Ристевски: Чест и задоволство е да се носат македонските бои

Чест и задоволство е да се претставува Македонија на ЗОИ, како и да се носат и бранат државните бои, вели во интервју за Ексклузив.мк македонскиот апски скијач, Антонио Ристевски. Ристевски, на кој ова му е трета Oлимпијада, додава дека е потготвен за предизвикот кој е пред него и дека не сака да калкулира со тоа како ќе се пласира, но сепак ни открива дел од тоа кои се неговите очекувања на овие Олимписки игри во Пјонгчанг.

Од каде се појави љубовта кон скијањето?

Ристевски: Почнав да скијам од мои 4 години. „Виновник“ е мојот татко кој ме однесе во Маврово и ме учеше на моите први завои и свиоци. Неколку години по ред фамилијарно одевме на зимски одмор и таму скијав. Кога имав 7 години ме запиша во клубот ФЦУ „Цементара“, каде беа и моите први професионални почетоци. По неколку години напорни тренинзи стигнав и до првите 3 во Македонија, тоа е времето кога имав 9-10 години. Од тогаш скијањето ми стануваше многу поинтересно и желбата да се занимавам со него ми беше се поголема. На 12 годишна возраст, татко ми се префрли во друг клуб, СК „Работнички“, каде што сум и денеска член. 

Колку е тешко/лесно да се биде скијач во Македонија и кој е мотивот кој ве држи? 

Ристевски: Воопшто не е лесно да се биде скијач во овј дел од Европа, а поготово во Македонија. Кај нас многу мал дел во годината има природен снег, но некогаш не е ни тоа доволно за да се направат тренинзи. Сите мои тренинзи се одвиваат главно во Австрија на глечерот Хинтертукс, каде секоја година сум по 4-5 месеци со 50 до 60 скијачки денови. Нормално е дека патуваме постојано, тренираме од мај до ноември, имаме денови за одмор, исто така и денови за физички суви подготовки. Потоа завршните тренинзи пред натпреварувањата ги правиме во Австрија во некој од ски центрите каде може да се тренира и тие тренинзи се на вештачки снег бидејќи најголем дел од натпреварувањата се на вештачки снег.

Мотивот кој ме држи е: „задоволството после добро извозена трка и добриот резултат“

Колку долго траат подготовките за Олипијада, дали тие тренинзи се разликуваат од оние кога нема Олимпијада? 

Ристевски: Подготовките за Олимпијада траат секогаш различно. За некого траат 4, за други 8 години, за мене траат од Олимпијадата во Ванкувер. Припремите за секоја сезона ми се исти, исто како целта, а тоа е да остварам што подобар резултат од минатата сезона. Според тоа може да се каже дека припремите за Олипијадата во Пјонгчанг започнаа веднаш по завршувањето на Олимпијадата во Сочи и секоја година се стремам за што подобар резултат. На моменти ми е тешко бидејќи спортот е полн со падови и подеми. Имав мала операција сезоната после Сочи и изгубив една ипол година на враќање во формата во која бев пред операцијата.

Подготовките не се разликуваат во нормална и олимписка сезона, тие се речиси исти, бидејќи една ипол година пред Олимпијадата започнува олимпискиот циклус за остварување на нормата.

По ЗОИ во Ванкувер во 2010 година и во Сочи во 2014-та, по трет пат сте на едно големо натпреварување, какво е значењето за вас да настапите на ЗОИ и да ги браните државните бои?

Ристевски: Ова да ми е трета Олимпијада, трето големо натпреварување, чувството колку и да сакам навистина не се опишува, тргнувајќи од тоа дека за секој спортист сон е да учествува на Олимписки игри, може да се каже дека јас по трет пат го живеам мојот сон. Нормално е дека е огромна чест и задоволство да се претставува државата и да се носат нашите национални бои на една манифестација од ваков ранг. 

Во Сочи бевте 29-ти во слалом, кои се вашите очекувања на овие олимписки игри?

