Се сеќавате на Смит од „Сексот и Градот“? Еве како изгледа денес

 

Нетрпеливоста помеѓу Сара Џесика Паркер и Ким Катрал неодамна ескалираше со тоа што Ким јавно и порача на колешката да ја остави на мир, како и дека таа не и е ниту семејство ниту пријател за да во деновите кога почина нејзиниот брат и праќа поддршка.

За расправијата помеѓу славните актерки веќе неколку недели медиумите непрекинато пишуваат, а фановите се разочарани од фактот дека нивните миленички не се во добри односи. Ким Катрал токму поради тоа не сака да го снима третиот дел од филмот „Сексот и градот“.

Сега се огласи и згодниот Смит, односно актерот Џејсон Луис, која во разговор за КТЛА во Лос Анџелес бил прашан на чија страна е во овој јавен конфликт.

– Ако не можеш да кажеш ништо убаво, тогаш не кажувај ништо. Морам да кажам дека Сара секогаш беше толку мила и толку професионална, и мислам дека луѓето треба да се сеќаваат на нивната грациозност и на работите кои им ги пружија. Тука ќе застанам, затоа што немам ништо добро да кажам – рекол Смит. Меѓутоа, новинарот Сем Рубин не бил задоволен од одговорот на Луис, па го прашал дали убавите критики за Сара, всушност, значат дека е во нејзиниот тим.

– Би можел да кажам „да“. Каква грациозна дама. Секогаш беше толку добра кон мене – се изјаснил актерот.

– Другите луѓе не биле добри кон тебе? – прашал новинарот.

– Сара беше извонредна – кратко и јасно одговорил Луис.

Да потсетиме, Џејсон Луис во серијата „Сексот и градот“ го толкуваше ликот на Смит, љубовникот и љубовта на Саманта Џоунс, кој единствено успеал да ја „скроти“ во врска. Но, очигледно подобар впечаток во реалниот живот му оставила нејзината лута соперничка.

Еве како денес изгледа секси заводливиот Смит:

Од 12 до 15 јули „Пивофест“ во Прилеп, кој се ќе настапи годинава?

Од 12 до 15 јули, Прилеп по 16. пат ќе биде домаќин на фестивалот на пивото и скарата – „Пивофест 2018“.

Дарко Манасијески од агенцијата „Ентфинити“, која што ќе ја преземе организацијата на годинешниот фестивал, на прес-конференција рече дека годинешната програма е прилагодена за сите посетители, независно од нивната возраст и музички афинитети.

Посетителите ќе можат да ги проследат настапите на познати музички имиња од Македонија и од странство, меѓу кои и на Жељко Јоксимовиќ, Шабан Шаулиќ, ди џеј Мозел, Ван Гог, Црвена Јабука, Кирил Џајковски, Милица Тодоровиќ, Џенан Лончаревиќ, Дарио, Тони Зен и други.

За „Пивофест 2018“ општината ќе потроши 2.5 милиона денари.

Инаку, паркирањето наместо досегашните 100 денари, оваа година ќе биде 50 денари за еден ден. И оваа година на Паркот на револуцијата ќе биде организирано кампување за посетителите од другите градови, за кои ќе бидат обезбедени топли напитоци и супа, а ЈКП „Комуналец“ ќе постави туш кабини.

Хорор: Докторка ги касапела гениталиите на мали девојчиња

Докторка од Мичиген е уапсена откако било откриено дека ги касапела гениталиите на девојчињата на возраст од шест до осум години.

44-годишната Џумана Нагарвала ако биде прогласена за виновна за обвиненијата, ја ќекаат пет години затвор.

Инаку, во САД во 1996. се носи закон со кој се забранува кастрирање на личности помлади од 18. години.

Дел од жртвите на докторката биле уценувани да молчат.

Користејќи го овој трик ќе добиете бели заби за само 180 секунди – сè е природно

Дали пушите? Пиете ли многу кафе или чај? Тогаш овие проблеми доволно ви се познати! Ви предлагаме едноставен рецепт, со оки вашата насмевка ќе блесне. 

Потребно ви е само:

1. Содабикарбона

2. Лимон

3. Помешајте ги овие состојки и истрјте ги забите. ПО 180 секунди, ќе се види резултатот!

Најчитани

Твитови