Што светот не знаеше за владеењето на Гадафи?

Веројатно првите асоцијации кои ви паѓаат на памет кога ќе слушнете за Муамер ел-Гадафи се тиранин, диктатор и терорист. Но, постојат илјадници граѓани во Либија кои не би се согласиле со известувањата пренесени од страна на светските медиуми. Секогаш постои и друг агол на работите. Ова се 10-те факти за Гадафи и неговото владеење, за кои поголемиот дел од светот не е ниту свесен:

1. Во Либија, домот се смета за природно човечко право. Нововенчаните двојки добиваа 50.000 долари за да купат сопствен дом. Мајките и нивните новороденчиња пак добиваа по 5.000 долари.

2. Електричната енергија беше бесплатна за сите. Сметки за струја, не постоеја.

3. Образованието и здравството исто така беа во целост бесплатни. Доколку некој не беше задоволен од здравството или од образованието во Либија, либиската влада му даваше пари за да му овозможи пристап до она што му е потребно во странство.

4. На банките им беше со закон забрането да наплаќаат камати за кредитите.

5. Доколку некој Либиец решеше да купи автомобил, владата му плаќаше половина од цената.

6. Секој што сакаше да стане земјоделец или фармер добиваше државно земјиште на бесплатно користење, куќа, опрема, стока и семе.

7. Либија е земја што, покрај нафтата, има 144 тони злато во трезорите на Централната банка, земја што не е задолжена ниту кај ММФ, ниту кај Светската банка ниту кај која било друга финансиска институција на светот, и земја што, под Гадафи, беше богата, суверена и независна.

8. Либија го изгради најголемиот систем за наводнување во светот, исто така познат и под името „вештачка река“. Финансиран од страна на владата, Гадафи го нарекуваше овој проект и „осмо светско чудо“.

9. Нафтата беше речиси бесплатна. 0,14 долари за литар, односно нешто помалку од 8 денари.

10. Тој го подигна степенот на едукација. Пред неговото владеење, само 25% од жителите на Либија биле писмени. Со текот на годините оваа бројка се искачила на 87%.

Пред падот на Триполи, Гадафи се обидуваше да ги соедини земјите на Африка со една заедничка валута, златниот динар. Повеќето држави ја поздравија оваа идеја, која претставуваше опасност за веќе постоечката светска економија. Иако ова можеше да биде значаен прогрес за Африка, сепак, постоеја големи шанси негативно да се одрази врз американскиот долар. Бројни поддржувачи на владеењето на Гадафи сметаат дека ова е вистинската причина зад ликвидацијата на „тиранинот.

Само оние кои живеат во Либија можат најдобро да кажат дали неговото владеење во реалноста било терор и диктатура. Сепак, факт е дека и покрај големиот број на негативни гласини кои кружат околу неговото име, тој има направено бројни позитивни работи за оваа земја.

8 години по ред беше вистинска ѕвезда на секое Светско првенство. Погледнете како изгледа денес Лариса Рикелме!

Пред 8 години на Светското првенство кое се одржа во Јужна Африка сите очи покрај во фудбалерите, беа вперени во навивачката на Парагвај која се прослави со своите бујните облини и провокативни изданија на трибините. И овој Мундијал не може да помине а да не се присетиме на Лариса Рикелме.

И ако мислевте дека ќе ве изненадиме со некоја нова фотографија на која таа изгледа проклето секси, овој пат не. За жал на многумина, „навивачката“ кариера на оваа згодна бринета е завршена, а таа денес е целосно посветена мајка и сопруга. Во моментов се бави со мода и глума па себеси се претставува како блогерка и актерка. А како изгледа денес? Погледнете...

Жари и пали: Кејт Аптон најсекси жена за 2018 година! (ФОТО)

Американскиот топ модел Кејт Аптон повторно ја краси насловната страна на списанието „Максим“, и овој пат со минимално облека на себе успеа да го привлече вниманието на сите. Без конкуренција и оваа година Кејт ја понесе титулата најсексапилна жена!

Фотосесијата за списанието е снимена во Израел од познатиот француски моден фотограф Жил Бенсимон, кој е поранешен сопруг на супермоделот Ел Мекферсон! 

Палецот на раката го открива карактерот: Кликнете и откријте повеќе! (ФОТО)

Дали сте знаеле дека должината на вашиот палец открива многу за вашата личност?

Првата половина подолга од втората

Вие сте од оние луѓе кои се верни и страствени. Кога ќе се заљубите во некоја личност, имате тенденција да бидете опсесивни, а тоа не е необично за вас. Лесно ќе полудите ако вашиот партнер не одговори на пораките во даден период. Но, треба да бидете внимателни, бидејќи може да го исплашите партнерот кој на крајот само ќе си оди од вас.

Првата половина е пократка од втората

Вие сте искрена личност. Вашите вештини се многу добри. Темелно размислувате за сите работи, пред да направите нешто. Тоа секако се одразува и на вашиот љубовен живот. Кога имате судир со некого, обично ги ставате настрана своите чувства.

Должината на првата половина е еднаква на втората

Вие сте добри во планирање на работите и активностите, секогаш имате посебен пристап на работите кој ви го олеснува патот кон целите. Без оглед на ситуацијата, вие секогаш сте иста личност во поглед на љубовта. Ваквите личности често имаат судири со партнерот, кои доведуваат до комплициран однос.

Најчитани

Твитови