Научниците откриваат: Дали е безбедно да се јаде храна која фатила мувла

На секој од нас му се случило да подзаборави храна надвор од фрижидерот и истата да фати мувла. Дали таа храна е здрава или не? Сега, научниците имаат одговор, дали е тоа добро и дали треба да се јад таа храна.

Најпрво, велат тие, треба да се има на ум дека разнобојните површини на мувлосаната храна, како што се зеленкастите точки на лебот или сивите кај овошјето, се споро видливи со голо око. Останатиот дел се корења кои можат тешко да се видат, затоа што се наоѓаат длабоко во храната.

Тоа значи дека отстранувањето на површинскиот дел од мувлата која се наоѓа на храната, нема да ве спаси од внесување на габички во организмот.

„Најголем дел од нив се безбедни, но има и опасни“, објаснува Надин Шо, специјалист во американскиот одел за земјоделие.

Некои врсти содржат микротоксини, продолжува Шо, отровни супстанции кои предивикуваат алергиски реакции и респираторни проблеми. Особено е опасен афлаткосинот, за кој е утврдено дека предизвикува рак.

Микротоксините може да се најдат пред се во мувлата која се појавува во житариците и некои овошја.

Специјалистите советуваат дека за да се спречи појава на мувла, храната треба да се покрие за да не дојде во контакт со воздух, правилно да се чува во фрижидер, како и остатоците од оброкот да не се чуваат повеќе од 3-4 дена откако се направени.

Кои се тајните ерогени зони на хороскопските знаци?

Секој хороскопски знак има најмалку една или две скриени ерогени зони на нивното тело.

Некои хороскопски знаци сакаат да си играте со нивата коса, некои се возбудуваат на бакнежи на вратот, а некои пак, ќе се стопат на сензуална масажа на грбот.

Проверете кои се скриените ерогени зони на секој хороскопски знак.

Овен- Глава, лице и коса

Овновите никогаш нема да кажат „не“ на добрата масажа на главата, на галење по лицето и играње со косата. Не само што ќе им даде чувство на смиреност и среќа, туку ќе им овозможи и потполно задоволство и возбудување. Затоа, не заборавајте нежно да  поминувате со прстите преку нивната коса!

Бик -Задниот дел од вратот

На Биковите тајната ерогена зона се наоѓа на грбот, поточно задниот дел на вратот и веднаш под вратот. Едноставно мазете ги со прстите по овој дел од телото, движејќи ги во насока ногоре и надолу. Не заборавјте и на сензуалниот бакнеж.

Близнаци – Нивните раце и раменици

Изненадувачки, Близнаците многу се возбудуваат кога ќе бидат допирани по нивните раце и раменици. Масирајте им ги дланките, бакнувајте или мазете им ги рамениците и тие ќе ви се предадат.

Рак- Гради

Раковите се суперсензитивни на нивните гради. Се „палат“ на масирање на градите, мазење и нежно притискање на брадавиците или играње со нив.

Лав – Грбот

Лавот има слабост кога ќе го сопрете по грбот. Тие сакаат силни и сензуални прегратки, но и масажа на грбот. Не заборавајте нежно да поминувате со прстите низ нивниот грб во насока нагоре и надолу.

Девица – Стомакот

Девиците се слаби на пределот околу стомакот, па лесно може да ги возбудите доколку ги мазите на овој дел, или бакнувате во папакот.

Вага – Долниот дел од грбот

Тајната ерогена зона на Вагите е долниот дел на грбот, под половината. Брзо ќе ги „збудалете“ со нежна масажа на овој дел од телото.

Шкорпија – Гениталната зона

Најголемата ерогена зона на Шкорпиите е фокусирана и сконцентрирана на самите гениталии и местата околу нив. Тие се есктремно чувствителни дури и на најмал допир во оваа зона.

Стрелец – Бутови и колкови

Ако сакате да го збудалете Стрелецот, тогаш треба да обрнете внимание на нивните бутови и колкови. На овие малку познати ерогени зони, Стрелците се исклучително чувствителни при било каков вид допирање, бакнување или масажа. 

Јарец – Колена

Јарецот има тајна ерогена зона околу колена, но и нозете. Поминувајте со рпстите нагоре и надолу долж нозете, или бакнувајте ги за колената.

Водолија – Глуждови

Водолиите се исклучително чувствителни околу нивните глуждови на нозете. Внимавајте на овие области следниот пат кога ќе им покажете љубов и ќе бидете изненадени од тоа колку се приемливи на вашиот допир!

Риби  -Стапала

Рибите имаат скриена ерогена зона токму во душата на нивните нозе – стапалата. Ретко ќе одбијат масажа на стапалата! А за да ги возбудите, играјте си со прстите нежно минувајќи по нивните стапала.

Најчести грешки при орален секс

Оралниот секс е една од омилените активности за време на љубовните игри, барем според мажите. Сепак, овие неколку погрешни потези можат да ја уништат забавата. За почеток, треба да биде јасно дека и двајцата сакате орален секс (и жената што го пружа и мажот што го добива) и дека уживате во него. Како и за сè друго во сексот, така и за ова, мора да постои согласност. Прочитајте кои се најчестите грешки што жените ги прават за време на оралниот секс…

1. Чувствувате гадење

Ако постојано мора да се борите со чувството на мачнина и гадење за време на оралниот секс, тоа не е добар знак. Доколку пружањето орален секс не ви причинува никакво задоволство, тогаш не ни помислувајте да го ставите пенисот на партнерот во уста. Тој ќе го почувствува тоа и нема да ужива. Истото важи и за голтањето. Немојте да бидете под притисок!

2. Користите заби

Иако понекогаш е возбудливо да грицнете нешто со забите за време на љубовните игри, за време на оралниот секс тоа е апсолутно забрането. Пенисот и подрачјето околу машката гордост се исклучително чувствителни. Користењето заби многу брзо би можело да и’ стави крај на љубовната игра. Совет: Усните секогаш нека ви бидат врз забите за да ја намалите можноста од повреди.

3. Сувост

Бакнежите на врвот од пенисот се во ред како вовед во оралниот секс, но кога работите ќе се вжештат, сè би требало да биде влажно. Главата на пенисот е прилично чувствително, па триењето би можело да биде многу непријатно ако нема доволна влажност.

4. Не користите раце

Кај оралниот секс многу честа грешка е токму вшмукувањето на пенисот. Тоа обично им се случува на неискусните девојки кои силно го вовлекуваат пенисот со устата. Совет: Најдете баланс помеѓу стимулацијата со рака (треба да биде влажна) и работата со усните.

Го нема Роналдо - стадионот (полу)празен

Европскиот шампион Реал Мадрид синоќа го одигра првиот натпревар од новата сезона во шпанската Примера. Реал го победи Хетафе (2:0), но мечот го одбележа негативниот рекорд по број на гледачи на „Сантијаго Бернабеу“ во последните 10 години.

Натпреварот го проследија само 48.446 гледачи нешто повеќе од половина од капацитетот на стадионт, што тамошните медиуми го оценија како последица од заминувањето на првата ѕвезда на тимот, Кристијано Роналдо.

Се проценува дека раководството во многу брзо време треба да најде соодветна замена за Португалецот кој беше „магнет“ за публиката.

Следниот натпревар од домашниот шампионат на свој терен Реал ќе го игра на 1 септември против Легањес.

Најчитани

Твитови