10 идеи како да создадете функционална кујна од соништата!

Кујната е срцето на секој дом, што значи дека истовремено треба да изгледа убаво, да биде удобна и функционална.

Добрата вест е што не ви требаат многу пари за да го постигнете тоа, туку само добри идеи и замисли.

Овие 10 совети ќе ви помогнат конечно да ја создадете кујната од соништата:

1. Одберете отворени полици, наместо шкафчиња. Така ќе добиете повеќе простор за складирање, додека кујната ќе изгледа поголема.

2. Задржете се до пастелните тонови и светлото дрво. Не бирајте темни бои и масивно дрво, колку и да ви изгледа луксузно и елегантно.

3. Додадете светло. Отворете ги прозорците, обојте еден ѕид во жолта боја, поставете неонки…

4. Поиграјте си со перцепцијата со помош на линиите. Вертикалните линии ќе ви помогнат целиот простор да изгледа повисоко, додека дијагоналните имаат моќ да го прошират просторот.

5. Искористете го секој сантиметар паметно и одбирајте елементи кои се функционални пред сè. Пример, аголните фиоки се спас за секој простор на кој му недостасува место за складирање.

6. Даските за сечкање и работните површини сокриени во првата фиока се вистински бонус.

7. Отворете го просторот така што полиците нема да бидат целосни или пак наместо дрвени, ќе бидат од проѕирно стакло.

8. Линиите на ѕидовите исто така може да ви помогнат да го издолжите или извишите просторот.

9. Пронајдете го спасот во еден елемент со многу фиоки и шкафчиња, наместо сите зачини и ситници да ви бидат оставени на работната површина.

10. Дајте им нов живот на старите садови.

 

Ситуации каде Кардашијан-Џенер си „краделе“ облека една од друга и копирале изглед!

Оние кои имаат сестра, знаат како е постојано да си менуваат, позајмуваат, а понекогаш и крадат облека, па дури истото некогаш се случува и помеѓу мајка и ќерка.

На оваа навика не се имуни ниту славните личности, кои можат да имаат што ќе посакаат, но сепак некогаш одлучуваат да го ископираат изгледот на мајката/ќерката/сестрата.

Можеби не сте забележале, но девојките од Кардашијан-Џенер семејството често го прават тоа и се појавуваат во ист аутфит, со мала промена во стајлингот.

Па така, мама Крис често знае да облече некое парче облека од богатиот гардеробер на ќерките, а и сестрите често си менувале облека и копирале меѓусебни стајлинзи низ годините.

Што се пребарувало најмногу на Google во 2018 година?

2018 година е пред крајот, но ќе остане во сеќавањата како многу интересна и турбулентна година за интернет заедницата.

Он-лајн просторот одамна е огледало на човештвото и настаните кои очигледно ја брануваат планетата. Ова ни овозможува кон крајот на секоја година да направиме аматерски психолошки профил на човечкиот род, според она што најмногу го пребарувал во годината која изминува.

Во топ 10 пребарувањата доминираат славните лица кои го изгубија својот живот во 2018 год.

Можеби и ќе претпоставите што најмногу се пребарувало на Google во текот на 2018 година, но еве ја и официјалната потврда:

 1. Светското првенство во фудбал

 2. Авичи

 3. Мек Милер

 4. Стен Ли

 5. Black Panther

 6. Меган Маркл

 7. Ентони Бордејн

 8. XXXTentacion

 9. Стивен Хокинг

10. Кејт Спејд

Зошто за време на славата се пали свеќа?

Свеќата е неопходен дел од ритуалите кои православните христијани ги спроведуваат за време на семејните слави.

Православните христијани кога имаат домашна слава, тие всушност го слават светецот заштитник на нивниот дом. Тогаш целото семејство се собира околу поставената маса, се споделуваат љубовта, слогата и мирот. По желба, се канат и гости.

Се верува дека славската свеќа е дар на семејството кон Бога. Таа претставува светлина на вербата и се пали при сечењето на славската погача. Според традиционалните верувања, молитвата и славската свеќа привлекуваат добра енергија и ја чистат душата од негативни елементи.

Многумина оставаат свеќата да гори во текот на целиот ден на славата, а остатокот од нејзе се пали за другите верски празници кои семејството ги слави. Може да се остави и под домашниот иконостас да догори.

Свеќите се неизоставна декорација за време на верските празници, а често се поврзуваат и со релаксирачки и медитативни својства, кои ги чувствуваат оние кои веруваат дека пламенот е светлина кон Бог и неговиот пат.

Најчитани

Твитови