Ефикасен метод против несоница: „Еве како научив да заспивам за само 1 минута“!

Својата исповед за тоа како ја пронашла оваа прекрасна метода, Али Гонзалес ја раскажа вака:

„Сè започна недела дена пред венчавката на мојот најдобар пријател. Тогаш мојот замор и нервозата достигнаа критична точка. Никако не можев да заспијам. Сè поради тоа што морав да смислам говор. Мојата срамежливост и нервозата не ми дозволуваа да спијам. После три дена несоница и грижа за венчавката што следи, побарав совет од мајката на невестата. Таа ми предложи една метода, која требаше да успее. Јас ѝ поверував, бидејќи таа жена долго време држи часови по медитација и има лиценца за вршење медицинска практика. Што да кажам, нејзиниот совет ми го промени животот!“

Најдобро е да ја запомните оваа техника како „4-7-8“. Еве што треба да  направите.
Техника за брзо заспивање 4-7-8

Сместете се во лежечка положба, нека ви биде удобно и топло.

  1. Затворете ги очите и вдишете длабоко низ носот. Вдишувањето со полни гради треба да трае 4 секунди.
  2. После ова, задржете го воздухот во градите 7 секунди.
  3. На крај, започнете полека да го испуштате воздухот низ устата во траење од 8 секунди.
  4. Потоа, повторете ја целата процедура 4-7-8.

Додека го правите ова, може да ги броите секундите во себе и со тоа да ја следите постапката на дишење. Толку е едноставно. Оваа вежба за дишење го намалува срцевиот ритам и смирува. Покрај тоа, делува брзо – по само неколку повторувања. Иако изгледа како бесмисленост, навистина делува.

Како делува?

„Не можев да дочекам да ја испробам оваа ‘шега’ во пракса. На мое потполно изненадување, се разбудив следното утро. Дури не сфатив дека не сум ги изброила оние 8 секунди за издишување после второто повторување. Еве што дознав за тој ефект:

Кога чувствувате стрес, загриженост или анксиозност, количината на адреналин во крвта расте, а дишењето станува плитко и забрзано. Методата која ми ја кажа оваа жена делува како седатив. Задржувањето на здивот со особено бавно издишување го забавува срцевиот ритам. Тоа е физиологија.

Исто така, оваа метода го смирува вашиот ум. Само затоа што постојано мора да броите во себе и да бидете сконцентрирани на дишењето. Во тој момент вие не го сфаќате тоа, но вашиот нервен систем полека ќе се смири, а чувството на загриженост ќе исчезне. Тоа ќе ви го каже секој невролог. Како резултат на тоа, цело ваше тело ќе се опушти. По брзината и силината оваа метода е слична како анестезија.“

Со изучување на оваа техника се занимавал докторот по медицински науки на Харвард, Ендру Вејл. Тој утврдил дека методата „4-7-8“ неколку века им е позната на индиските наставници по јога. Тие ја користеле при медитација за постигнување потполна релаксација. Па, може да заклучиме дека е потполно безопасна.

Ако се разбудите во текот на ноќта или долго размислувате пред спиење, или сте нервозни поради некој настан што следи, користете ја методата ‘4-7-8′. Ќе ви биде од голема корист.

Доктор Вејл препорачува да ја практикувате методата секој ден по двапати за да ја усовршите и да бидете во можност да ја искористите секој пат кога ќе ви биде потребна.

Обидете се, нема да зажалите!

Без срам, Цеца објави фотографија на која е потполно гола! (фото)

Цеца повторно провоцира. Имено на својот инстаграм профил фолк дивата објави фотографија на која сакаше да се пофали за одличната шминка која ја има на себе. Но во прв план не се истакна шминката туку нејзиното голо тело. На што следеа бурни реакции од медиумите и нејзините колеги. Но Цеца и овој пат како вистинска ѕвезда не им придаде многу значење на лошите коментари. 

Кој е Владимир Путин? Работи кои не сте ги знаеле за рускиот претседател!

Владимир Путин е роден е на 7-ми октомври 1952 година во Ленинград денешен Санкт Петербург. Од мајка која работела како обичен работник во локална фабрика и татко кој бил регрутант во советската морнарица.

