Која боја ви одговара според хороскопскиот знак

Овен: Црвената боја се смета дека ги поттикнува акцијата и довербата, што значи дека таа автентично го прикажува стилот на жестоките и енергични овни. Оваа боја го привлекува туѓото внимание и заради тоа припадниците на овој знак обожаваат да носат црвена облека.

Бик: Зелената боја е позната како боја која смирува  и дава спокојство. Оваа боја исто така ги претставува и растењето, љубовта, обновувањето, пролетта и просперитетот. Спротивно на ова, биковите треба да ја избегнуваат жолтата боја.

Близнаци: На енергичните близнаци им одговараат сите светли бои, но најкарактеристична за нив е жолтата боја. Оваа боја го надополнува нивниот оптимизам и младешки дух. Колку повеќе ја носат оваа боја, толку повеќе сакаат да комуницираат.

 Рак: Нијансите на месечината, белата и сребрената боја, се боите кои најмногу им одговараат на раковите. Овие бои им помагаат на раковите да ги изразат своите чувства и заради тоа треба почесто да бидат застапени во нивниот плакар.

 Лав:  Боите поврзани со моќта, златната и портокаловата, го нагласуваат царството на лавовите. Лавовите се интересираат за туѓите култури и затоа кај нив често може да се забележат златни или бронзени предмети од најразлични култури.

 Девица: Познато е дека девиците лесно се вознемируваат, па овие земјени бои имаат благотворно и смирувачко дејство врз нивниот темперамент. Токму поради оваа причина, девиците треба постојано да се опкружени со овие бои, а како најдобро решение за тоа е да ги обојат ѕидовите во зелена, светло беж или темно кафена боја.

 Вага: На вагите им одговараат сите нијанси на сината боја, од најсветли до најтемни тонови. Оваа боја треба да биде позастапена во нивната облека, но доколку не се љубители на морнарската облека, во својот стил треба да додадат некаков моден детаљ со боја на сафир. Вагите треба да ја избегнуваат црната боја.

 Скорпија: Моќните бои на Скорпиите се црната и црвената боја. Познати по својот хипнотизирачки и таинствен поглед, Скорпиите треба да ја истакнат таа карактеристика користејќи го ефектот на „зачадени очи“ и црвен кармин за целосен секси изглед.

Стрелец: Овие бои им влијаат на стрелците, овозможувајќи им да имаат добра предиспозиција во однос на работите што им се случуваат. Токму различноста и неповрзаноста на боите се вистинскиот избор за стрелците, бидејќи го прикриваат нивниот променлив карактер и не го привлекуваат туѓото внимание. Стрелците треба да ги избегнуваат светлите бои.

 Јарец: Како припадници на земјените знаци, на јарците им одговараат истите земјени бои кои се карактеристични за биковите и девиците. Зелената и темно кафеавата боја можат да ги смират припадниците на овој знак, кои повеќе го сакаат традиционалното отколку егзотичното.

Водолија: На возбудливите и имагинативни водолии најмногу им одговараат тиркизната и светкавата сребрена боја, како и сите други нијанси кои потсетуваат на вода. Потенцирајќи го нивниот карактер, овие бои треба почесто да бидат застапени во нивната облека или модни додатоци.

 Риби: На замислените Риби кои обожаваат да фантазираат им одговараат сите бои, но најмногу нијансите кои потсетуваат на море, како и студените бои. Од топлите бои им одговараат светло црвената и светло портокаловата. Рибите треба постојано да ги користат овие бои за истакнување на нивните најдобри особини.

Незаборавна забава: Кафана Тарапана го прослави својот прв роденден!

Галерија: 

Кафана Тарапана го прослави својот прв роденден! 

Една година исполнета со незаборавни моменти и уживање! Уникатно место за одлична забава, превкусна храна и загарантирано одлична атмосфера. После 1 година работа со над 100 забави, повеќе од 50 семејни прослави, дефинитивно станаа омилено место во градот на секоја генерација. Тарапана не е само обична кафана ова е кафана со душа во која се ужива во комбинација со вкусна храна и разновидна музичка програма.

Вчеравечер по повод една година постоење направија незаборавна роденденска забава. Како секогаш, и овој пат се потрудија на своите гости да им приредат повеќе од одлична забава. За атмосферата да биде вистинска "тарапана" се погрижија безвременскиот Дарко Филиповиќ и Dj Boban Nikolic.

Во продолжение погледнете дел од атмосферата:

Галерија: 

Нова жешка акција во реалното шоу „Задруга 2“: Бане и Зерина заборавија на камерите и се препуштија на страстите! (ВИДЕО)

„Задруга 2“ се повеќе личи на еротско реално шоу. Поради фактот што 24 часа учесниците се под видео надзор, што е и нормално, тие упорно бараат место каде ќе се сокријат и разменат пар нежности. Засега единствено место каде нема камери е туш кабината па ова е омилено место на паровите! Последни кои беа уловени на ова место беа Бане и Зерина...

Позната руска актерка физички нападна жена од публика, откако таа го спомна нејзинот син кој има Дунов синдром! (ВИДЕО)

Познатата руска актерка Евелина Бледанс физички нападна жена од публиката, откако на несоодветен начин го спомна нејзинот син кој има Дунов синдром.

Четириесетидеветгодишната актерка која го очекува своето трето дете, гостуваше во емисијата „Во живо“ и зборуваше за бременоста во постари години, а една жена во публиката и рече дека го загрозува зравјето на нејзиното неродено дете, бидејќи во тие години е опасно да се раѓа.

„Што ти е? Сакаш да родиш уште едно болно дете? Сакаш да имаш уште едно дете со Даунов синдром? На никој не му се потребни такви деца, ни тебе, ни на општеството“, рече Елена Лебедева, жената од публиката.

Актерката по оваа изјава, мирно стана, тргна кон неа и и удри шамар пред камерите.

„Ќе те искршам. Тоа е мое дете. За мене можеш да зборуваш што сакаш, но остави ги на мира моите деца“, рече актерката.

Најчитани

Твитови