Мората жали што пребрзо се вратил на теренот по повредата

Напаѓачот на Челзи, Алваро Мората, жали за неговата одлука побрзо да се врати во игра по повреда на грбот, која ја доби во декември.

Шпанецот успешно ја започна својата кариера на „Стемфорд Бриџ“, со седум погодоци во првите осум натпревари за тимот.

– Се беше во ред, пред да се појават проблемите со грбот. Играв со голема болка и ќе беше подобро да запрам, но навистина сакав да играм со моите соиграчи, за клубот и навивачите. Сега тоа е во минатото. Мојата прва година во Челзи можеше да биде подобра, но има уште натпревари и можеме да го освоиме ФА Купот, вели Мората.

Тамара Тодевска го покажа трудничкото стомаче! (ФОТО)

Тамара Тодевска е активна трудница, изгледа одлично, па речиси и не налкикува дека скоро е влезена во седмиот месец од бременоста. Неодамна објави фотографија каде што го покажува своето трудничко стомаче, па слободно можеме да кажеме дека бременоста ѝ прилега доста.

Тајни кои ги кријат личностите родени во знакот Вага!

Вагите се познати по тоа што имаат високо развиени логички способности, па умеат правилно да расудуваат. Меѓутоа, во продолжение откријте некои работи кои се помалку познати за овие личности.

Вагите тежнеат кон долги и значајни врски

Ретко која личност родена во знакот Вага ќе се пронајде во кратките врски без смисла. Тие се спремни да бидат трпеливи и да ја чекаат вистинската личност.

Тие се особено внимателни

Вагите знаат многу повеќе отколку што покажуваат. Тие постојано го набљудуваат светот околу себе и си „прават белешки“ во својата глава за сето она што го гледаат.

Вагите умеат да бидат непредвидливи

Кога е во прашање Вагата, не постои секогаш баланс. Како воздушен знак, тие може да бидат непредвидливи. Во еден момент може да помислите дека целосно сте ги сфатиле овие личности, но веќе наредниот Вагата ќе направи нешто што не сте ни помислувале.

Најчитани

Твитови