Путин имал двајца постари браќа Виктор и Алберт кои починале пред тој да се роди. Во 1983 година се оженил со Људмила Путинаи со која ги има двете ќерки Мариа и Катерина Путина, кои поради безбедност оделе во училиште под лажни имиња. Во 2014 парот се разведе по 31 година брак а денес Људмила има 21 година помлад сопруг.

Освен ова постојат и работи кои светот сеуште не ги знае за фамозниот путин. Како на пример:

Путин обожава кучиња и чува неколку во својот дом.

Путин ретко говори англиски, но германскиот јазик го владее совршено.

Во 2010 бил атеист, но по две големи несреќи кои ги доживеал станал православен христијанин.

Тајна врска со добитничката на олимписко злато гимнастичарката Алина Кабаев со која кружат гласини и дека име дете.

Не се знае колку години имаат неговите ќерки. Се претпоставува дека неговите ќерки се родени во 1985 и 1986 година, а  веќе имаат и свои семејства. Некои тврдат дека сопругот на едната повторно е од блискиот круг на Путин.

Помладата најверојатно се вика Катерина, а постарата Марија, но околу тоа има дебати и не е сигурно.

Постарата ќерка најверојатно со име Марија, имала група на пријатели кои не му се допаѓале на Путин. Некои од нив биле хомосексуалци, а Путин има строг став против правата на хомосексуалците во Русија. Таа наводно се омажила за Холанѓанец и некое време живееле во Холандија. Но, откако почнале да пристигнуваат медиумите во малиот град каде била сместена, се преселила.

Помаладата Катерина е почитувана танчерка и настапува под прекарот Tikhonova бидејќи се обидува да мине тајно на танцувачките натпревари.

Путин има семејна вила во Франција во која се релаксира комплетно кога сака да побегне од работните обврски.

Семејното богатство на Путин е огромно и се брои во милијарди, но точни бројки нема.

VELUX EHF FINAL4 Cashback Програма: возбудливи моменти за љубителите на ракометот!

Спектакуларното финале на оваа ракометна сезона, VELUX EHF FINAL4 2018, се наближува: од 25-ти до 27-ми мај 2018, најдобрите тимови ќе се натпреваруваат за титулата. Членовите на VELUX EHF FINAL4 Cashback Програмата ќе можат да добиваат атрактивни предности.

Оваа година, VELUX EHF FINAL4 Cashback Програмата повторно ќе им овозможи многубројни возбудливи моменти на љубителите на ракометот. Заинтересираните лица ќе имаат можност да ги добијат сите детали на информативните штандови лоцирани насекаде низ просторот на настанот.

Како дополнување на забавните активности, посетителите исто така ќе имаат можност да учествуваат во наградната игра во која можат да добијат „Backstage“ влезници на LANXESS арената, викендот за време на настанот, како и влезници за натпревар по сопствен избор за време на 2018/2019 сезоната.

Друг важен момент ќе биде „#fotocompetition“. Оние кои ќе го сликаат нивниот најдобар VELUX EHF FINAL4 момент и ќе го постираат на Facebook, Instagram или Twitter, со користење на хаштагот “#cashbackehffinal4”, ќе бидат прикажани на социјалниот ѕид и на внатрешните екрани на информативните штандови и ќе имаат можност да освојат влезници за VELUX EHF FINAL4 2019.

Регистрирајте се и добивајте предности

Фокусот на VELUX EHF FINAL4 Cashback Програмата е VELUX EHF FINAL4 Cashback Card. Со оваа картичка, членовите на програмата нема да добијат само Cashback и Shopping Points за секое направено купување кај некој од 90,000 Трговски Партнери во светот, туку ќе добијат и многубројни предности при купувањето на влезниците за претстојната сезона. Оние кои ќе се регистрираат директно во LANXESS арената и ќе станат член на VELUX EHF FINAL4 Cashback Програмата ќе имаат пристап до специјалната CASHBACK ЛИНИЈА и ќе добијат 4% Cashback при купувањето на влезницата за VELUX EHF FINAL4 2019. Оваа понуда е исто така валидна и за оние кои веќе имаат VELUX EHF FINAL4 Cashback Card. Повеќе информации ќе најдете на cashback.ehffinal4.com.

Најчитани

Твитови