Ристевски: Во Сочи бев 29-ти на слалом, среќата беше на моја страна, што се надевам дека и овој пат ќе биде. Ме очекува најпрво настап во велеслалом на 18-ти февруари, бидејќи оваа дисциплина не е моја најсилна, но очекувам две добри квалитетни возења, а за резултатот да го оставиме да го видиме на крај, бидејќи никогаш не сум сакал да зборувам пред натпреварот за резултатот. Тоа ми е некако како ритуал.

Потоа на 22.02 настапувам на слалом, дисвиплина во која ја остварив и А нормата и каде очекувам да се претставам во најдобро светло и да се надеваме на што е можно подобар резултат, а целта на мене и мојот тренер Иван Лешевски е да бидам во првите 30.

Каква е во моментов атмосферата во Пјонгјанг, може ли да ни што се случува таму?

Ристевски: Атмосферата тука е нормална. Нема некоја поголема еуфорија, можеби поради ниските температури кои се во моментов, па некако сите се кријат на топло.

Екипата на Ексклузив.мк им посакува среќа на нашите олимпијци, како и благодарност до Антонио Ристевски кој од Пјонгчанг одвои време за да ни го даде ова интервју.

Жените во овие хороскопски знаци поместуваат планини поради љубов!

Некои жени во љубовта се водат според реченицата: "Подобро е да сакаш и да изгубиш, отколку никогаш да не сакаш", додека другите многу брзо забележуваат дека другата страна не се труди доволно и сами се откажуваат.

Овен 

Жените во овој хороскопски знак влегуваат во толку страствена врска што забораваат дека секоја врска има свои ризици и дека нема секогаш да биде како што треба. Тие едноставно им се препуштаат на пеперутките во стомакот.

Жените родени во овој знак премногу се трудат околу љубовните врски, а тоа понекогаш може да заврши еднострано, таа да се труди, а тој не.

Близнаци

Жените во овој хороскопски знак го обожуваат чувството на влегување во нова врска. Тоа ги возбудува, сакаат да почувствуваат нервоза и чувство на привлечност во исто време. Покрај страв, искрено говорат за своите чувства.

Вага

Вагите им се многу верни на своите партнери и избегнуваат расправии по секоја цена. Тие знаат дека толку многу ги сакаат партнерите што сѐ би направиле и дале за нив. На тој начин всушност го изразуваат своето воодушевување.

Стрелец

Овие жени често се сурови во своите врски, но се заљубуваат до уши и сакаат со цело свое срце. Во почетокот на врската доживуваат големи налети на страст. Тие се свесни дека можеби ќе бидат повредени и дека врската нема да трае долго, но сеедно страствено влегуваат во неа.

Риби

Тие се многу искрени и емотивни. Кога некој сакаат, нема да играат игри и нема да калкулираат дали ќе бидат повредени или не. Жените родени во овој знак имаат целосна доверба во партнерот и комплетно им се отвараат. Тоа е причната зошто често се повредени.

Лудост или храброст: Русин си го зема автомобилот од пајак служба! (ВИДЕО)

Руски ТВ канал пренесе видео од несекојдневната акција на еден Русин, кој по секоја цена сакал да си го врати автомобилот кој му го дигнал пајак службата.

Русинот сметал дека неговиот автомобил му бил незаконски одземен и не ја чекал сообраќајната полиција. Човекот веданаш превземал мерки за да си го врати возилото.

Седнал зад воланот ѝ покрај тоа што возилото веќе било кренато и поставено на камионот. Тој ги тргнал синџирите од гумите ѝ почнал да вози во рикверц.

Австрискиот претседател секој ден на работа патува со метро!

За разлика од повеќето свои колеги во светот, австрискиот претседател Александер ван дер Белен го користи градскиот превоз за да стигне на работа. Тој на својот Инстаграм профил објавил фотографија од утринското возење во метро.

 

Фотографијата за кратко време се рашири на социјалните мрежи. Луѓето ширум светот го пофалија Белен за ваквата своја постапка.

Најчитани

Твитови