Џеки Чен: Од каскадер до мега ѕвезда, еве ЗОШТО! (Видео)

Кинескиот актер Џеки Чен денес е еден од најпознатите филмски акциони мајстори за боречки вештини, но неговиот пат до упехот е една неверојатна приказна. Тој во 70-тите работел како еден од бројните каскадери на легендата Брус Ли и добивал дневница од само 15 долари. 

Бидејќи сите снимања ги завршувал со вистински повреди само за сцената да биде поуверлива Брус Ли се заложил за него да добива повеќе задачи од продуцентите.

Џеки Чен открива дека се жртвувал во секој снимен филм, сам ги изведувал најопасните сцени, има заработено стотина скршеници, а неколку пати за малку ќе погинел завршувајќи со тешки повреди на главата кои го оставиле во болница со месеци. Денес богатството на Џеки Чен се проценува на 300 милиони долари.

 Во продолжение имате две виеда:

Првото видео: Џеки Чен е неизмерно благодарен на својот каскадерски тим со кој работел повеќе од 40 години, видеото има преку 11,5 милиони гледаност, нема да верувате што точно гледаат вашите очи... 

 

Вторто видео: Всушност ова е видео каде детално се анализирани сите движења и кои ги правел Џеки за време на снимањето, Тони Зоху е задолжен за тоа и додава дека Џеки е еден и единствен дека цели кон совршенство и покрај безбројните повреди кои ги има претрпено. Исто така додава дека тоа е една од причините порад кои неговите филмови освен што се уникатни, тие се и неверојатно забавни за гледање.

 

Ситуации каде Кардашијан-Џенер си „краделе“ облека една од друга и копирале изглед!

Оние кои имаат сестра, знаат како е постојано да си менуваат, позајмуваат, а понекогаш и крадат облека, па дури истото некогаш се случува и помеѓу мајка и ќерка.

На оваа навика не се имуни ниту славните личности, кои можат да имаат што ќе посакаат, но сепак некогаш одлучуваат да го ископираат изгледот на мајката/ќерката/сестрата.

Можеби не сте забележале, но девојките од Кардашијан-Џенер семејството често го прават тоа и се појавуваат во ист аутфит, со мала промена во стајлингот.

Па така, мама Крис често знае да облече некое парче облека од богатиот гардеробер на ќерките, а и сестрите често си менувале облека и копирале меѓусебни стајлинзи низ годините.

Што се пребарувало најмногу на Google во 2018 година?

2018 година е пред крајот, но ќе остане во сеќавањата како многу интересна и турбулентна година за интернет заедницата.

Он-лајн просторот одамна е огледало на човештвото и настаните кои очигледно ја брануваат планетата. Ова ни овозможува кон крајот на секоја година да направиме аматерски психолошки профил на човечкиот род, според она што најмногу го пребарувал во годината која изминува.

Во топ 10 пребарувањата доминираат славните лица кои го изгубија својот живот во 2018 год.

Можеби и ќе претпоставите што најмногу се пребарувало на Google во текот на 2018 година, но еве ја и официјалната потврда:

 1. Светското првенство во фудбал

 2. Авичи

 3. Мек Милер

 4. Стен Ли

 5. Black Panther

 6. Меган Маркл

 7. Ентони Бордејн

 8. XXXTentacion

 9. Стивен Хокинг

10. Кејт Спејд

Зошто за време на славата се пали свеќа?

Свеќата е неопходен дел од ритуалите кои православните христијани ги спроведуваат за време на семејните слави.

Православните христијани кога имаат домашна слава, тие всушност го слават светецот заштитник на нивниот дом. Тогаш целото семејство се собира околу поставената маса, се споделуваат љубовта, слогата и мирот. По желба, се канат и гости.

Се верува дека славската свеќа е дар на семејството кон Бога. Таа претставува светлина на вербата и се пали при сечењето на славската погача. Според традиционалните верувања, молитвата и славската свеќа привлекуваат добра енергија и ја чистат душата од негативни елементи.

Многумина оставаат свеќата да гори во текот на целиот ден на славата, а остатокот од нејзе се пали за другите верски празници кои семејството ги слави. Може да се остави и под домашниот иконостас да догори.

Свеќите се неизоставна декорација за време на верските празници, а често се поврзуваат и со релаксирачки и медитативни својства, кои ги чувствуваат оние кои веруваат дека пламенот е светлина кон Бог и неговиот пат.

Најчитани

Твитови