Напиток со кој ќе го исчистите организмот од никотин и катран

Ако пушите цигари подолго од неколку години, вашите плуќа се сигурно многу оштетени поради отровите кои со тек на време се таложат. Затоа е важно, од време на време да ги исчистите, а ние ви предлагаме да го испробате овој напиток.

Благодарение на комбинација на куркума, ѓумбир и лук, познати продукти кои ги чистат и ослободуват токсините од телото, овој напиток се покажал како многу делотворен во чистењето на плуќата.

Во продолжение ви откриваме како да го направите, во удобноста на вашиот дом.

Потребни состојки:

1 литар вода

2 лажици куркума

400 г кафеав шеќер

корен од шумбир, рендан

400 г лук, ситно сечкан или пасиран

Начин на подготовка: 

во сад истурете ги водата и шеќерот и загревајте се’ додека не зоврие. Кога ќе зоврие, додајте куркума, ѓумбир и лук. Измешајте ги состојките, тргнете од ринглата и оставете да се излади.

Напомена: подготвениот напиток чувајте го во фрижидер. Смесата треба да ја земате два пати дневно. Најидеално би било две лажици на гладен стомак и навечер, пред спиење.

Ситуации каде Кардашијан-Џенер си „краделе“ облека една од друга и копирале изглед!

Оние кои имаат сестра, знаат како е постојано да си менуваат, позајмуваат, а понекогаш и крадат облека, па дури истото некогаш се случува и помеѓу мајка и ќерка.

На оваа навика не се имуни ниту славните личности, кои можат да имаат што ќе посакаат, но сепак некогаш одлучуваат да го ископираат изгледот на мајката/ќерката/сестрата.

Можеби не сте забележале, но девојките од Кардашијан-Џенер семејството често го прават тоа и се појавуваат во ист аутфит, со мала промена во стајлингот.

Па така, мама Крис често знае да облече некое парче облека од богатиот гардеробер на ќерките, а и сестрите често си менувале облека и копирале меѓусебни стајлинзи низ годините.

Што се пребарувало најмногу на Google во 2018 година?

2018 година е пред крајот, но ќе остане во сеќавањата како многу интересна и турбулентна година за интернет заедницата.

Он-лајн просторот одамна е огледало на човештвото и настаните кои очигледно ја брануваат планетата. Ова ни овозможува кон крајот на секоја година да направиме аматерски психолошки профил на човечкиот род, според она што најмногу го пребарувал во годината која изминува.

Во топ 10 пребарувањата доминираат славните лица кои го изгубија својот живот во 2018 год.

Можеби и ќе претпоставите што најмногу се пребарувало на Google во текот на 2018 година, но еве ја и официјалната потврда:

 1. Светското првенство во фудбал

 2. Авичи

 3. Мек Милер

 4. Стен Ли

 5. Black Panther

 6. Меган Маркл

 7. Ентони Бордејн

 8. XXXTentacion

 9. Стивен Хокинг

10. Кејт Спејд

Зошто за време на славата се пали свеќа?

Свеќата е неопходен дел од ритуалите кои православните христијани ги спроведуваат за време на семејните слави.

Православните христијани кога имаат домашна слава, тие всушност го слават светецот заштитник на нивниот дом. Тогаш целото семејство се собира околу поставената маса, се споделуваат љубовта, слогата и мирот. По желба, се канат и гости.

Се верува дека славската свеќа е дар на семејството кон Бога. Таа претставува светлина на вербата и се пали при сечењето на славската погача. Според традиционалните верувања, молитвата и славската свеќа привлекуваат добра енергија и ја чистат душата од негативни елементи.

Многумина оставаат свеќата да гори во текот на целиот ден на славата, а остатокот од нејзе се пали за другите верски празници кои семејството ги слави. Може да се остави и под домашниот иконостас да догори.

Свеќите се неизоставна декорација за време на верските празници, а често се поврзуваат и со релаксирачки и медитативни својства, кои ги чувствуваат оние кои веруваат дека пламенот е светлина кон Бог и неговиот пат.

Најчитани

Твитови