е поврзана со одреден орган во телото, како и дека за подобрување на работата на овој орган и за отстранување на некои вообичаени здравствени проблеми, како што се главоболка и затворот, можеме да влијаеме преку одреден прст.

Всушност, секој прст на нашата рака, според алтернативната медицина, е поврзана со некој орган и со одредена физичка болка.

За да ја отстраните болката, масирајте одреден прст и многу брзо симптомите треба да се ублажат или да исчезнат. Доволно е само 60 секунди триење да ја почуствувате промената на подобро.

Објаснување:

Палецот е поврзан со срцето и белите дробови. Масирајте го овој прст кога ќе почувствувате дека срцето ви чука (пре) силно и кога ќе се задишете и останете без воздух.

Показалецот е поврзан со бубрезите и бешиката. Масирајте го овој прст кога ве мачи затвор или диареа. Масирајте го и во случај да имате проблеми со слезината и желудникот.

Средниот прст е поврзан со жолчната кеса и црниот дроб. Масирајте го овој прст кога ќе ве мачи несоница, мигрена или кога во текот на возењето ќе почувствувате мачнина.

Четвртиот прст е поврзан со дебелото црево. Масирајте го овој прст, ако ве мачи главоболка, мигрена и вкочанетост и болка во вратот, што може да биде последица на слаба циркулација.

Малиот прст е поврзан со тенкото црево. Масирајте го овој прст кога ќе почувствувате тешкотија и нервоза.

Заборавете на антибиотици: Домашен сируп против кашлица! (Pецепт)

Сезоната на вируси започна, затоа навреме веднаш спречите ги бактериите. Главоболка, температура и кашлица се најчести симптоми. Затоа заборавете на антибиотици, бидедејќи ви нудиме природен начин како да превенирате и воедно излечите настинка со овој домашен сируп...

Состојки:

200 гр шеќер

300 мл вода

6 ловорови листови

1 лажичка жалфија 

1 лажичка бел слез

1 лажичка камилица

Подготовка:

Растопете го шеќерот на ниска температура за да добие кафеава боја. Додадете ги и останатите состојки и нека врие три минути. Тргнете од огин и кога ќе се олади сипете во стаклена тегла која претходно која ќе ја чувате во фрижидер.

Поголемите деца и возрасните нека конзумираат по една супена лажица неколку пати дневно, помалите деца по една кафена лажица.

Најчитани

Твитови