ВНИМАВАЈТЕ: Ако верувате во овие 3 љубовни митови, НИКОГАШ НЕМА ДА ЈА НАЈДЕТЕ ЉУБОВТА!

Следниве митови се толку распространети па воопшто и не се чудиме зошто толку луѓето веруваат во нив. Нагласуваме дека тоа се митови, и дека вас токму тие митови упорно ве одвлекуваат од машките со кои стварно можете да бидете среќни. 


Мит број 1: Колку даваш толку и добиваш

Сите сигурно сте слушнале дека позитивните мисли и вибрации предизвикуваат секако и позитивни случувања. Како и тој момент дека кармата све памти, па она ќе ни ги удри по глава сите добри и лоши работи.  Додека сето ова тврдење во голем број случаеви се стварно точи во односот маж - жена, тоа всушнот не значи дека мора да иде баш по тој ред. Не мора да значи дека мажот вас ќе ви врати со иста мера, ако му се посветите во потполност и целосно му се предадете. 
Можеби сеуште верувате дека вниманието и романтиката ќе ја добиете доколку во секој момент бидете прекрасна, нежна и неверојатна спрема својот избраник.

Меѓутоа, тоа се само само митови и ние сме тука да ви ги разбиеме сите тие верувања. чудната работа кај машките е што тие не се заљубуваат бидејќи некој им пружил љубов, внимание и се што посакале. Баш напротив. Предизвикот е оној кој буди инстинкт за љубов кај мажите. 

Запамтете дека треба да му дадете на мажот онолку колку што мислите дека заслужил и колку што мислите дека он се трудел. 

Исто така, слободно уживајте во моментите кога вашиот сакан сака да ви угодува без посебна причина и без мотив дека треба да му вратите со иста мера. Едноставно уживајте во љубовта и вниманието и без непишаните и митските правила дека давањето е еднакво и во добивање.

Мит број 2: Ако сте верени мора да се венчате!

Слушнавте дека вашата другарка/колешка од факултет ја запросил дечкото и веќе ја замислувате венчавката, децата и како они среќно живеат заедно до крајот на животот. СТОП! Дали вереничкиот прстен гарантира брак? Среќа? Љубов до крајот на животот? Секако дека НЕ!

Вистината е дека веридбата е чекор поблиску до брак, но никако не е предуслов. Никогаш не е касно и со прстеното на рака да се предомислите ако сметате дека личноста која е покрај вас, сепак не е таа со која сакате да живеете до крајот на животот и да ги чувате и воспитувате децата. Запамтете дека никогаш не е касно да ја фатите својата среќа!

Мит број3: Ако мажот ги покаже чувствата, он ќе побегне!

Уште еден мит кој нас не сопнува на патот кон вистинската среќа и љубов, тоа е всушност криењето на чувствата од страв дека мажот нема да може да ги поднесе. Правиот маж никогаш нема да побегне од искрени чувстава и емоции од неговата партнерка, туку ќе ги сподели. 

Но од љубоморни сцени, драми и опседнатос секако дека ќе побегне. Како и во се друго, така и во љубовта треба да се биде умерен и да научите како правилно да ја конзумирате. 

Наместо да му правите љубоморни сцени и испади на секој чекор, покажете ја својата наклонетост и опуштеност, бидете спонтани и природни. Имајте свој живот, свој ритам, не го ограничувајте својот свет на него и на врската. 

Ексклузив.мк

Нема дилеми, ова се знаците дека тој е заљубен во вас

Не сте сигурни дека тој чувствува нешто за вас или пак тој има проблем со искажување на чувствата? Не очајувајте, ова се знаците кои ќе ви покажат дека вие му значите:

Внимателно ве слуша дури и доколку половина час драматично му ја објаснувате караницата со колешка од работа

Очите му светат кога тој ве гледа. Неговиот поглед ја открива неговата состојба и расположение.

Разговорите на типично женските теми за мажите се крајно здодевни. Ако вие забележувате дека тој го чул она што сте го кажале на претходниот состанок и го запомнил, ова е повторно доказ дека тој има интерес за вас.

Често го сретнувате на местата каде што одите. Тој точно знае каде сакате да излезете и намерно доаѓа на „вашето“ место за да ве гледа.

Тој внимателно ве слуша и никогаш не ве прекинува.

Има доза на грижа кога сте околу него. Забрзаното дишење и честиот поглед на страна укажуваат на тоа дека тој е позитивно вознемирен кога е до вас. И тоа е јасен знак дека му се допаѓате.

Му се допаѓаат вашите шеги и секогаш се смее на нив, бидејќи ги наоѓа за доста забавни.

Вљубениот маж ќе ги сподели со вас неговите емоции и тоа што го чувствува иако сите знаеме дека тоа кај мажите е многу ретко и речиси невозможно.

Ве држи блиску до себе. Близината е најголем доказ дека тој е заинтересиран за вас.

Пуканките се одлични за срцето

Многумина не знаат дека пуканките се житарки со полно зрно кои го намалуваат ризикот од срцев удар и рак, а само 30 грама од нив се исто толку добри како и дневна порција од интегрален ориз и интегрални тестенини, вели Кетрин Колинс, нутриционист во лондонската болница „Сент Џорџ“.

Пуканките освен што се добра занимација во кино, тие се одлични и за крвните садови, варење на храната и превенција од рак.

Пуканките содржат и трипати повеќе влакна отколку истото количество сончогледови семки, поради што не се чувствува глад. Освен тоа, го регулираат и нивото на шеќерот во крвта, го намалуваат лошиот холестерол ЛДЛ, а содржат и доза на витамин Б.

Истражувањето покажува дека вистинската здравствена придобивка од пуканките се крие во „изненадувачки големото“ количество на антиоксидантот полифенол кој ги уништува слободните радикали – штетни хемикали кои предизвикуваат болести како рак и срцеви проблеми.

Ана Кокиќ открива што им забранува на ќерките

Пејачката Ана Кокиќ, како и голем број на родители на малолетни деца има проблеми кога е во прашање изложеноста на децата на телевизиските содржини кои не се соодветни. Таа се обидува да ги заштити своите две ќерки Теа и Нина од програми во кои има несоодветни содржини, каде доминираат псовки, но и насилство.

„Моите ќерки се мали дури и за реклами, а не за ријалити програми. Тие имаат ограничено време кога е во прашање гледањето на телевизиски програми и тоа е се под мој надзор. Нина и Теа смеат да гледаат само цртани и едукативни програми. Нема потреба во тие години да се гледаат нешто друго“, вели Ана.

Најчитани

Твитови