Древен храм кој плени со својата мистичност: Ангкор Ват

Камбоџа е прекрасна држава во Југоисточна Азија, дом на магичниот храм наречен Ангкор Ват. Изградбата ја започнал кралот Сурјаварман II кој владеел од 1113 до околу 1150. Храмот е посветен на богот Вишну и е изграден како кралски државен храм.

Со прифаќањето на будизмот во 13 век, храмот станал будистички, со што хиндуистичката традиција престанала да има влијание и принципот на божествени кралеви престанал да постои. По 16 век, храмот бил запуштен, но никогаш не бил напуштен. Поради временските услови и ширењето на џунглите, храмот бил оштетен, но неговите канали му пружале соодветна заштита. Во овој период започнало да се употребува денепното име на храмот, Ангкор Ват, што во превод значи „градски храм“. Претходното име на храмот не е познато.

Во Европа, храмот не бил познат, сè до средината на 19. век, кога францускиот истражувач Анри Муо го открил храмот, патувајќи низ џунглите во Камбоџа. Наскоро, се утврдило дека Ангкор Ват не е единствен храм, туку дел од голем комплекс на храмови, изградени во периодот од 800 до 1200 година на површина од скоро 80 km2. Во својот патепис, Муо го споердува храмот со Соломоновиот храм и смета дека храмот е повеличествен од било кој храм од Античка Грција или Стар Рим.

На врвот од терасата се наоѓаат пет кули, кои се обликувани како лотосови цветови и кои ја симболизираат планината Мехру, домот на боговите. Камениот насип, кој е сместен меѓу двете поранешни библиотеки и церемонијални складишта за вода или вештачки езера, се простира сè до величествениот западен влез. До него се стигнува по влезниот пат, заграден со голем балустер, кој е изграден на широкито камен насип и поминува преку шанец широк 189 m и завршивува до просторот во форма на крст пред влезот.

Влезот се состои од три павиљони, при што секој од нив има кула, а низ него се стигнува до двор во кој има галерии во облик на крст со гробници во правец на првата тераса меѓу кулите, кои се наоѓаат во аглите. Галериите со гробници на средната тераса се прекинати со влезните павиљони и трикратните латерални бродови во облик на крст се поврзани со внатрешното светилиште. До средната кула, која е висока 66 m се стигнува по многу стрмни камени столбови.

Ангкор Ват е изграден од камени коцки, кои потоа биле резбани. Камените коцки биле брусени и биле поставувани една врз друга без оставање на простор. Резбани биле и камените кровови. Тие се во конвексен облик, а на стреата се малку налегнати на спротивната страна. Најголем дел од столбовите се со четириаголни капитоли, кои се проширени за да може безбедно да ја држат масата на архитравот.

Денеска е национален симбол, кој ги претставува кмерската култура и камбоџанскиот народ. Неговата слика се наоѓа на многу национални симболи, како што се националното знаме и банкнотата од 500 риели. И за време на владеењето на Црвените Кмери, златна силуета на храмот била дел од знамето на земјата.

Од 12 до 15 јули „Пивофест“ во Прилеп, кој се ќе настапи годинава?

Од 12 до 15 јули, Прилеп по 16. пат ќе биде домаќин на фестивалот на пивото и скарата – „Пивофест 2018“.

Дарко Манасијески од агенцијата „Ентфинити“, која што ќе ја преземе организацијата на годинешниот фестивал, на прес-конференција рече дека годинешната програма е прилагодена за сите посетители, независно од нивната возраст и музички афинитети.

Посетителите ќе можат да ги проследат настапите на познати музички имиња од Македонија и од странство, меѓу кои и на Жељко Јоксимовиќ, Шабан Шаулиќ, ди џеј Мозел, Ван Гог, Црвена Јабука, Кирил Џајковски, Милица Тодоровиќ, Џенан Лончаревиќ, Дарио, Тони Зен и други.

За „Пивофест 2018“ општината ќе потроши 2.5 милиона денари.

Инаку, паркирањето наместо досегашните 100 денари, оваа година ќе биде 50 денари за еден ден. И оваа година на Паркот на револуцијата ќе биде организирано кампување за посетителите од другите градови, за кои ќе бидат обезбедени топли напитоци и супа, а ЈКП „Комуналец“ ќе постави туш кабини.

Хорор: Докторка ги касапела гениталиите на мали девојчиња

Докторка од Мичиген е уапсена откако било откриено дека ги касапела гениталиите на девојчињата на возраст од шест до осум години.

44-годишната Џумана Нагарвала ако биде прогласена за виновна за обвиненијата, ја ќекаат пет години затвор.

Инаку, во САД во 1996. се носи закон со кој се забранува кастрирање на личности помлади од 18. години.

Дел од жртвите на докторката биле уценувани да молчат.

Користејќи го овој трик ќе добиете бели заби за само 180 секунди – сè е природно

Дали пушите? Пиете ли многу кафе или чај? Тогаш овие проблеми доволно ви се познати! Ви предлагаме едноставен рецепт, со оки вашата насмевка ќе блесне. 

Потребно ви е само:

1. Содабикарбона

2. Лимон

3. Помешајте ги овие состојки и истрјте ги забите. ПО 180 секунди, ќе се види резултатот!

Најчитани

Твитови