Уште еден непријател на Путин пронајден мртов

Рускиот државјанин во егзил, Николај Глушков (68), близок пријател на покојниот Борис Березовски, олигарх и противник на рускиот претседател Владимир Путин, пронајден е мртов во својата куќа во Лондон. Телото е откриено од страна на членови на неговото семејство.

Иако одредени медиуми наведуваат дека Глушков е отруен, како и поранешниот двоен агент Сергеј Скрапиљ, чиј случај доведе до заострување на односите на Лондон-Москва, официјално полицијата нема потврдено.

Британската полиција соопштила дека „необјаснивата смрт на маж во Лондон не е поврзана со обидот за усбиство на поранешниот двоен агент“.

„Смртта се третира како необјаснива. Нема докази дека е поврзана со другиот случај“, велат од полицијата.

Глушков е во политички азил во Велика Британија бидејќи во Русија е осуден за проневера. Тој во 90-те години работел за руската државна авио компанија „Аерофолт“ и автомобилската компанија „ЛогоВАЗ“ на Борис Березнковски.

Во конфликт со Путин е од 1999 година кога и избегал за Британија.

Во текот на престојот во Лондон ја истражувал смртта на Борис, а во 2017 година во Русија е осуден на 8 години затвор поради кражба на 213 милиони долари од компаниите во кои работел.

Ситуации каде Кардашијан-Џенер си „краделе“ облека една од друга и копирале изглед!

Оние кои имаат сестра, знаат како е постојано да си менуваат, позајмуваат, а понекогаш и крадат облека, па дури истото некогаш се случува и помеѓу мајка и ќерка.

На оваа навика не се имуни ниту славните личности, кои можат да имаат што ќе посакаат, но сепак некогаш одлучуваат да го ископираат изгледот на мајката/ќерката/сестрата.

Можеби не сте забележале, но девојките од Кардашијан-Џенер семејството често го прават тоа и се појавуваат во ист аутфит, со мала промена во стајлингот.

Па така, мама Крис често знае да облече некое парче облека од богатиот гардеробер на ќерките, а и сестрите често си менувале облека и копирале меѓусебни стајлинзи низ годините.

Што се пребарувало најмногу на Google во 2018 година?

2018 година е пред крајот, но ќе остане во сеќавањата како многу интересна и турбулентна година за интернет заедницата.

Он-лајн просторот одамна е огледало на човештвото и настаните кои очигледно ја брануваат планетата. Ова ни овозможува кон крајот на секоја година да направиме аматерски психолошки профил на човечкиот род, според она што најмногу го пребарувал во годината која изминува.

Во топ 10 пребарувањата доминираат славните лица кои го изгубија својот живот во 2018 год.

Можеби и ќе претпоставите што најмногу се пребарувало на Google во текот на 2018 година, но еве ја и официјалната потврда:

 1. Светското првенство во фудбал

 2. Авичи

 3. Мек Милер

 4. Стен Ли

 5. Black Panther

 6. Меган Маркл

 7. Ентони Бордејн

 8. XXXTentacion

 9. Стивен Хокинг

10. Кејт Спејд

Зошто за време на славата се пали свеќа?

Свеќата е неопходен дел од ритуалите кои православните христијани ги спроведуваат за време на семејните слави.

Православните христијани кога имаат домашна слава, тие всушност го слават светецот заштитник на нивниот дом. Тогаш целото семејство се собира околу поставената маса, се споделуваат љубовта, слогата и мирот. По желба, се канат и гости.

Се верува дека славската свеќа е дар на семејството кон Бога. Таа претставува светлина на вербата и се пали при сечењето на славската погача. Според традиционалните верувања, молитвата и славската свеќа привлекуваат добра енергија и ја чистат душата од негативни елементи.

Многумина оставаат свеќата да гори во текот на целиот ден на славата, а остатокот од нејзе се пали за другите верски празници кои семејството ги слави. Може да се остави и под домашниот иконостас да догори.

Свеќите се неизоставна декорација за време на верските празници, а често се поврзуваат и со релаксирачки и медитативни својства, кои ги чувствуваат оние кои веруваат дека пламенот е светлина кон Бог и неговиот пат.

Најчитани

Твитови