Денеска се празнува Свети мученик Трифун, денес треба да го направите ова!

Православен календар: 14.02.2018 
Јулијански календар:01.02.2018

Светиот маченик Трифун

Роден е во селото Кампсада во Фригија од сиромашни родители. Во детството беше чувар на гуски. И уште од детството врз него беше голема Божја благодат и можеше да исцелува болести кај луѓето и кај животните и да изгонува бесови. Во тоа време со Римското царство завладеа царот Гордијан, чијашто ќерка слезе од умот и со тоа го фрли царот во голема жалост. Ниеден лекар не можеше да ѝ помогне на лудата Гордијана. Тогаш демонот прозборе преку девојката и рече дека освен Трифун никој не може да го истера. После многумина Трифуни ширум царството, по Божја Промисла го повикаа и овој млад Трифун. Го доведоа во Рим и тој ја исцели царската ќерка. Царот му подари многубројни дарови, а тој на враќање им ги раздели на сиромасите. Потоа ова свето момче продолжи да чува гуски и да Му се моли на Бога. Кога се зацари христоборниот Декиј, Свети Трифун беше малтретиран и свирепо измачуван заради Христа. Но тој со голема радост ги поднесе сите мачења, велејќи: „О кога би можел да се удостојам во оган и маки да завршам за името на Исус Христос, мојот Бог и Господ!“ Маките не му наштетија ни малку и најпосле мачителите го осудија на смрт со меч. Му се помоли на Бога и издивна во 250 година.

Светите маченици Перпетуа, Фелицитате, Сатир и другите со нив

Во времето на царот Септимиј Север ги фрлија во затвор зашто беа христијани. Света Перпетуа беше по потекло благородничка и таа ги храбреше другите затвореници да не се исплашат да пострадаат за Христа. На сон виде лествица од земјата до небото, сета начичкана со остри ножеви, јадици, клинци и други смртоносни оружја. А на дното од лествицата лежеше страшна змија. И виде како Сатир прв претрча низ лествицата до врвот неповреден, па од врвот ѝ довикна: „Перпетуа, ајде, те чекам! Но чувај се од змијата!“ Охрабрена од ова Перпетуа застана на главата од змијата како на прво скалило, па брзо редум истрча до врвот. И кога се искачи на врвот, влезе во небесата и ги виде прекрасните дворци небесни и беше многу радосна. Кога им го раскажа овој сон, затворениците растолкуваа дека наскоро им претстои смрт, и тоа прво на Сатир, коешто набрзо и се исполни. Прво го убија Сатир, а потоа Перпетуа и другите редум. Примија од Господ вечна награда во царството на светлината. Пострадаа сите за Христа во 202 или 203 година.

Преподобен Петар Галатиски

Во својата седма година го напушти родителскиот дом заради Христа и се повлече во пустина. Овде со пост и молитва толку се восоврши што правеше многу чуда со силата на Духот Божји. Околу 429 година се пресели во вечното Христово Царство во деведесет и деветтата година од животот.

ЕКСКЛУЗИВНО: Иван Исцелител, конечно откри која е неговата САКАНА!

Иван Исцелител дефинитивно е надалеку познат, па и Српската естрада покажува многу наклонетост и почит кон негоата работа... 
Тој на својот профил ја објави сликата со српската пејачка Душица Милојевич! 

СИНОТ НА ТЕРЗИЧ ПРЕГАЗИ ПЕШАК НА НОВ БЕЛГРАД: Пензионер поминувал улица на необележано место за пешаци!

Никша Терзич, синот на Звездан Терзич, со автомобилот прегазил пешак кој претрчал преку улица, на место каде што не е обележан пешачки премин. 
тешко повредениот пешак вчера бил опериран, а според првите и неофицијални имформации, претрчувал улица на место без обележан пешачки премин, наводно со повеќе од еден промил алкохол во крвта. 

Повредениот пешак е пензиониран полициски функционер, а во овој момент се утврдуваат околностите под која се случила несреќата. Иако првичната неофицијална информација била дека со возилото управувал Костадин, во меѓувреме изворите за Курир потврдиле дека станува збор за другиот син на Терзиевич Никши. 

Да се потсетиме, дека и Костадин Терзич пред година дена имал собраќајка во центарот на Белград кога се судрил со возило на див таксиста на улица Крал Милан. 

Незјиното тело, е совршено ремек дело: Има 43 години и 3 деаца, но е права бомба!

Анабела Атијас, чива ќерка е во центарот на вниманието поради скандалот во реалното шоу, таа има 43 години 3 деца, но сепак изгледа фантастично. 
пејачката и танчерка на „Instagram“ ја откри тајната за својот фантастичен изглед. Имено, Анабела редовно и напорно тренира, а уште кога ќе се приклучи на електричните стимулатори за мускули, резултатите се брзо видливи, освен што помагаат во слабеење тие го намалуваат и целолитот. 

Да се потсетиме, Анабела има два брака, со Гаги Џогани во 1996-та ја доби првата ќерка Луна, а неколку години покасно повторно беше трудна и носеше близнаци, но ги изгуби. ќерката Нина ја доби во 2005-та година, а четири години покасно се разведе, за во 2012-та година да се омажи за сараевскиот бизнисмен Андреја Атијас, со кој година дена покасно доби ќерка - Бланка. 

Анабела неколку години после разводот со Гаги прозбори за семејното насилство кое го трпела, а и Луна неколку пати во ријалити шоуто спомна дека како мала многу пати гледала како татко и ја тепа мајка и. 

Најчитани

Твитови