Шампионот Оги престојува во Скопје Мериот хотел

Најпознатото инстаграм куче и миленик на голем број следбеници на социјалните мрежи, Шампионот Оги е гостин на Скопје Мериот хотел, што го прави хотелот единствениот висок бренд во Македонија кој го ужива епитетот „пријател на животните”. Во Скопје Мериот секоја соба е прилагодена за вдомување миленици соодветно на нивните потреби, лобито е отворено за нивно уживање, како и терасата на ресторанот каде што може да присуствуваат на убава вечера.

Специјалниот гостин на Скопје Мериот, западно Шкотскиот бел териер Оги што деновиве престојува во хотелот е миленикот на инстаграмџиите со околу 30.000 фанови и е познат скопски шармер. Оги е шампион од повеќе причини. Најпрво, титулата е добиена кога освоил награда за млад шампион на Македонија, а сега истата е прерасната во бренд, додека Оги ги освојува срцата каде и да отиде. Како вистинска ѕвезда со весел и дружељубив карактер, Оги престојуваше во премиер апартман и заедно со својот најдобар пријател уживаа во прошетка низ хотелот.

Како што луксузот во хотелиерството продолжува да расте, сè повеќе хотели, дури и големите франшизи, почнаа да ги отстрануваат сите забрани за гостите со миленичиња. Милениците се како дел од семејството, па затоа, внимателно се разгледуваат сите нивни потреби, грижа и благосостојба пред патување или одмор. За разлика од порано, кога сопствениците беа принудени да го остават домашното милениче на чување пред пат, сега постојат повеќе опции за најдобриот пријател на човекот да биде дел од патувањето и престојот.

Незаборавна забава: Кафана Тарапана го прослави својот прв роденден!

Галерија: 

Кафана Тарапана го прослави својот прв роденден! 

Една година исполнета со незаборавни моменти и уживање! Уникатно место за одлична забава, превкусна храна и загарантирано одлична атмосфера. После 1 година работа со над 100 забави, повеќе од 50 семејни прослави, дефинитивно станаа омилено место во градот на секоја генерација. Тарапана не е само обична кафана ова е кафана со душа во која се ужива во комбинација со вкусна храна и разновидна музичка програма.

Вчеравечер по повод една година постоење направија незаборавна роденденска забава. Како секогаш, и овој пат се потрудија на своите гости да им приредат повеќе од одлична забава. За атмосферата да биде вистинска "тарапана" се погрижија безвременскиот Дарко Филиповиќ и Dj Boban Nikolic.

Во продолжение погледнете дел од атмосферата:

Галерија: 

Нова жешка акција во реалното шоу „Задруга 2“: Бане и Зерина заборавија на камерите и се препуштија на страстите! (ВИДЕО)

„Задруга 2“ се повеќе личи на еротско реално шоу. Поради фактот што 24 часа учесниците се под видео надзор, што е и нормално, тие упорно бараат место каде ќе се сокријат и разменат пар нежности. Засега единствено место каде нема камери е туш кабината па ова е омилено место на паровите! Последни кои беа уловени на ова место беа Бане и Зерина...

Позната руска актерка физички нападна жена од публика, откако таа го спомна нејзинот син кој има Дунов синдром! (ВИДЕО)

Познатата руска актерка Евелина Бледанс физички нападна жена од публиката, откако на несоодветен начин го спомна нејзинот син кој има Дунов синдром.

Четириесетидеветгодишната актерка која го очекува своето трето дете, гостуваше во емисијата „Во живо“ и зборуваше за бременоста во постари години, а една жена во публиката и рече дека го загрозува зравјето на нејзиното неродено дете, бидејќи во тие години е опасно да се раѓа.

„Што ти е? Сакаш да родиш уште едно болно дете? Сакаш да имаш уште едно дете со Даунов синдром? На никој не му се потребни такви деца, ни тебе, ни на општеството“, рече Елена Лебедева, жената од публиката.

Актерката по оваа изјава, мирно стана, тргна кон неа и и удри шамар пред камерите.

„Ќе те искршам. Тоа е мое дете. За мене можеш да зборуваш што сакаш, но остави ги на мира моите деца“, рече актерката.

Најчитани

Твитови